Ама и ти не си озбилен со прашањава, у 2024 и капитализам бараш фер?
Се спомнаа неколку пати дипломи од факс тука, освен ако не си правник, или доктор, сметам дека ти е непотребен лист и потрошени години и време.
Една разлика што никако да се спомне тука е, ти ако си касиер во КАМ и зимаш 40.0000 тоа ти е плафонот тебе, и од тука нагоре идеш само ако се молиш на господ.
А, како доктор немаш граница, имаш милион студии, специјализации каде што можеш да напредуваш и да зимаш по 10, 20 илјади евра на месечно ниво.
Така што исто е, ама не е. А, ако тој во маркет зема поголема плата од некој доктор, тогаш докторот треба да се праша што има згрешено за да биде во таква ситуација. Го тргам на страна фактот што повеќето кога ќе излезат од факултет работат на минималец, во секоја профеција почнуваш горе доле на минималецот.