Ако може за мене една анализа од Ангелче...
Нормаљно.
Баш си луда за љубов.
Додека сите градат некој ироничен стил само за да можат да парадираат и потценуваат,ти го градиш својот стил на нешто отворено и искрено - љубов.
Таа е твој животен елан,инспирација,стил- нешто преку кое сите те препознаваат во таа мера,што ти буквално асоцираш на љубов.
Понекогаш не те разбирам. Ама редовно те читам.
Верувам и многу други не можат да те разберат. Но сепак те читаат.
Не можам да разберам од каде тој позитивен пристап кој љубовта. Те мачи,те повредува,одново заведува и ти никогаш не си надвор од нејзините канџи. Секогаш и кога треба да одбериш пат по кој да одиш,ти го слушаш срцето. Очајно се бориш да не ја слушаш вечната дискусија на разумот и она што ти секогаш бираш да те води-срцето.
Мора да има некоја сила во тебе. Не кинетичка...не еластична...веројатно сила на истрајност. Со таа сила ги поминуваш сите фази на љубовта кои ти добро ги знаеш. Со неа ја сретнуваш,трпиш,љубиш,проучуваш,испраќаш секоја нова љубов во твојот живот и згора на тоа и да нема розов крај ти пак успеваш да си позитивна.
Хех,не мора да ми кажуваш,веќе знам дека веруваш во сродни души и вистинска љубов.
Знам,знам. На сите ни е добро познато дека сметаш дека Земјата ротира поради љубов и дека постои гравитација само колку да не лебдат луѓето во воздух додека се бакнуваат. Љубовта ти е наука и ти ја проучуваш,тоа е твоја професија. Да љубиш,да ги објаснуваш конфликтите меѓу мажите и жените,да бидеш сакана...љубиш и светот ти е на дланка :smir:
Позитивното,оптимизмот и ентузијазмот во тебе никогаш не гаснат. Градиш кула од карти...и и да ти се сруши,нема гајле,ти пак (пак!) ќе почниш од нула. Овер енд овер аген.
Чудесија.Позитивизам во движење.Машала.
Фантом-ориѓанецо.
- Да си го вратиш аватарот со лавот кај шо џвака сместа!
Физички познат: по тоа косите,бесни,небесни.
Физички непознат: по тоа косето што го имаш сега. Просто си гологлав,да ти кажам искрено.
ај ако,лето е.
-Ај сеа да те психолизираме:
Љубовно активен само преку тргањето црти и водењето туѓа сметка на темата каде сите си водат евиденција колку им се кренал или спуштил....Притисокот де!
П.С Љубовната активност не ги вклучува евентуалните шпекулации за можна врска со Тони-Интер!
Не си емотивно ни растроен,ни настроен, така да човек ретко т.е никогаш не те среќава во теми каде што се бара да се опишат хемиските реакции во мозочните клетки на луѓето.
Не е тоа за мене - редовно си велиш.
Како и сите твои врсници ( од машки род ) се интересираш за топката и тоа е јасно застапена пасија кај тебе.
Ако зборуваме отворено,ти ги опари кладилниците,најгледана програма на телевизија ти е телетекст и фабриката на Ариел видно го зголеми профитирањето оти мајка ти се скина перење дресови.
Како личност,најочигледна особина ти е смислата за хумор.
Со тебе мајтапи,пукање сеири,реметења можи до бескрај.
Неретко оставаш шега на твоја сметка,дури и во неа придонесуваш.
За разлика од порано кога киснеше во Играчница и Чек дис аут,сега човек може да те сретни и во други подфоруми.
Тоа е знак дека созревање и градење став се на повидок.
Аватарите секогаш ја откриваат твојата детска страна и хуморот,судејќи по тоа што секогаш се со видео-анимација и смешна содржина.
Како личност не даваш информации за твојата приватност за да може човек да ти се занимава со чашитлуци,а инаку тоа е дозволено со се друго.
Од мене толку,од Госпо поќе!