Затоа што сметам дека тој што прашува е копук?
Пума, не може човек да биде копук ако праша нешто, ниту човек да биде глуп ако одговори на прашањето. Што и да се прашањата и што и да се одговорите, тоа не може да биде на штета на никој, може само на двајцата да им биде од корист, да не дојде до ситуација години и години да потрошите во животот а потоа кога ке си кажете или работите сами ке се кажат, да утврдите дека вие не сте еден за друг или животот да помине во подговарање. Вака, јасно и гласно ставате до знаење што и како е, ако не се прифатите чао и пријатно а ако се прифатите тогаш нема подговарања за тоа што е на старт кажано јасно и гласно. И тоа го сваќаш. И сваќаш дека тука и не треба да се работи за тоа Лазар да те праша па ти да му одговориш или да му кажеш дека е ропак, туку се работи за тоа да настапиме искрено и самите да си кажеме кои и што сме а ако нешто плус го интересира партнерот а не сме го кажале треба да му одговориме. Друго ти е проблемот, и самата тоа го спомна, ти мислиш дека ако Лазар те праша дали си имала абортус или со кој си била, дека со тоа тој се обидува да го измери твојот ,,ороспилак,,, дека со тоа те осудува и ти морализира. Не, нема мерка која може да измери (твојот
се шег.) ,,ороспилак,, оти тој не се мери ни во метрички тони, не се работи ниту за тоа да ти морализирам или да те осудувам ниту се работи за твојата интима. Се работи за нашата иднина, се работи за тоа да не бидеме ,,изненадени,, откако сме преебале 5 години од животот, ако нешто од тоа што сум јас (значи и моето минато) не ти се допаѓа до степен да ради тоа не сакаш да бидеш со мене, чао, нит ороспилак, нит морализирање, нит осудување, дури може да бидеме и другари.
Сега се сетив на еден пријател, случка од пред десетина години. Иде човекот со девојка, година дена, и се јавува некаква потреба од операција на девојката, кила.. појма неам шо точно, и овој пријателов во својство на дечко ја расправал по болници триста чуда... непосредно пред извршување на операцијата, девојкава ја спрамале за операција, и да ја носат од собата каде што бил и фраерот, за во операциона сала, докторот и рекол ,,извади ја протезата и остави си ја овде, не смееш на операција со неа,,
, момава штрба, без заби на горна вилица...
дасот во шок, појма немал дека е штрба... Така да еден ден се излегува и се дознава, после оф леле ме остави мажот или ме остави жената...