НЕ ПОСТОИ ДОБАР РАЗВОД

Дали разведен/разведена е титула или пораз?

  • Титула

    Гласови: 2 5,4%
  • Пораз

    Гласови: 23 62,2%
  • Зависи ( објасни )

    Гласови: 13 35,1%

  • Вкупно гласачи
    37
  • Гласањето е завршено на .

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
2.076
....мајката мора девет месеци да носи уште еден живот во неа (повторувајќи се два, три пати во животот) кој расте и има потреби наштетувајќи на општото здравје за мајката додека не излезе од неа, а сето тоа го плаќа со секој месец крварење со сите попратни нелагодности, а мажот како посилен пол не ги трпи тие ,,маки" !
Го виде прашањето на кое одговорив?
Автоматски споено мислење:

А ако се атеисти или едниот....
Без Светата Црква ништо не правиш...
Традицијата на светиот брак како што ја разбираме денес – конкретно, религиозниот сакрамент и духовниот сојуз – потекнува од раното христијанство. Ако некој е атеист, не мора да влегува во брак, тоа е христијански обичај.
Можно е да има повеќе "кретенци" што се во брак, него ли што не се во брак...
Кога ќе колабира пензискиот систем, ќе видиш зошто реков кретенци.
 
Последно уредено:

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.773
Поени од реакции
2.913
Е како може да не постои Добар развод, кога сите лоши бракови завршуваат со добар развод, сигурно не со лош. Леле темиве :tapp::icon_lol:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.934
Поени од реакции
12.331
Ја само кажав каква е ситуацијата во делот од светот каде што живеам и каде што тежнеам да живеам. Тие технократии ИСИСовски што ги посакуваш пошто си незнам, “традицоналист” нели, прво треба да ги ценат животите на сите поеднакво а не да биде средновековен патријахат. Да, знам, дека сонуваш за таков систем и во земјата во која што живееш, ама за твоја жал а наша среќа, никогаш нема да биде тоа тука.

Батали ја темава ако немаш искуство, држи се до глобална политика врз база на туѓи твитови и википедии, таму сте најјаки со рестото багра.
Бреееј, и сништа си знаел да читаш, кој би рекол.

Не се секирај, за твоја несреќа, а и за моја лично, бидејќи и јас сум секуларист, што говори колку навистина знаеш кој што сонува, доколку биде така како што ти си замислуваш и бракот биде укинат како институција, понатамошниот пад на наталитетот низ Европа и северна Америка ќе си го направи своето и средновековните таканаречени традиционалисти - ти ги нарече така, не ги нареков јас - на овие простори ќе ги пречека мртво општество, наспроти сегашното болно но сеуште не на смртна постела општество.

Воопшто ниту ми смета, ниту се замарам со брачната состојба на денешните генерации или со стапките на наталитетот и морталитетот, секое општество си има свои подеми и падови, некои привремени и излечиви, а некои трајни и фатални.

Но стојам на мојот став дека тие кои планираат да влегуваат во брачна заедница треба убаво да размислат со здрав ум и разум пред да одлучат дали ќе стапат во таква заедница, а истото треба да важи и за тие кои планираат да раскинат брачна заедница, односно развод.

Имав соученик во средно кој беше син на разведени родители и не можеше да помине ден без да направи глупост бидејќи му беше смачено и од живот и од се` што животот носи со себеси, а повеќе пиеше пиво и вино отколку вода. Ако за некого би се кладеле пред повеќе од 20 години на матурска прослава дека ќе биде пропаднат случај, тоа ќе беше тој, но животот е полн со изненадувања, ај што смени повеќе работни места додека да си најде добро платена работа, па се ожени и неодамна му се роди и трето дете, туку и тотално понормален и поздрав е денес отколку што беше во средно.

Друга момичка па се муваше со дилер на дрога, овој ја забремени и се венчаа. Дали и` дојавија однапред дека ќе го апсат, па на време го остави и се разведе од него, не знам, но помнам дека кога го затворија неговата сега веќе поранешна госпоѓа организираше прослава по повод неговото заминување на платен одмор на сметка на државата во Идризово. За среќа на девојчето кое го роди имаше помалку од 2 години кога овој замина позади затворски решетки, па девојчето беше поштедено од непотребни трауми.

И безброј други примери ги имам, а сите ја повторуваат истата поука: во брак и во развод никогаш без здрав ум и разум.

Се слагам со тебе во повеќе мислења.

Работата со бракот е поднесување заклетва:

Ветувам дека ќе стојам покрај тебе, ќе те поддржувам кога ќе бидеш во искушение и ќе ја делам твојата радост и твоите тага. Ќе те сакам и почитувам, со верност и посветеност, во добри и лоши времиња, без оглед на сите предизвици што ќе ги сретнеме заедно.

Ветувам дека ќе бидам твој најголем поддржувач и најблизок пријател. Ќе се радувам со тебе, ќе плачам со тебе, ќе растеме заедно во верата и ќе создадеме живот исполнет со љубов и радост.

Денес, ти го давам моето срце и мојата љубов, од овој ден па натаму, за сите денови на нашиот заеднички живот, пред Бог и нашата Света Црква.

Ако било кој не е спремен, нека не стапува во брак, нека седат ко кретенци.
Ова ти се веќе брачни завети какви што ги даваат западњаците на нивните венчавки, јас тука во Македонија не сум начекал ништо вакво на македонска венчавка.

Точно е тоа дека бракот денес е сведен на обично парче хартија, и тоа би било во ред кога истото би важело и за разводот, но не е така.

Затоа во брачна заедница мора да се стапи со здрав ум и разум, а истото важи и за развод. Некои парови не се создадени за брачна заедница, други парови не се создадени за развод. Здравиот ум и разум е клучен пред донесувањето на било каква важна животна одлука која можеби ќе те следи до крајот на животот.

Секако дека и кога ќе донесеш одлука при здрав ум и разум животот сепак може да ти приреди неубави изненадувања.

Имам роднина кој навидум беше среќно женет со две ќерки и син, додека не почина татко му, па на потешкиот начин ја откри мајката на неговите деца како ја малтретира мајка му негова. Кутрата мајка негова не сакала да му го растура бракот, па си трпела и си ќутела веројатно со години откако почина татко му, додека роднинава не ја начека дома и со свои очи ја откри. Не само што ја испрати од дома на клоци истата таа која му ги роди децата, туку и намерно напушти работно место во фирма во која беше вработен со решение, односно со договор на неопределено, за оваа да не може да му бара алиментација, бидејќи ако не е редовно вработен и ако нема имот на негово име, таа не може ништо да му одземе ниту преку суд, ниту преку извршители. Кога мајка му почина и роднинава ги наследи куќата, нивата и други работи, децата беа веќе пораснати, со исклучок на синот кој сега пред некоја година наполни 18 години, а таа која се обиде да го задуши со извршители и со судски пресуди на крајот си остана со прстот во уста. Децата секогаш се добредојдени кај него дома, но секако дека таа не ги пушташе додека беа малолетни, а на синот му го одземаше мобилниот телефон кој роднинава му го купи за да комуницираат барем телефонски ако веќе не му дозволува да оди да го види сопствениот татко. Но не и` траеше инаетот долго време, ќерките пораснаа, почнаа да беснеат и да излегуваат со секакви идиоти, па поранешнава госпоѓа негова на крајот почна да го моли роднинава за помош бидејќи не можела да излезе на крај со нив.

Тркалата на животот постојано се вртат, никогаш не знаеме во кој правец ќе не` однесат.
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.853
Поени од реакции
8.398
....мајката мора девет месеци да носи уште еден живот во неа (повторувајќи се два, три пати во животот) кој расте и има потреби наштетувајќи на општото здравје за мајката додека не излезе од неа, а сето тоа го плаќа со секој месец крварење со сите попратни нелагодности, а мажот како посилен пол не ги трпи тие ,,маки" !
Бременоста не е болест! Постов е типичен пример за манипулација.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.421
Поени од реакции
11.240
Еве 3 примери што мажите треба да ги прифатат, а не се исти со жените.
  1. Воена обврска: Во многу земји, мажите се обврзани на задолжителна воена служба, додека жените не се обврзани или имаат ограничени барања (на пр., САД, Израел).
  2. Закони за старателство: Во некои земји, законите за старателство сè уште ги фаворизираат мајките над татковците кога станува збор за малолетни деца, иако ова се развива во земји како САД, каде што судовите се стремат кон родова неутралност.
  3. Возраст за пензионирање: Во некои земји, возраста за пензионирање е пониска за жени отколку за мажи. На пример, до неодамна, многу европски земји имаа различни возрасти за пензионирање за мажи и жени, иако ова постепено се изедначува во ЕУ.
Ова е фаворизација на жените. После феминизмов, јас би да се укинат овие, нели еднаквост.
Фаворизација на жените или дискриминација кога се во прашање процесите на унапредување и вработување, помала заработка и сл. Затоа што има многу работи кои се правно регулирани со закон, но не се во реалноста. Зависи како сакаш да гледаш на тоа прашање. Па дури и во САД има дискриминирачки политики од типот на забрана на правото на абортус. Значи телесна автономија човече. А и има многу такви култури и ден денеска во кои жените се индоктринирани дека се помалку вредни од мажите.

Го имам многу тупено на темава, ама ако јас како жена живеам убав живот таму каде што сум и уживам некои права, не значи дека јас сум репрезентативен примерок за жените низ цел свет.

За да ја спуштам топката малце, затоа што знам дека може да покренам лавина коментари кои ќе покренат веќе водени дискусии, сакам да ти кажам дека поентата на феминизмот е отфрлање на оние традиционални сфаќања за мажите и жените, што секако позитивно има влијание и на двата пола. Значи не зборам за ултра мега гига екстремната страна на феминизмот, туку за онаа разумната која посекако дека би го направила светов подобро место за живеење.
 
САД ми е многу познато, процеси за унапредување и вработување, помала заработка тоа е чиста лага (Equal Pay Act 1963та). Имав колешки што правеа повеќе на саат од мене ама никогаш не остануваат за прекувремено, јас кога имаше проблеми останував прекувремено и "заработував" повеќе од нив. Сега сум и над нив затоа што не си одев дома кога ќе откуцаше саатот 5 PM, туку седев дури не се реши проблемот. Дури и шефицата ми викаше повеќе жени да земам во отсек, така да можам да речам од мое долгогодишно искуство, секоја предност ја имале жените.

За абортус, според некој е телесна автономија, според некој е убиство на бебенце. Кој е во право, бог знае и бог ќе им суди на крај. Јас знам дека маж нема никакво право во абортусот, тоа е примат на жените, мажи не се прашуваат воопшто, што според мене е оргомен проблем, бебиња не се прават рандом, двајца се потребни за тоа. Ако мажот сака да го има бебето, жената вика не, и го убива бебето. Каде е правото на мажите тука? Исто и со про-абортус мажите, ако жената сака да го има, а мажот неќе, пак е по избор на жената.
Го имам многу тупено на темава, ама ако јас како жена живеам убав живот таму каде што сум и уживам некои права, не значи дека јас сум репрезентативен примерок за жените низ цел свет.
Би рекол мажите имаат полошо исткуство, али жена не можи да перципира тоа, на пример какви привилегии имаат мажите во Украина моментално, од 16 до 60 години не смеат да излезат од Украина и треба да изигруваат топовско месо на Руска цел, додека женчината се корзираат и шират ножиња низ Европа.
За да ја спуштам топката малце, затоа што знам дека може да покренам лавина коментари кои ќе покренат веќе водени дискусии, сакам да ти кажам дека поентата на феминизмот е отфрлање на оние традиционални сфаќања за мажите и жените, што секако позитивно има влијание и на двата пола. Значи не зборам за ултра мега гига екстремната страна на феминизмот, туку за онаа разумната која посекако дека би го направила светов подобро место за живеење.
Феминизмот требаше да заврши со прв бран, се после тоа е желба на аладинска ламба.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.499
Поени од реакции
37.332
Еве 3 примери што мажите треба да ги прифатат, а не се исти со жените.
  1. Воена обврска: Во многу земји, мажите се обврзани на задолжителна воена служба, додека жените не се обврзани или имаат ограничени барања (на пр., САД, Израел).
  2. Закони за старателство: Во некои земји, законите за старателство сè уште ги фаворизираат мајките над татковците кога станува збор за малолетни деца, иако ова се развива во земји како САД, каде што судовите се стремат кон родова неутралност.
  3. Возраст за пензионирање: Во некои земји, возраста за пензионирање е пониска за жени отколку за мажи. На пример, до неодамна, многу европски земји имаа различни возрасти за пензионирање за мажи и жени, иако ова постепено се изедначува во ЕУ.
Ова е фаворизација на жените. После феминизмов, јас би да се укинат овие, нели еднаквост.
....мајката мора девет месеци да носи уште еден живот во неа (повторувајќи се два, три пати во животот) кој расте и има потреби наштетувајќи на општото здравје за мајката додека не излезе од неа, а сето тоа го плаќа со секој месец крварење со сите попратни нелагодности, а мажот како посилен пол не ги трпи тие ,,маки" !
Бременоста не е болест! Постов е типичен пример за манипулација.
...демек, воениот рок, старателството и возраста за пензионирање со што се разликува мажите од жените во задолжително, а жените се привилегирани, се болести?

...членот напиша дека мажите споредбено од жените кои имале избор, пишано од него како ,,шах", а јас возвратив дека целоживотната мака на жената за што мажот е привилегиран дека е неспоредливо со неговите примери, како мој ,,мат" одговор!
 
Последно уредено:

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
2.076
...демек, воениот рок, старателството и возраста за пензионирање со што се разликува мажите од жените во задолжително, а жените се привилегирани, се болести?
Како поминуваат мажите во Украина споредбено со жените? Ајде не изигрувај идиот.
...членот напиша дека мажите споредбено од жените кои имале избор, пишано од него како ,,шах", а јас возвратив дека целоживотната мака на жената за што мажот е привилегиран дека е неспоредливо со неговите примери, како мој ,,мат" одговор!
Можи да одговориш на прашањето што ти го поставив шахисту?

Еве да те потсетам:
Го виде прашањето на кое одговорив?
 
парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.785
Поени од реакции
21.318
@YuZe брат не се губи.
Брак потекнуе од рано Христијанстфо?
И што подразбиираш под сфетиот брак?
Брак е брак, какфи сфети работе мешаш ск.

У други цивилизацие,расе,религие,не е имало брак? Мора у цркфу?
Сакаш да каеш други религие немаф правилан брак зшто не су венчани у цркфу?

За да иам успешан брак,не ми треа да ми чати поп што копа на вино и фрља ефтини форе и лапа преко 200 евра за да ми даде некој си благослоф.Довољно е у матично.

Знам ја неколко "сфети" бракови праени у цркфу сс сфи завети и салтанати и на крај завршисфа сс неверстфо и развод.

Врску нема брак сс веру.
Ако се сакаф и поштуеф људи,не е битно коју веру и нацију су.Сфи делимо исто слн'це и деенка.

Глеам ја Јузе роден у Гоа Индију,прво нешто што ке му текне кд ке се вери,е да тражи у коју цркфу ке се венча.
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
2.076
@YuZe брат не се губи.
Брак потекнуе од рано Христијанстфо?
И што подразбиираш под сфетиот брак?
Брак е брак, какфи сфети работа мешаш ск.

У други цивилизацие,расе,религие,не е имало брак? Мора у цркфу?
Сакаш да каеш други религие немаф правилан брак зшто не су венчани у цркфу?

За да иам успешан брак,не ми треа да ми чати поп што копа на вино и фрља ефтини форе и лапа преко 200 евра за да ми даде некој си благослоф.Довољно е у матично.

Знам ја неколко "сфети" бракови праени у цркфу сс сфи завети и салтанати и на крај завршисфа сс неверстфо и развод.

Врску нема брак сс веру.
Ако се сакаф и поштуеф људи,не е битно коју веру и нацију су.Сфи делимо исто слн'це и деенка.

Глеам ја Јузе роден у Гоа Индију,прво нешто што ке му текне кд ке се вери,е да тражи у коју цркфу ке се венча.
Според она што сум го прочитал, бракот како форма што ја практикуваме денес е пред се христијански обичај. Пред тоа постоеле слични социјални договори и партнерства, но бракот во својата современа форма е религиозна институција. Затоа немам проблем хомосексуалците да бидат признати како партнери и да имаат исти или слични законски права како оние во брак, но не со користење на терминот ‘брак’. Бракот е религиозна институција што традиционално се однесува на заедница помеѓу маж и жена.

Ова е мое лично мислење, засновано на моите истражувања и погледи кон светот.

И за тоа сум размислувал, сопругата ми е католик, но се венчавме во православна црква.
 
Ок,фер инаф.

Ама да си стфорите сфоју разумну слику,треа да прочитате обичаи од различни културе и цивилизацие,а не да мислите дека само тој што е ваше е правилно и вистинско.
Тој ме наише нервира куде сфи,родиф се на некое место и оп, тој место е библиско,чоузенван пипл,сфе друго е ерес,бла бла.

Бракови,венчање,круне и прстени су постојале у најразлични племиња,помали и поголеми цивилизацие и културе.Маи,Викинзи,Египќани,давање завет,потпис.Не е тој од рано Христијанстфо.

Религија има двоен ефект.
Јес да не апдејтира и усоврши да бидемо тој што смо,едно современо општестфо.Ама па од другу страну не подели на ваши и наши и се дешава судар на религие и културе и ке си извадимо очи меѓу себе за некое си верување у недокажано.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.421
Поени од реакции
11.240
САД ми е многу познато, процеси за унапредување и вработување, помала заработка тоа е чиста лага (Equal Pay Act 1963та). Имав колешки што правеа повеќе на саат од мене ама никогаш не остануваат за прекувремено, јас кога имаше проблеми останував прекувремено и "заработував" повеќе од нив. Сега сум и над нив затоа што не си одев дома кога ќе откуцаше саатот 5 PM, туку седев дури не се реши проблемот. Дури и шефицата ми викаше повеќе жени да земам во отсек, така да можам да речам од мое долгогодишно искуство, секоја предност ја имале жените.
Ова е само перспектива заснована на твое лично искуство. Искуствата може многу да варираат. Еве во 2024 година во делови од Авганистан имаш сеуште ограничување по прашање на образование на девојчиња и слобода на движење и изразување на жените. Во Саудиска Арабија, жените сеуште мора да бараат "дозвола" од нивните машки старатели за многу активности. Јемен, има една од највисоките стапки на детски бракови, со дури 32% девојчиња кои се венчале пред 18 годишна возраст. Учестовото на жените во работната сила на Индија, според Светската Банка, во 2021 година изнесува само 23%, во Египет околу 22%.

И сега ти може ќе речеш тоа се екстремно уназадени земји на планетава и не се достојни за дискусија. Молам? Зошто? Овие примери ја ислустрираат тековната борба на жените за своите права. Ова што го гледаш во 2024 година, се случувало и на просторите на Европа до скоро врмее.

За абортус, според некој е телесна автономија, според некој е убиство на бебенце. Кој е во право, бог знае и бог ќе им суди на крај. Јас знам дека маж нема никакво право во абортусот, тоа е примат на жените, мажи не се прашуваат воопшто, што според мене е оргомен проблем, бебиња не се прават рандом, двајца се потребни за тоа. Ако мажот сака да го има бебето, жената вика не, и го убива бебето. Каде е правото на мажите тука? Исто и со про-абортус мажите, ако жената сака да го има, а мажот неќе, пак е по избор на жената.
Телесна автономија е кога бременоста значително влијае на здравјето, иднината и животните избори на жената. Што се однесува до делот кај што и мажите имаат право на збор, вистина е дека и двајцата партнери придонесуваат за зачнувањето дете и имаш и такви жени кои се поинклузивни кога станува збор за ова прашање, па сметаат дека и мажите имаат право на лични чувства и мислење кога е во прашање абортус. Но, на крајот дали мажот треба да се вклучи во донесувањето на конечната одлуката или не, зависи првенствено од жената, пред се поради нејзината физичка инволвираност во сето тоа и потенцијалните ризици по здравјето и нејзината лична иднина. Затоа секогаш е пожелна отворена комуникација меѓу партнерите за личните желби и прашања поврзани со иднината. И двајцата партнери треба се слушнати и почитувани во дискусиите за бременост и планирање на семејство пред да дојде до бременост.

Би рекол мажите имаат полошо исткуство, али жена не можи да перципира тоа, на пример какви привилегии имаат мажите во Украина моментално, од 16 до 60 години не смеат да излезат од Украина и треба да изигруваат топовско месо на Руска цел, додека женчината се корзираат и шират ножиња низ Европа.
Можеби жените имаат привилегија да заминат, но не може да кажеш дека не се соочуваат со предизвици кога е во прашање војната. Не е лесно да се селиш од еден на друг крај на светот, а многу од нив се соочуваат и со уште потешки предизвици, како што е распад на семејството, и живеење во екстремно тешки услови за живот. Војната не е убава за никого, и двата пола се соочуваат со тешки последици, иако можеби на различни начини.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.853
Поени од реакции
8.398
...демек, воениот рок, старателството и возраста за пензионирање со што се разликува мажите од жените во задолжително, а жените се привилегирани, се болести?

...членот напиша дека мажите споредбено од жените кои имале избор, пишано од него како ,,шах", а јас возвратив дека целоживотната мака на жената за што мажот е привилегиран дека е неспоредливо со неговите примери, како мој ,,мат" одговор!
Добро ете затоа америчките судови работат на родова еднаквост и таму им давај мат.

Кога ќе ја видам жената цел живот да работи на градилиште да диши бои, цемент, битумен, да биде аутомеханичар со плива со рацете во уље и тоа да го диши, да работи како лакер, молер, да инхалира што ли не.

Тогаш тоа да ми го спиредиш со тие 9 месеца бременост кои не се ни патолошка состојба.

Мат енде!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom