Трета Израелско - Либанска војна.

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Мосад и има техника опрема за прецизни удари (еден куп атентати имаат со дронови врз коли и сл) ама во ситуацијава така им одговара да го потиснат малтретираат народот што живее таму да сака да бега да се исели. Они се причина за популарност на Хамас таму, да има повеќе членови борци оти кога ќе ти ја рокнат пола фамилија што ти останува освен да земеш пушка и да се придружиш на Хамас

mnogu jasno. ne e ovde cel da se eliminira samo licnost X i nekakva zastarena tehnika sto ja kriele nego da se terorizira i zaplasi narodot.

nema nikakva razlika megu nevinite zrtvi u zgradata i onie sto gi ubija na koncerot... nevina zrtva e tokmu toa, nevina zrtva.
 
Рушењето згради со цивили во неа е добитна стратегија за тој што го јаде бидејќи потешко е да докажеш дека е воена цел отколку дека не е. Со тек на време и се губи смислата те се навикнуваме на секојдневните вести и се држиме до страната која ја поддржуваме или пак креваме раце викајќи јебига војна е, сигурно било оправдано или ненамерна грешка. :toe:

На времето (студентски учебник по ОНО), постоеше воена статистика, која укажуваше на соодносот на убиени војници во однос на убиени цивили за сите војни во претходниот (XX) век. Во војната во Виетнам, тој сооднос беше надвор од умот, затоа што укажуваше дека во таа војна, 90% од убиените Виетнамци биле цивили, не војници...

И никој нека не се прави луд дека „не знаел„ дека тој и тој објект бил и или не бил легитимна воена цел, а последично и „колатерална„ штета, оти барем денес тоа лесно се дознава...

Во насловената војна, Ирзаел и тоа како знае кои објекти ги гаѓа...намерно, разбира се. Небитно кои се станарите...
 
Последно уредено:
znaci ok e da ja roknat tvojata zgrada i da ti ja ubijat familijata i uste 100 drugi nevini luge zosto mozebi komsijata tvoj krie terorist ili ima zolja...

kako be vaka razmisluvate...

ako se tolku opasni mosad i izraelcite neka si najdat resenie da go eliminiraat problemot sto go sozdale bez civilni zrtvi.
Ако не сакате да гинете вие ке го рокнете комшијата или ке му кажете да си ја ебе мајката муџахединска а не во вашата зграда да носи срања. Само немој да кажеш дека вие немате појма со што тоа се бави вашиот комшија. Комшијата и вие не може да сте многу различни. Пример соседите у некоја зграда у Чаир имаат многу заедничко исто како што и соседите во некоја зграда у Битола, сваќаш дека тоа муџите не се изникнати од земја, и тие се од семето каде што се кријат. И ако некој тебе те рекетира од некоја зграда а луѓето од таа зграда и таа држава не реагираат против него, која друга опција ја имаш освен да ја рокнеш зградата со ракета? Треба да жртвувш твои 500 луѓе за да го елиминираше? Извини, нека гинат нивни 500 луѓе, негови сонародници кои го подржуваат.
 
da da... sigurno komsiite ke se raspravaat megu sebe radi interesite na mosad.

dedo ti da go imal tvojot pamet mesto bugari ke ubival makedonci.
 
da da... sigurno komsiite ke se raspravaat megu sebe radi interesite na mosad.

dedo ti da go imal tvojot pamet mesto bugari ke ubival makedonci.
Имаат два избори, интересите на Мосад или интересите на Ајатолахот. Нивни е изборот и последиците од изборот.
 
Тоа не ми е воопшто муабетот, народи доаѓаат и си одат, држави се раѓаат и пропаѓаат, во 1 век немало Турци во Анатолија и сега што ќе негираме дека постојат бидејќи пред 2000 години не биле таму каде што се сега денес? Како и да е, проблематична ми е тезата дека не постоел палестински народ, измислен бил после ВСВ тоа биле всушност се Арапи... Во ред, тогаш не постои ни сириски ни јордански народ (итн) зошто нели и тие се Арапи и нивните држави ги создале колонијалните сили. Исто како нашиот источен сосед што вели дека ние сме креација после ВСВ, до тогаш сме биле Словени те Бу*ари.

Истиот муабет со Ио Соно што го почнавме.
Ти ја разбирам поентата и нема ништо чудно во тоа. Гледај ги границите како се цртани, со лењир. Истото е во цел некогаш колонијален свет. Истото е во Африка, во Америка, па и на блискиот исток, поготово во Турските владенија. Државите не се цртани по етничка основа, туку се цртани на мапа, буквално со лењир, во оној момент кога било неминовно дека Отоманска Турција ќе се распадне. Абдул Хамид Втори знаел дека отоманска империја ќе се распадне и направил етничко-религиозни чистења. А што се однесува до Палестинците како етничка група, единствено палестинците христијани осеќале некаква етничка припадност и они биле околу 15% во тој период. Муслиманите во палестина за себе велеле дека се арапи. Во Сирија, Либан, Ирак е малце повеќе измешано. Тие имаат и персиско и туркофонско население. Во Палестина е чиста ситуацијата.

Во субсахарска Африка не постои држава која е етнички хомогена, ниту пак етникум кој го има само во една држава. Тоа е поради истата причина, што границите се цртале со лењир, на линија на поделба помеѓу колонијалните сили, а не според култура и јазик.
 
Замисли, скраја да е, некој терорист да ти ги киднапира жената и децата во кола. И наеднаш Израел наеднаш „добрите“ ја уништуваат колата, го убиваат терористот ама и твоите најблиски (скраја да е, само пример се прави)... Дали за тебе тоа би било прифатливо и нормално?
плач је плач а мач је мач. Со терористи нема преговори, мора да им се стави до знаење дека тероризмот не се исплати, дека жив штит не им помага...
Значи за тебе е најнормално да ти ги скинат жената и децата, за да убијат некој мрсул? Кул си со тоа... „мора да им се стави до знаење дека тероризмот не се исплати“.

Две работи.
Прво извесно или немаш жена и деца, или па лажеш, или па психпат си кој не си ги става децата пред се. Едно од трите.
Второ, барем во секој случај покажа јасно дека немаш три чисти и подобро е човек да те заобиколува и игнорира во дискусииве... Мислам еј. Ок му било да му ги скинат жената и децата, за да убијат некој таму мрсул. :facepalm:
 
Навистина, ако гојим не е погрден назив тогаш зошто чифутин е?
Патем зошто не ги коментираш разликите во културите, на пример моментот од нивните свети книги дека смислата на гојимите е да бидат слуги на Евреите (парафразирано)... Додека во светото писмо има сакање на другите и вртење на другиот образ... Од овој аспект, не се Евреите (Јудеистите) поблиски до Муслиманите?
Каде се употребува поимот гојим во стариот завет? Тоа е Еврејската света книга. Гојим може да значи во најмала рака паган. Нема ништо погрдно во зборот паган.

Додека Чифутин е погрд збор, незнам што значи (Можда и е и турски збор) ама е погрд и навредлив збор.

Прашањето беше за етничко, не за религиозно малцинство. Или ти мислиш дека сите поранешни христијани се убиени? Никој не се преобратил во друга вера?
Еве ќе бидам фер и ќе кажам дека Палестинските христијани не биле опфатени од геноцидите на султанот Абдул Хамид Втори. Тие во времето на геноцидите биле 20-30К или тогаш 10% од Палестинците, не повеќе. Но интересно е што во денешницата, бројот на палестинските христијани што живеат во Газа и Западниот брег се намалува, а бројот на палестински христијани што живеат во Изреал се зголемува. Денеска во Палестина+Израел живеат 2% од целокупното муслиманско население. И тука ќе бидам фер и ќе кажам дека доста од христијаните бегале заедно со другите палестинци во западен брег и Газа под притисок на Еврејските милитанти. Иако на почетокот, едни од најгласните борци за независна Палестина биле токму христијаните, со тек на времето се соочуваат со репресии од муслиманското мнозинство, слични како и насекаде во светот (Азербејџан 1990, Либан 1975-1990, Чеченија 1990ти, Египет, Сирија... ).
Автоматски споено мислење:

Истото за нас Македонците, не го кажуваат секакви манипулаторски идиоти од комшилук?

Остај ја да читам историја, ти да земеше малку повеќе да прочиташ за археологија и генетика, конкретни истражувања. Наместо наратива напишана од победниците.
Научни факти: Палестинците генетски се различни од Арапите, и генетски целосно се потомци на Семитите од локалитетот на кој и сега живеат. Палестинскиот јазик е посебен јазик, лингвистички гледано. Па како да се нарекува тој јазик ако не според територијата и според името на тие што го зборуваат... Ама името Палестина и Палестинци е проблемот? А зошто е проблем? Затоа што тоа е името на територијата и имплицира домородност. Територија која Ционистите ја сакаат само за себе.

Малку да си пообјективен ќе видиш дека ова е БУКВАЛНО ИСТО КАКО СО МАКЕДОНИЈА. Буквално како Грците да ги слушам, или Бугарите, кога зборуваат за Македонија и за Македонците... И нам ни го спорат индентитетот затоа што нашето име е името на територијата и тоа имплицира домородност и припадност.
Повеќе пати на многу луѓе овде и на темата за Израел објаснив дека ако занемариме религија, ние со Палестинците имаме многу повеќе допирни точки отколку со Евреите, ама во одговор добивам само некои хамас/мамас/муџи глупости.
Нема врска со нашиот проблем. Да беа пртежно православни, тогаш ќе речев дека го имаат истиот проблем, ама не е така. Која нација се Босанците? Етнички се староседелци генетски се многу слични ако не и исти со Србите и Хрватите. Но денеска се јавува муслимански етницитет. Што е разликата на пример помеѓу Торбешите кај нас, Помаците во Бугарија и Босанците? Босанците сами ја примиле верата, самоволно уште на почетокот на Турската инвазија и опстојувале буквално како посебен автономен субјект во отоманската империја, додека помаците и торбешите се исламизирани насилно крај на 19 почеток на 20 век и они себеси се викаат Турци. Зошто е тоа така, викаат дека во Босна тие што практикувале богомилство полесно го примиле исламот.

Палестинците како посебна нација се политички етникум создаден да и опонира на создавањето на уште една крстоносна држава (каква што ја доживуваат Израел) на Блискиот исток. Изреал е на територијата што некогаш и припаѓала на Крстонсното Ерусалимско Кралство .
 
Последно уредено:
Значи за тебе е најнормално да ти ги скинат жената и децата, за да убијат некој мрсул? Кул си со тоа... „мора да им се стави до знаење дека тероризмот не се исплати“.

Две работи.
Прво извесно или немаш жена и деца, или па лажеш, или па психпат си кој не си ги става децата пред се. Едно од трите.
Второ, барем во секој случај покажа јасно дека немаш три чисти и подобро е човек да те заобиколува и игнорира во дискусииве... Мислам еј. Ок му било да му ги скинат жената и децата, за да убијат некој таму мрсул. :facepalm:
Да, само што си премногу смотан за да сватиш нешто трето т.е да сватиш дека ако некој проба да ги нападне моите жена и деца ке му ебам матер до трето колено на целото негово племе војници, цивили, и мачки, кучиња, кокошки, и црви во неговиот двор. И не, нема да го жртвувам мојот син за да не загинат нивните цивили, ке ги рокнам топтан сите лајна. Дали сега ти е јасно?
 
Уште еднаш, зарем Палестинците = Хамас?
По таа логика нели ЗЗ и СДС(М) = Македонија?
Квинслинг = Норвешка?
Итн, итн.

Предавниците шпиони се најдолните гниди од гнидите.
Како што кажа типот од видеото, Палестинците се заложници на Хамас. Хамас го држат народот во заложништво, ставаат жив штит на воени цели со цел да ја разгорат омразата кон Израел и да го продлабочат јазот. Намерно прават терористички акции како таа на 7ми Октомври, за да Израел убие што е можно повеќе цивили, за да нивната власт во Газа се зацврсти.

Ако некој е предавник меѓу палестинскиот народ, тоа се Хамас. Најголемите злотвори на палестинскиот народ, кои носат на душа иљадници жени и деца. Хамас не е палестинска организација, Хамас е исламистичка терористичка организација која сама по себе не признава етницитет. За нив Палестинскиот народ е инструмент за нивната крајна цел, бркање/уништување на немуслиманското население и создавање на нов муслимански калифат во регионот.
 
Како што кажа типот од видеото, Палестинците се заложници на Хамас. Хамас го држат народот во заложништво, ставаат жив штит на воени цели со цел да ја разгорат омразата кон Израел и да го продлабочат јазот. Намерно прават терористички акции како таа на 7ми Октомври, за да Израел убие што е можно повеќе цивили, за да нивната власт во Газа се зацврсти.

Ако некој е предавник меѓу палестинскиот народ, тоа се Хамас. Најголемите злотвори на палестинскиот народ, кои носат на душа Хамас не е палестинска организација, Хамас е исламистичка терористичка организација која сама по себе не признава етницитет. За нив Палестинскиот народ е инструмент за нивната крајна цел, создавање на нов муслимански калифат во регионот.

Ете Хамас го нема или е со многу слабо присуство во западниот брег па гледаме таму како Израелците го злоупотребуваат тоа и финансираат доселеници, завземаат територии, ги малтретираат староседелците во населбите со помош на војска/полиција и сл.

Значи не е проблемот Хамас проблемот е геноцидната политика на Израел
 
А зошто повеке од милион Палестинци кои живеат во Израел а не се во Газа или западниот брег, немаат никаков проблем, живеат, работат и иако можат не заминуваат од Израел?
 
Јас никаде не реков дека сите евреи се цвеќе за мирисање, туку дека Хамас е најголемиот непријател на палестинците, поголем и од Израел.
Автоматски споено мислење:

А зошто повеке од милион Палестинци кои живеат во Израел а не се во Газа или западниот брег, немаат никаков проблем, живеат, работат и иако можат не заминуваат од Израел?
Најточно 2 милиони палестинци живеат во Израел (надвор од Газа и Западен брег.).
 
Јас никаде не реков дека сите евреи се цвеќе за мирисање, туку дека Хамас е најголемиот непријател на палестинците, поголем и од Израел.
Автоматски споено мислење:

Најточно 2 милиони палестинци живеат во Израел (надвор од Газа и Западен брег.).
Значи поточно прашањето би гласело зошто поголемиот дел од Палестинците немаат проблем со Евреите, живеат и работат надвор од газа и западниот брег и немаат никаков проблем?
 
Значи поточно прашањето би гласело зошто поголемиот дел од Палестинците немаат проблем со Евреите, живеат и работат надвор од газа и западниот брег и немаат никаков проблем?

od kaj toa deka nemaat problem? zosto oni da zaminat?

hristijanite sto ziveat vo israel cesto gi plukaat samo zatoa sto toa im bilo demek tradicija, seriozno mislis deka palestincite nemaat problemi so evreite tamu? :pos:
 
Back
На врв Bottom