Премиерот Христијан Мицкоски по 10 дена размислување се одлучи да не го праќа писмото до Брисел поврзано со евроинтеграцискиот пат и сега вели дека такво нешто е беспредметно бидејќи за тоа е веќе разговарано со европските лидери. 
Но дали е можно уставните измени да се случат до крајот на годинава како што за тоа веќе неколку пати оптимистички тврди министерот за здравство Арбен Таравари од редовите на ВРЕДИ. Мицкоски вели дека тие ќе се случат кога Бугарија ќе го ратификува пристапниот протокол на земјава во ЕУ.
—
Го верва уште некој овај? Изгледа од иста дијагноза страда како и Заев… боже господе..