Еве да ја разгледаме и финансиската искреност. И тоа е сензитивна тема но не удира толку во нервот. Значи, дали и колку сме спремни на партнерот да му ја претставиме вистинската наша состојба, независно од тоа дали е добра или лоша, и дали очекуваме искренос од страна на партнерот и тој да ни каже како стое финансиски. Да се изјаснеме како сме со трошењето, како очекуваме партнерот да е во трошењето, финасиски планови и сл. Ова од причина што имаме разни ситуации и проблеми кои се дешаваат баш од таа финансиска неискреност, од прифаќањето дека човек не се прашува за тоа колку заработува или колку должи, ако чепнеш на тоа ти си заостанат или не ти е битна љубовта... А луѓето се склони кон тоа да се фалат па се случува да кажуваат дека имаат и тоа што немаат а од друга страна воопшто не сакаат да кажуваат за нивните долгови, не сакаат да кажуваат дека се скржави и сакаат да се прикажат великодушни, не разговараат за тоа како ке бидат поставени работите финансиски... па најчесто ако врската била кратка и немало многу можност за симнување на тие маски, се случува во врската или бракот да дојде до сериозни проблеми па и разводи како резултат на таа финансиска неискреност... Пример она знае дека типот има куќа во која ке живеат а не знае дека таа куќа си носи хипотека од 200к евра кои треба да се плаќаат, или знае дека овој зема толку и толку плата оти работи таму и таму а не знае дека половината од тоа оди на кредити или други долгови, она знае дека овој има а не и е јасно дека е цинција, она мисли дека нешто е негово а тоа е на брат му и сестра му, она мисли дека буџетот ке е заеднички овој планира секој негов буџет, или сите пари кај мене, он ја зема оваа му крие дека е натрупана кредити, дека има обврски за издржување на родителите.... разни ситуации кои ако се скриени можат да направат пожар. Јас сум тука за потполна искреност, нема што да се крие ниту е непријатно да се зборува на таа тема, финансиски сум тој, со парите се однесувам така, очекувам тоа и тоа. Не се проблем долгови но треба да ги каже, не е проблем да немаш, проблем е да се правиш дека имаш, да правиш нереални проекции, да се однесуваш не во склад со вистинската финансиска состојба.
Е ова веќе е многу добро прашање.
За мојата лична финансиска состојба не лажам, немам ни што да скријам, но имам искуство каде што сум се изгорела гадно ИАКО со многу пазење, пак се заебав кај што не очекував. Од тоа искуство, сега немам “влакна на јазикот“ на оваа тема, ниту да прашам, ниту за себе да зборувам, што имам, што немам, кредит и не знам што.
Друго исто ептен добро прашање ти е местото на живеење, знам колку е застапено очекувањето мажот да обезбеди, иако и тоа се менува веќе подолго време. За мене е најлудо да земам да вложам пари во нешто што не е на мое/заедничко име, односно таа куќа, спрат, стан, што год, не гласи ниту на негово име, на пример.
И таа финансиска неискреност, посебно забушавање е нешто што ужасно ми смета, многу сум строга во плаќање на сметки, кредити и слично, прво тоа плаќам па со колку имам, со толку живеам, а и Ексел табела и копија од сите сметки чувам.
Е сега, овие навики од типот трошач, штедач, циција, нема поима кај тера (троши повеќе од што има), и слично, тоа однапред не можеш да знаеш затоа што никој кај себе тоа не го гледа како грешка, туку го гледа како нешто исправно, како начин на живот. Мене ме иритирало во животов лупање 300 евра на музика пример, во мои очи е тоа само курчење и ништо повеќе, ама во мои очи, во туѓи очи скроз океј е. Такви работи ме нервираат, ама тоа се работи што релативно брзо можеш да ги увидиш.
За мене прашање за плата не е некое чудно, невообичаено и слично, ама пак и тоа ќе зависи од контекстот на муабетот. Јас знам така од инат да кажам на некој што ми труби дека сака да си играме патријахално традиционално семејство, тогаш со цел да го навредам го прашувам дали заработува доволно да ме издржува и мене и деца, и да не сме ускратени. 10/10 не заработуваат толку, само кукумјавчат.
За останатото се согласувам со тебе, конкретно финансиска/должничка состојба, а уште повеќе имотно-правни ситуации дали се решени, се многу важни бидејќи ја афектираат и сегашноста и иднината. А исто така и навиките.
Знам дека луѓе лажат, ама ова ми е нешто што многу повеќе би копала него бившите негови, бидејќи бившите се бивши, а дали е тој недомаќин ми влијае и на денес и на утре.