Искрено или не за сопственото минато

Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.330
Поени од реакции
4.127
Ако стварно си женет, нема шо да се замараш со абортуси.
Ако не си, верувај најмал проблем е тоа тогаш. Заеби за "тогаш", мисли му ја за "сега".
,,сега,, со ,,тогаш,, е во нераскинлива врска, ние сме производ на ,,тогаш,,. За да некого запознаеш кој и што е сега, мора да го познаваш неговото ,,тогаш,,. Знам дека е утопија очекувањето некој да ти ја каже историјата (негативната), мораш сам да ја дознаеш, да ги составиш коцките од мозаикот.
 
Последно уредено:
Член од
17 септември 2022
Мислења
1.035
Поени од реакции
2.467
A ti ocekuvas sama da ti kazi?
Ke se iznacekas :D
mnogo si vlade neiskusen, neizzivean... da mislish deka dosetki ko " ti ja ebam zenata " na ovie godini kje trigernat nekogo e pateticno u najmala raka...

i te citaat ovde mladi ko ron i si vikaat braos i se sekiraat za padot na populacijata dodeka zivee ushte u detskata a mama go pere i rani...
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.833
Поени од реакции
23.193
mnogo si vlade neiskusen, neizzivean... da mislish deka dosetki ko " ti ja ebam zenata " na ovie godini kje trigernat nekogo e pateticno u najmala raka...

i te citaat ovde mladi ko ron i si vikaat braos i se sekiraat za padot na populacijata dodeka zivee ushte u detskata a mama go pere i rani...
Pa prvenstveno namenata mu e da te trigernat tebe da ti tekni kolkav proliv si i deka voopsto ne mi si interesen za diskusija pa vaka mi e soznam najprikladno i najlesno.
Ne sfati dosega?
P. S i ne se dosetki ;)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.733
Поени од реакции
8.748
,,сега,, со ,,тогаш,, е во нераскинлива врска, ние сме производ на ,,тогаш,,. За да некого запознаеш кој и што е сега, мора да го познаваш неговото ,,тогаш,,. Знам дека е утопија очекувањето некој да ти ја каже историјата (негативната), мораш сам да ја дознаеш, да ги составиш коцките од мозаикот.
Абе Оскар Вајлд вика - every saint has a past, and every sinner has a future.

Апсолутно има минатото врска и со сегашноста и со иднината, само ригидноста може да не' доведе во заблуда. Мислам дека порелаксиран однос (помалку морализирање) би донело повеќе искреност општо.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.330
Поени од реакции
4.127
Абе Оскар Вајлд вика - every saint has a past, and every sinner has a future.

Апсолутно има минатото врска и со сегашноста и со иднината, само ригидноста може да не' доведе во заблуда. Мислам дека порелаксиран однос (помалку морализирање) би донело повеќе искреност општо.
Види ваму, да не се правиме светци, секако дека во многу морализирање има и голема количина лицемерие. Секако не ни е изринат снегот од пред врата а зборуваме за снегот во дворот на соседот, а многу често го има и најтешкиот облик на лицемерие а тоа е кога некој ке го доведеме во ситуација да направи нешто а после ке му морализираме и ке го осудуваме.... но, во контекст на темава, моралот е битен а искреноста и те како произлегува од моралот...
Автоматски споено мислење:

и не е тука само искреноста за абортусот или сексуалното минато, некако заглавивме во нив. Има тука уште многу, многу што за битни работи, а се лаже и на банални работи...
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.773
Поени од реакции
2.913
Ја мислам најдобра опција да се избегне лош избор на жена( која имала бивши дечко и абортуси можда) е да не се ниту направи тој избор воопшто, т.е да не се жени, тој кој се плаши од такви жени. Зар не?
 
Можност за лош избор има секогаш, може да го преварт и нај вештиот во таа работа, но, фала му на законодавецот, можност за рекламација на оштетената роба имаш доживотно, се поднесува тужба за развод до надлежниот суд и ја враќаш робата.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.733
Поени од реакции
8.748
Види ваму, да не се правиме светци, секако дека во многу морализирање има и голема количина лицемерие. Секако не ни е изринат снегот од пред врата а зборуваме за снегот во дворот на соседот, а многу често го има и најтешкиот облик на лицемерие а тоа е кога некој ке го доведеме во ситуација да направи нешто а после ке му морализираме и ке го осудуваме.... но, во контекст на темава, моралот е битен а искреноста и те како произлегува од моралот...
Автоматски споено мислење:

и не е тука само искреноста за абортусот или сексуалното минато, некако заглавивме во нив. Има тука уште многу, многу што за битни работи, а се лаже и на банални работи...
Па може да дадеш некоја идеја, одбра баш сензитивна тема која никој (ни маж ни жена) не би седнал да ја муабети со некој што не го познава.
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.773
Поени од реакции
2.913
Можност за лош избор има секогаш, може да го преварт и нај вештиот во таа работа, но, фала му на законодавецот, можност за рекламација на оштетената роба имаш доживотно, се поднесува тужба за развод до надлежниот суд и ја враќаш робата.
Па затоа и реков, немаш потреба да се изложуваш на толку "голем ризик", и да си ствараш трауми, во случај да те лаже дека немала пред тебе дечко, или дека не абортирала, а после случајно оп.....

Да дознаеш од комшии дека имала дечко, или дека чуууувај Боже абортирала
( најстрашното нешто кое ти ствара комшмари навечер), па да мораш да се разведуваш после.

Не се жени и готово, и волкот сит и овците на број, бар нема да мораш да плаќаш административни такси за разводи. За твое добро де ти го давам советов. Аман па кој ти ставил, нож под грло да мораш да се жениш, ако имаш притисоци од роднини и родители. Ќе им се спротивставиш зашто сепак тоа е твој живот, не нивни. Ти одлучи да не ризикуваш. Зашто огромни се шансите чувај Боже да се "изгориш" од таква жена, неморална.

Еее тука во странство веќе не се ни женат, си живеат заедно и готово, парче хартија не им е битно на нив, тоа само кај нас во простотијата се опседнуваат со тоа мажени женети.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
Дали има нешто поубаво и поздраво во една врска, од двајца што ги доживуваат првите сексуални доживувања за прв пат меѓусебно, и немаат со кој да се споредуваат, немаат несигурност и некои вештачки комплекси?
Ah, the always elusive pursuit of a high што постои само за време на прв пат а после тоа недостижен и често фатален. Не може да имаш повеќе пати прв пат со некого, гониш змаеви, знаеш нели? :love:

Ајде, да кажеме дека се согласувам со тебе дека првиот пат е најкјут и најубаво, најздраво, најнај. Што потоа? Да престанеме со секс оти нема ништо најубаво потоа? Ако воопшто и ја имаш шансата да го имаш тоа а не едниот веќе да ја има изгубено невиноста. Сигурно мене или бившата да ја прашаш после сите тие години, врски, деца нема да биде одговорот “нашиот прв заеднички пат” за што е најанај у свет. Сеќавањата бледеат а животот продолжува со креирање нови.

Го романтизираш и евентизираш првиот пат и не може поради тоа да ти одговорам дека да, има нешто поубаво од тоа а тоа е секој следен секс од тогаш до сега? Ако збориме за секс, од каде што почна и муабетот. И кажи ми кој влага у прв пат без несигурности жити се? 17 годишњаци се преполни со комплекси и несигурности и првиот пат за многу е стресен а не нешто најубаво во тој момент. Што, само туторијалите ли ги играш во видеоигрите? Ај да не навлагаме во what ifs.

За мене никогаш не било битна “километражата” на некоја девојка бидејќи сум се чувствувал доволно сигурен дека можам самиот да проценам дали сме компатибилен пар или не, што всушност е и поентата на дејтањето. Напротив, секогаш сметав дека со искуството е поголем бенефитот бидејќи е полесно да се гледаш со некој што знае што сака и може да биде слободен и искрен пред тебе, во спротивно што е поентата воопшто, на сѐ? Љубомора е само нечија несигурност во себе, ништо повеќе.

Кинењето кое алармантно колку е посакувано на форумов од 35+ годишни “сервисери” :pos: како идеална… состојба за женење, не мислам дека носи многу работи на масата за една врска или брак да биде успешен колку и да е нај нај кјут. Дури е и хендикеп наспроти искуството односно the lack of оти може да му прифали на еден од двајцата и потфрли па да се расипе кјутнесот на таа совршена ноќ пред 20 години што ја имале кога за прв пат сексуално се доживеале или како и да го фрејзна. :p

Yass за женската еманципација girl.

Контра на нечии други ставови кои го викаат спротивното, во животот како стрејт машко битно е да имаш другарки. Од една се нашмркала со бело и направила тројка, друга отишла да работи во Грција на шанк и се исплескала со Гркот а во врска, до трета со Србин во Охрид каде што Кегеловите и помогнале да го воодушеви Србинот кој останал само со пофални зборови, до четврта која патентот за соблекување на фармерките и е на газот наместо од напред затоа што "не знаеш што ќе донесе вечерта", до петта која дечко и после дејтот ја остава во кафич да се "види со другарките" каде што ја чека швалерот. Нормално дека ништо од ова не е кажано на дечковците/сопрузите. Шансите дека ќе те излаже за минатото е обратен руски рулет каде играш со буренце со 5 места пополнети места со куршуми, а еден празен. Абе а и исчезнат сликите со цицките и газовите на социјалните мрежи знаеш дека си фатила дечко. А ти си викаш види калуѓерски слики во капут и шалови замотана и закопчана од глава до пети. Дифолтните сетинзи се дека ќе те излаже и/или ќе прикрие нешто од тебе. Сите оние I'm a strong independent woman, If you can't handle me at my worst you don't deserve me at my best, My body, my choice, сето тоа го снемува како жена во шпoнска чајџилница кога ќе ја плеснат нагоните за дете и брак.
10 години веќе збориме за овие работи и уште поентираш со If you can't handle me at my worst you don't deserve me at my best па финишираш со “ситење” на нивниот downfall кога ќе ги удриле нагоните за брак. Стави го барем Марла со цигарата скриншотот и финиширај го изгледот или некои работи не можат ни против времето? Ме потсеќаш на примерот со Јуда кој не го предал Је за неколку сребреници туку толку силно верувал што со предавството само сакал себично да убрзи чудо, за сите да видат дека е во право но само ја посведочиле големината на љубовта. Крусада за восхит Суси и твоето.

А супер почна постот.
Yass за женска еманципација!
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.330
Поени од реакции
4.127
Па може да дадеш некоја идеја, одбра баш сензитивна тема која никој (ни маж ни жена) не би седнал да ја муабети со некој што не го познава.
Еве да ја разгледаме и финансиската искреност. И тоа е сензитивна тема но не удира толку во нервот. Значи, дали и колку сме спремни на партнерот да му ја претставиме вистинската наша состојба, независно од тоа дали е добра или лоша, и дали очекуваме искренос од страна на партнерот и тој да ни каже како стое финансиски. Да се изјаснеме како сме со трошењето, како очекуваме партнерот да е во трошењето, финасиски планови и сл. Ова од причина што имаме разни ситуации и проблеми кои се дешаваат баш од таа финансиска неискреност, од прифаќањето дека човек не се прашува за тоа колку заработува или колку должи, ако чепнеш на тоа ти си заостанат или не ти е битна љубовта... А луѓето се склони кон тоа да се фалат па се случува да кажуваат дека имаат и тоа што немаат а од друга страна воопшто не сакаат да кажуваат за нивните долгови, не сакаат да кажуваат дека се скржави и сакаат да се прикажат великодушни, не разговараат за тоа како ке бидат поставени работите финансиски... па најчесто ако врската била кратка и немало многу можност за симнување на тие маски, се случува во врската или бракот да дојде до сериозни проблеми па и разводи како резултат на таа финансиска неискреност... Пример она знае дека типот има куќа во која ке живеат а не знае дека таа куќа си носи хипотека од 200к евра кои треба да се плаќаат, или знае дека овој зема толку и толку плата оти работи таму и таму а не знае дека половината од тоа оди на кредити или други долгови, она знае дека овој има а не и е јасно дека е цинција, она мисли дека нешто е негово а тоа е на брат му и сестра му, она мисли дека буџетот ке е заеднички овој планира секој негов буџет, или сите пари кај мене, он ја зема оваа му крие дека е натрупана кредити, дека има обврски за издржување на родителите.... разни ситуации кои ако се скриени можат да направат пожар. Јас сум тука за потполна искреност, нема што да се крие ниту е непријатно да се зборува на таа тема, финансиски сум тој, со парите се однесувам така, очекувам тоа и тоа. Не се проблем долгови но треба да ги каже, не е проблем да немаш, проблем е да се правиш дека имаш, да правиш нереални проекции, да се однесуваш не во склад со вистинската финансиска состојба.
 
Член од
2 април 2022
Мислења
52
Поени од реакции
235
Ah, the always elusive pursuit of a high што постои само за време на прв пат а после тоа недостижен и често фатален. Не може да имаш повеќе пати прв пат со некого, гониш змаеви, знаеш нели? :love:

Ајде, да кажеме дека се согласувам со тебе дека првиот пат е најкјут и најубаво, најздраво, најнај. Што потоа? Да престанеме со секс оти нема ништо најубаво потоа? Ако воопшто и ја имаш шансата да го имаш тоа а не едниот веќе да ја има изгубено невиноста. Сигурно мене или бившата да ја прашаш после сите тие години, врски, деца нема да биде одговорот “нашиот прв заеднички пат” за што е најанај у свет. Сеќавањата бледеат а животот продолжува со креирање нови.

Го романтизираш и евентизираш првиот пат и не може поради тоа да ти одговорам дека да, има нешто поубаво од тоа а тоа е секој следен секс од тогаш до сега? Ако збориме за секс, од каде што почна и муабетот. И кажи ми кој влага у прв пат без несигурности жити се? 17 годишњаци се преполни со комплекси и несигурности и првиот пат за многу е стресен а не нешто најубаво во тој момент. Што, само туторијалите ли ги играш во видеоигрите? Ај да не навлагаме во what ifs.

За мене никогаш не било битна “километражата” на некоја девојка бидејќи сум се чувствувал доволно сигурен дека можам самиот да проценам дали сме компатибилен пар или не, што всушност е и поентата на дејтањето. Напротив, секогаш сметав дека со искуството е поголем бенефитот бидејќи е полесно да се гледаш со некој што знае што сака и може да биде слободен и искрен пред тебе, во спротивно што е поентата воопшто, на сѐ? Љубомора е само нечија несигурност во себе, ништо повеќе.

Кинењето кое алармантно колку е посакувано на форумов од 35+ годишни “сервисери” :pos: како идеална… состојба за женење, не мислам дека носи многу работи на масата за една врска или брак да биде успешен колку и да е нај нај кјут. Дури е и хендикеп наспроти искуството односно the lack of оти може да му прифали на еден од двајцата и потфрли па да се расипе кјутнесот на таа совршена ноќ пред 20 години што ја имале кога за прв пат сексуално се доживеале или како и да го фрејзна. :p

Yass за женската еманципација girl.

10 години веќе збориме за овие работи и уште поентираш со If you can't handle me at my worst you don't deserve me at my best па финишираш со “ситење” на нивниот downfall кога ќе ги удриле нагоните за брак. Стави го барем Марла со цигарата скриншотот и финиширај го изгледот или некои работи не можат ни против времето? Ме потсеќаш на примерот со Јуда кој не го предал Је за неколку сребреници туку толку силно верувал што со предавството само сакал себично да убрзи чудо, за сите да видат дека е во право но само ја посведочиле големината на љубовта. Крусада за восхит Суси и твоето.

А супер почна постот.
Yass за женска еманципација!
За некој кој прашуваше за локацијата на клиторисот, имаше женска Божана и се ожени со втората шо ја залапал у живот па и немаш некое минато за споделување....
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.330
Поени од реакции
4.127
Па затоа и реков, немаш потреба да се изложуваш на толку "голем ризик", и да си ствараш трауми, во случај да те лаже дека немала пред тебе дечко, или дека не абортирала, а после случајно оп.....

Да дознаеш од комшии дека имала дечко, или дека чуууувај Боже абортирала
( најстрашното нешто кое ти ствара комшмари навечер), па да мораш да се разведуваш после.

Не се жени и готово, и волкот сит и овците на број, бар нема да мораш да плаќаш административни такси за разводи. За твое добро де ти го давам советов. Аман па кој ти ставил, нож под грло да мораш да се жениш, ако имаш притисоци од роднини и родители. Ќе им се спротивставиш зашто сепак тоа е твој живот, не нивни. Ти одлучи да не ризикуваш. Зашто огромни се шансите чувај Боже да се "изгориш" од таква жена, неморална.

Еее тука во странство веќе не се ни женат, си живеат заедно и готово, парче хартија не им е битно на нив, тоа само кај нас во простотијата се опседнуваат со тоа мажени женети.
:tapp:
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.110
Поени од реакции
30.178
Ајде, да кажеме дека се согласувам со тебе дека првиот пат е најкјут и најубаво, најздраво, најнај. Што потоа? Да престанеме со секс оти нема ништо најубаво потоа? Ако воопшто и ја имаш шансата да го имаш тоа а не едниот веќе да ја има изгубено невиноста. Сигурно мене или бившата да ја прашаш после сите тие години, врски, деца нема да биде одговорот “нашиот прв заеднички пат” за што е најанај у свет. Сеќавањата бледеат а животот продолжува со креирање нови.
Не знам како да разговарам со тебе бидејќи размислуваш за проблеми што не постојат, или па ти ќе ги измислиш :ROFLMAO:. Требало да бидеш физичар.

Што потоа? Ќе си имаш секс и понатаму со истиот човек дафак?
Или ете на некои им одговара отворени бракови чуда, од кај да знам, можат и дилдо од кајгана шоп да си купат ако сакаат.
Статистиката стои на моја страна, оние бракови каде брачните другари имаат најмалку сексуални партнери се најдолготрајни. Зошто? Бидејќи секс е интимно поврзување, особено за жените.

Немам коментар за 35+ годишњаците, вајда свесни се дека мислам на неискусно машко и неискусно женско во слична возраст. 35 годишњак нема ништо заедничко со млада жена родена после 2007ма, мислам свашта, таа Тоше Проески не го знае.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.733
Поени од реакции
8.748
Еве да ја разгледаме и финансиската искреност. И тоа е сензитивна тема но не удира толку во нервот. Значи, дали и колку сме спремни на партнерот да му ја претставиме вистинската наша состојба, независно од тоа дали е добра или лоша, и дали очекуваме искренос од страна на партнерот и тој да ни каже како стое финансиски. Да се изјаснеме како сме со трошењето, како очекуваме партнерот да е во трошењето, финасиски планови и сл. Ова од причина што имаме разни ситуации и проблеми кои се дешаваат баш од таа финансиска неискреност, од прифаќањето дека човек не се прашува за тоа колку заработува или колку должи, ако чепнеш на тоа ти си заостанат или не ти е битна љубовта... А луѓето се склони кон тоа да се фалат па се случува да кажуваат дека имаат и тоа што немаат а од друга страна воопшто не сакаат да кажуваат за нивните долгови, не сакаат да кажуваат дека се скржави и сакаат да се прикажат великодушни, не разговараат за тоа како ке бидат поставени работите финансиски... па најчесто ако врската била кратка и немало многу можност за симнување на тие маски, се случува во врската или бракот да дојде до сериозни проблеми па и разводи како резултат на таа финансиска неискреност... Пример она знае дека типот има куќа во која ке живеат а не знае дека таа куќа си носи хипотека од 200к евра кои треба да се плаќаат, или знае дека овој зема толку и толку плата оти работи таму и таму а не знае дека половината од тоа оди на кредити или други долгови, она знае дека овој има а не и е јасно дека е цинција, она мисли дека нешто е негово а тоа е на брат му и сестра му, она мисли дека буџетот ке е заеднички овој планира секој негов буџет, или сите пари кај мене, он ја зема оваа му крие дека е натрупана кредити, дека има обврски за издржување на родителите.... разни ситуации кои ако се скриени можат да направат пожар. Јас сум тука за потполна искреност, нема што да се крие ниту е непријатно да се зборува на таа тема, финансиски сум тој, со парите се однесувам така, очекувам тоа и тоа. Не се проблем долгови но треба да ги каже, не е проблем да немаш, проблем е да се правиш дека имаш, да правиш нереални проекции, да се однесуваш не во склад со вистинската финансиска состојба.
Е ова веќе е многу добро прашање.

За мојата лична финансиска состојба не лажам, немам ни што да скријам, но имам искуство каде што сум се изгорела гадно ИАКО со многу пазење, пак се заебав кај што не очекував. Од тоа искуство, сега немам “влакна на јазикот“ на оваа тема, ниту да прашам, ниту за себе да зборувам, што имам, што немам, кредит и не знам што.
Друго исто ептен добро прашање ти е местото на живеење, знам колку е застапено очекувањето мажот да обезбеди, иако и тоа се менува веќе подолго време. За мене е најлудо да земам да вложам пари во нешто што не е на мое/заедничко име, односно таа куќа, спрат, стан, што год, не гласи ниту на негово име, на пример.

И таа финансиска неискреност, посебно забушавање е нешто што ужасно ми смета, многу сум строга во плаќање на сметки, кредити и слично, прво тоа плаќам па со колку имам, со толку живеам, а и Ексел табела и копија од сите сметки чувам.

Е сега, овие навики од типот трошач, штедач, циција, нема поима кај тера (троши повеќе од што има), и слично, тоа однапред не можеш да знаеш затоа што никој кај себе тоа не го гледа како грешка, туку го гледа како нешто исправно, како начин на живот. Мене ме иритирало во животов лупање 300 евра на музика пример, во мои очи е тоа само курчење и ништо повеќе, ама во мои очи, во туѓи очи скроз океј е. Такви работи ме нервираат, ама тоа се работи што релативно брзо можеш да ги увидиш.

За мене прашање за плата не е некое чудно, невообичаено и слично, ама пак и тоа ќе зависи од контекстот на муабетот. Јас знам така од инат да кажам на некој што ми труби дека сака да си играме патријахално традиционално семејство, тогаш со цел да го навредам го прашувам дали заработува доволно да ме издржува и мене и деца, и да не сме ускратени. 10/10 не заработуваат толку, само кукумјавчат.

За останатото се согласувам со тебе, конкретно финансиска/должничка состојба, а уште повеќе имотно-правни ситуации дали се решени, се многу важни бидејќи ја афектираат и сегашноста и иднината. А исто така и навиките.

Знам дека луѓе лажат, ама ова ми е нешто што многу повеќе би копала него бившите негови, бидејќи бившите се бивши, а дали е тој недомаќин ми влијае и на денес и на утре.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom