Не се мирисаат Талески и Кире веќе подолго време, уште од кога играше во Вардар, тогаш нешто јако ја спукаа Вардарци против Кире.
Прво почна јавна војна со изјави на релација Борко - Кире, после следуваше Манасков, затоа веќе нема повик да добие додека е Кире селектор.
Ништо чудно и со Џомба да не се во сјајни односи, може и затоа се повлече од репрезентација.
Талески со Фарски беше закован на клупа и не доби ни минута, после кога гостуваше во еден подкаст индирекно го прозиваше селекторот.
Завршена приказна е Талески во репрезентација, барем додека е Кире селектор.
И остајте ги тие приказни не играл добро во Банфика, сигурно Михајло Младеновиќ од Алкалоид игра подобро од Талески...
Јасно како ден е дека одлуката не е само од спортски причини.
Не викам дека работата на Кире е лоша, си сака да има апсолутен авторитет врз играчите, има јасни ставови и систем на работа, нема кај него мешање приватни пријатели и професионална работа, на тој начин функционира и во Алкалоид и во репрезентација, затоа и со многу луѓе од ракомететниот свет имаше конфликти во изминативе неколку години.
Сега за сега неговата работа дава резултат, очигледно е дека има голем напредок кај многу играчи што се под негова палка, треба да се остави уште малку да ја тера приказната и мислам дека и во репрезентација за брзо ќе видиме добри резултати на некое големо натпреварување.