- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 10.933
- Поени од реакции
- 12.331
Октомвриската социјалистичка револуција во Русија е производ на неспособноста на руска привремена влада на чело со Александар Керенски за да ги обезбеди најосновните потреби на руското население во 1917 година, која истовремено воопшто не планирала да стави крај на учеството на Русија во Првата Светска Војна, а истовремено е производ и на успешниот потег на Германската Империја да го дестабилизира одвнатре својот воен непријател Русија, со тоа што дозволила низ нејзина територија да помине возот кој ги превезувал Владимир Илич Ленин и неговата придружба од Швајцарија преку Германија и Шведска, до Финска, од каде што пристигнале во Петроград, односно Санкт Петербург.Нормално дека имало руски капиталисти, па за Русија зборуваме. Туку што мислиш, ќе имало ли револуција без еврејска помош од надвор и без еврејските Болшевици од внатре? Ете го Путин вели 80-90 проценти од Болшевиците биле Евреи. Троцки неколку пати идел до САД, на припреми и се враќал со пари и со се што требало... 2+2=?
Водејќи се според принципот кој гласи дека непријателот на мојот непријател е мој пријател, Германците им овозможиле безбеден премин на непријателите на привремената влада на Русија низ германска територија, со цел да ја дестабилизираат Русија одвнатре. Имало неуспешен обид за државен удар во Петроград во јули 1917 од страна на Ленин и болшевиците, при што Ленин избегал во Финска, но се вратил подоцна откако му станало јасно дека привремената влада нема целосна власт и контрола на ситуацијата во главниот град Петроград, а не па низ цела Русија.
Останатото е веќе позната историја, на 25 октомври 1917 според јулијанскиот календар, односно на 7 ноември 1917 според грегоријанскиот календар, Ленин и болшевиците вршат државен удар во Петроград, при што ја апсат привремената влада на Русија, Керенски успева да избега, а во деновите и неделите кои следуваат државниот удар успешно се проширува низ остатокот од Русија, бидејќи Ленин во неговите Априлски тези од 1917 година му го ветува на населението тоа што Керенски и привремената влада не успеваат да го спроведат во текот на речиси цела 1917 година: власт на Советите, земјата на селаните и мир во земјата.
Лав Троцки до 1917 година бил припадник на меншевиците кои биле главните противници на болшевиците, поконкретно бил член на Еврејскиот работнички бунд (совет), кој бил дел од факцијата Интернационалисти на Социјал-демократската Партија на Русија, која ја осудила чистката на Ленин во Болшевичката Партија во 1912 година, во која добар дел од меншевиците и соработници на Троцки биле исфрлени од партијата. Пролетта 1917 кога се вратил во Русија, Троцки почнал првично да ги поддржува болшевиците, за подоцна во 1918 година и официјално да и` се придружи на нивната партија.