Што да се каже, веќе видено. Дуел на слепиот и ќориот, веројатно прва утакмица годинава во која бевме подобар противник. Т.е. не дека ние бевме подобри, туку едноставно они повеќе грешеа во одбрана и со тоа имавме повеќе шанси. Два паса не сврзаа двете екипи. Тој е капацитетот, кога немаш напаѓач, кога немаш НИТУ ЕДЕН класичен крилен играч, ефектот е 0. Со Лука Трајковски и Деки Цветановски бевме поопасни во нападот, а Шушњара за овие беше Роналдо. Закариќ за во пензија, земал ми лобува таму. Дианеси се посрамоти и на тие неколку шанси што ги доби. Мизерна завршница.
Не вреди да се трошат зборови, Ѓуриќ и Мицевски беа океј, ми личеше дека и Дурански одигра подобра утакмица. Гача изгубен повторно.
Кога влезе Љама знаев дека ќе изгубиме, али мислев ќе ни ја стегне од слободен. Онаков гол да промиш во 90минута треба да си малоумен. Брда нареден трансфер во Новаци. Ко ќе ми текне дека некои очекуваа дека ќе газеле со Мицевски.
Тоа е, ќе се депресираме до наредна утакмица. Тогаш пак ќе се понадеваме малку и пак ќе изгубиме. Нека си фатат со време нека ја играат во Маџари, може ќе тепаме само со рогање и одење.
Каков распоред имаме на почеток на втора полусезона, мислам дека господ не не спасува од отпаѓање, ни со 20 нови играчи.
Историски најслаб старт на едно првенство.