ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
24 март 2010
Мислења
15.281
Поени од реакции
26.156
Vo sustina 90 posto od firmite se apla nestabilni, bezrazlika dali imaat eden ili povekje klienti. Im otkazuvaat dogovori preku nokj, ne mozhat da najdat novi i tn. Problem e autsorsot. Ne e samo IT, gleam deka dosta od firmite so rabotea od kaj nas customer suport i tn, ispobrkaa lugje.

So bi rekol tatko mi, drzavno si e drzavno :D
Најголем проблем беше и е квалитетот што како сектор го понудивме. Ако ги споредиш 2014 со 2024, тој квалитет е драстично опаднат. Едноставно, многу малку фирми во Македонија најдоа нешто повеќе од кодери. Имаме илјадници "инженери" на пазар кои никогаш не научија домејн, менуваа работи на секои 18 месеци, и служеа како велосити бустер, затоа што само знаат да кодираат.

Сега, потребата од велосити веќе ја нема, велосити бустерите може да си бараат друга работа. Се надевам дека од ова, многу луѓе ќе научат дека мора да носиш вредност, мора да го знаеш бизнис домејнот во кој работиш, и дека професионалниот интегритет е единствено нешто што е незаменливо.
Па толку зимаат кај нас мид девелопери. Нигде не реков сениор 1000евра.
Рече. Еве ти:
Сениор девелопер и плата 1000евра. 1000евра е смешна сума. Со други работи ќе се заработи 1000евра. Ма поише од 1000евра. Мозокот на пасење, е сеа повеќе ќе работиш.
Ти си еклатантен пример на тоа што го зборам погоре. Конфузност, себенегирање во ист пост, и никаква конзистентност. Уште помалце прецизност.
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.207
Поени од реакции
1.236
Неам корисници, тест фаза е. Башка не ни знам како се привлекуваат корисници. Тоа е маркетинг повеќе. Така да за маркетинг појма неам. И за монетаризирање исто не знам
Епа тогаш дали мислиш дека е реално некој да седне и да ти го чита кодот и по тоа да одлучи дали си добар дев или не?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.253
Поени од реакции
18.199
Најголем проблем беше и е квалитетот што како сектор го понудивме. Ако ги споредиш 2014 со 2024, тој квалитет е драстично опаднат. Едноставно, многу малку фирми во Македонија најдоа нешто повеќе од кодери. Имаме илјадници "инженери" на пазар кои никогаш не научија домејн, менуваа работи на секои 18 месеци, и служеа како велосити бустер, затоа што само знаат да кодираат.

Сега, потребата од велосити веќе ја нема, велосити бустерите може да си бараат друга работа. Се надевам дека од ова, многу луѓе ќе научат дека мора да носиш вредност, мора да го знаеш бизнис домејнот во кој работиш, и дека професионалниот интегритет е единствено нешто што е незаменливо.

Рече. Еве ти:

Ти си еклатантен пример на тоа што го зборам погоре. Конфузност, себенегирање во ист пост, и никаква конзистентност. Уште помалце прецизност.
Ja sum relativno nov tuka, vistinna nema neso posebno poise kvalitet vo ovoj sektor porazlicno od drugite sektori kaj nas.

No, ne bi rekol deka e taka crno belo ko so vikas. Ima eden kup lugje koj ne menjaa raboti/proekti i go znaea biznisot, no se e toa dzabe ako produktot ne e tvoj i se nosi odluka za indija na visoko korporativno nivo. Sekoj e zamenliv.

Situaicja bi ja sumiral vaka, when it rains, ima za site. Koa nema, koj kakov mu bil ksmetot. Gleam eden kup decki mnogu pospremni od mene a bea sutnati, i sea mnogu tesko bi nasle rabota.
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.207
Поени од реакции
1.236
Situaicja bi ja sumiral vaka, when it rains, ima za site. Koa nema, koj kakov mu bil ksmetot. Gleam eden kup decki mnogu pospremni od mene a bea sutnati, i sea mnogu tesko bi nasle rabota.
Точно е дека кога има има за сите, ама кога ќе се стегнат работите, најдобрите секако ќе испливаат на површина. Сигурно има и добри луѓе што ќе бидат отпуштени, ама тие брзо ќе се снајдат. Сеа може нема да најдат инстантно работа со огромни примања или ќе треба да прифат нешто полошо, ама со текот на времето квалитетот ќе си излезе на виделина.
Во МК има еден куп отворени огласи за луѓе со искуство, некои од компаниите едвај чекаат квалитетни луѓе да им појдат на интервју. Еве еден другар се врати од странство пред некој месец и се вработи во МК фирма инстантно. Ликот не е некој х10 инженер, ама си е просечен сениор дев од кои речиси сите фирми имаат потреба.
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.824
Поени од реакции
6.529
Прошливе 30 страни исти муабет, едни пишуваат за апокалипса, газдите тераат муабет дека 1000 евра е таман за сениор, трети правеле приватни проекти на гитхаб и зашто не им се броеле како право работно искуство :pos:

Еве дечки чисто информативно што се дешавало у светски рами и што се дешава моментало, GDP.

Screenshot 2024-10-23 165639.jpg

Значи имаше супер период у/после корона особено за ИТ, сега сме у говна, пак ќе има таков период и пак ќе паѓа се у гомна и така у круг. Значи не е само ИТ туку цела економија.

И секој што работи у фирма што го аутсорснува и нема свој продукт или домејн фактичи исто како да не работи у фирма, а такви се многу од нашиве фирми, и реално тоа не се фирми туку Конти шема фирми, па кој сака нека се вложува у нив.
 
Член од
4 октомври 2024
Мислења
27
Поени од реакции
13
Најголем проблем беше и е квалитетот што како сектор го понудивме. Ако ги споредиш 2014 со 2024, тој квалитет е драстично опаднат. Едноставно, многу малку фирми во Македонија најдоа нешто повеќе од кодери. Имаме илјадници "инженери" на пазар кои никогаш не научија домејн, менуваа работи на секои 18 месеци, и служеа како велосити бустер, затоа што само знаат да кодираат.

Сега, потребата од велосити веќе ја нема, велосити бустерите може да си бараат друга работа. Се надевам дека од ова, многу луѓе ќе научат дека мора да носиш вредност, мора да го знаеш бизнис домејнот во кој работиш, и дека професионалниот интегритет е единствено нешто што е незаменливо.

Рече. Еве ти:

Ти си еклатантен пример на тоа што го зборам погоре. Конфузност, себенегирање во ист пост, и никаква конзистентност. Уште помалце прецизност.
Абе барај потврда за неосудуваност, не го дупи
Автоматски споено мислење:

Епа тогаш дали мислиш дека е реално некој да седне и да ти го чита кодот и по тоа да одлучи дали си добар дев или не?
Па кој вика да седне да гледа. Интервју за работа е.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.281
Поени од реакции
26.156
Ja sum relativno nov tuka, vistinna nema neso posebno poise kvalitet vo ovoj sektor porazlicno od drugite sektori kaj nas.

No, ne bi rekol deka e taka crno belo ko so vikas. Ima eden kup lugje koj ne menjaa raboti/proekti i go znaea biznisot, no se e toa dzabe ako produktot ne e tvoj i se nosi odluka za indija na visoko korporativno nivo. Sekoj e zamenliv.

Situaicja bi ja sumiral vaka, when it rains, ima za site. Koa nema, koj kakov mu bil ksmetot. Gleam eden kup decki mnogu pospremni od mene a bea sutnati, i sea mnogu tesko bi nasle rabota.
Не е се црно/бело, фала богу за тоа. Феноменални луѓе најдовме во последниве 6 месеци, зошто останаа без работа заради такви корпоративни одлуки. Корпоративната одлука се носи базирано на просекот, не на исклучоците.

И ако имаш да препорачаш некој добар, слободно пингај во приватна.
 
Член од
12 август 2024
Мислења
176
Поени од реакции
432
Вистина е ова скроз, имам другар работи Software dev во помала фирма (40~ peeps) и зема 50000 денари плата, женска ми работи customer support истото по цел ден го зборува и зема 53000-540000 денари плата. А за тие со академиите, господ да му е напомош, стварно треба да биде некој екстра квалитетен за да го примат на работа.
Другарот ти е најверојатно јуниор или пак толку се покажал на интервјуто, друго нешто е што плата му е 75 000, толку фирмата плаќа за него.

Глупости се муабетите сениор 1000 евра нетп. Сега за сега минимум дупло земаат нето или еве приближно накај 2к нето.
Во иднина можеби ќе биде 1 000. :icon_lol:
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.502
Поени од реакции
8.180
Најголем проблем беше и е квалитетот што како сектор го понудивме. Ако ги споредиш 2014 со 2024, тој квалитет е драстично опаднат. Едноставно, многу малку фирми во Македонија најдоа нешто повеќе од кодери. Имаме илјадници "инженери" на пазар кои никогаш не научија домејн, менуваа работи на секои 18 месеци, и служеа како велосити бустер, затоа што само знаат да кодираат.

Сега, потребата од велосити веќе ја нема, велосити бустерите може да си бараат друга работа. Се надевам дека од ова, многу луѓе ќе научат дека мора да носиш вредност, мора да го знаеш бизнис домејнот во кој работиш, и дека професионалниот интегритет е единствено нешто што е незаменливо.

Рече. Еве ти:

Ти си еклатантен пример на тоа што го зборам погоре. Конфузност, себенегирање во ист пост, и никаква конзистентност. Уште помалце прецизност.

Е, ок, се слагам овде.
Но, мора да се сфати дека за да се разбере бизнис домејн, особено на нешто градено со декади, бара време. Нешто што другата страна (онаа која вработува и дава пари), нема свест баш.
Ако претпоставиме дека на тебе ти требаат 10,000 саати за да бидеш експерт у нешто, иако денес тоа е помалце, но ок. Еве, во една година има 250 работни дена (не рачунајќи празници). одземи 20 дена одмор = 230 дена
230 дена х 7.5 работни саати = 1725 саати. Значи тебе ќе ти требаат буквално нешто помалце од 6 години за да ти бидеш експерт.
Малце се пластични бројкиве и климава е претпоставката, ама основата е таа.

Како може некој да очекува дека јас од девелопер на финансиска апликација, можам да бидам инстант експерт за некоја што решава проблеми во туризам ?

Едноставно индустријата е брутална.
Колку што знае(ше) да биде рај кога нештата се добри, толку знае да биде поголем пекол кога нештата идат у надолна линија, очигледно.

Знам дека така изгледа од твоја гледна точка.

Проблемот е што cashflow кога опаѓа, не им треба скалабилност, обично кога нема обрт, не треба да зголемуваш конзумација, треба да намалуваш. Секогаш има skeleton crew што прави maintenance и неопходни работи. Моментално е период кога не ти треба влегување во долг, високи каматни стапки и несигурна иднина во многу сектори, C-suite не се собрани од на улица, многу се анализира пред да се донесе одлука.
Да брат, ама далеку од тоа дека треба да се сече од корен и да се кратат трошоци кои доаѓаат од плати на продуктивен кадар. Ако пред 2-3-4 години се overspend-аше на нови луѓе, имам дојам дека денеска дупло порадикално се сече и се отпуштаат луѓе, се зголемуваат бариери за влез, до тој степен што не се гледа долгорочно. Како да има overcompensation на таа експанзија во време на короната. Едноставно како што иде времето и како што раснат нови генерации користењето на софтвер ќе биде се повеќе и повеќе застапено, и самата потреба за софтвери и кастом решенија ќе се зголеми.
Доста од сопствениците и стејкхолдерите на ова гледаат многу слепо и краткорочно, да не речам како типични baby boomers. Пари ќе си течат, што ќе им е на јузерите и клиентите нови releases и нови features. Си плаќаат цена и вака на не-мрдната апликација. Тоа им е мајндсетот. А не сфаќаат дека кога се ова ќе падне и економијата ќе биде подобра, касно ќе им биде дека ради нивна оверкомпензација веќе се outdated за маркетот во кој што се наоѓаат.

Дури и во убавите времиња, имам претстава дека се се прави со брзање, се инсистира на брзо деливирање на сметка на можеби квалитет. Се работи под притисок да се деливира, и нормално, при тоа е сосема природно да има 300 срања кога од тебе се бара да завршиш нешто за 2-3 спринта а природно е тоа да бидат 4 пример.
Друго, дури и во убавите времиња кога се примаа многу луѓе, сеуште барем по она што јас го искусувам и од други луѓе во индустријата, се добива дојам дека фирмиве се хронично understaffed за апетитите и функционалностите и нивото на квалитет кој што сакаат да го имаат. Девелопирањето е многу повеќе од штанцање код сепак.

Јас и понатаму сум прилично изненаден до кој степен фирмиве станаа гадови кога нештата почнаа да идат надолу. Знам, брутален е капитализмот, нема простор за емоции, сите тие ствари ми се јасни. Ама до тој степен, едноставно не очекував.
Искрено сметам дека ќе дојде и тој ден кога ќе се касаат за гз за таквите одлуки кои ги имаат донесено во овие тешки времиња.
 
Член од
4 октомври 2024
Мислења
27
Поени од реакции
13
Ова со IT-Labs сварно било. Гледам на линкедин сите OpenToWork. Ептен ми е криво за дечкиве. Видов еден со 13год стаж во It-labs отпуштен. Ептен брутално, без осет.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.281
Поени од реакции
26.156
Значи тебе ќе ти требаат буквално нешто помалце од 6 години за да ти бидеш експерт.
Апсолутно. Експерт е збор што во ИТ многу лесно се користи.
Како може некој да очекува дека јас од девелопер на финансиска апликација, можам да бидам инстант експерт за некоја што решава проблеми во туризам ?
Тоа е проблемот на пазарот. Сите скокаа (вклучително и јас, не се апстрахирам од тоа) од финансии во туризам, па земјоделие. Што е нетипично за поголемите пазари. И треба да научиме нешто од тоа.
Доста од сопствениците и стејкхолдерите на ова гледаат многу слепо и краткорочно, да не речам како типични baby boomers. Пари ќе си течат, што ќе им е на јузерите и клиентите нови releases и нови features. Си плаќаат цена и вака на не-мрдната апликација. Тоа им е мајндсетот. А не сфаќаат дека кога се ова ќе падне и економијата ќе биде подобра, касно ќе им биде дека ради нивна оверкомпензација веќе се outdated за маркетот во кој што се наоѓаат.
Ова е точно во било кое време, и добро и лошо. Тие што даваат пари, многу симплифицирано ги гледаат работите, сакаат пари назад. До вештината на луѓето што се во позиција на одлучување е да го најдат правиот баланс, не е до инвеститорите.
Искрено сметам дека ќе дојде и тој ден кога ќе се касаат за гз за таквите одлуки кои ги имаат донесено во овие тешки времиња.
Зошто? Ако пазарот се смени, истите што сега викаат крати, ќе викаат давај пари и бенефити. Некои луѓе ќе бидат лути на некоја фирма, ама нема сите да бидат лути на сите фирми. Ниту некој ќе одбие повисока надохната, зошто се држи до принципи.
 

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.381
Поени од реакции
3.567
Ова со IT-Labs сварно било. Гледам на линкедин сите OpenToWork. Ептен ми е криво за дечкиве. Видов еден со 13год стаж во It-labs отпуштен. Ептен брутално, без осет.
Zasto brutalno, bez oset? Pa za tie crepovite so dremea tamu 10+ godini so se plasea firma da smenat, ova e kako dar od gospod. Za mesec dena max naogjaat nova rabota i za prv pat vo zivot ke zemaat plata nad 1500e.
 

LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
833
Поени од реакции
1.214
Zasto brutalno, bez oset? Pa za tie crepovite so dremea tamu 10+ godini so se plasea firma da smenat, ova e kako dar od gospod. Za mesec dena max naogjaat nova rabota i za prv pat vo zivot ke zemaat plata nad 1500e.
lil comfy zone enthusiasts
Автоматски споено мислење:

Другарот ти е најверојатно јуниор или пак толку се покажал на интервјуто, друго нешто е што плата му е 75 000, толку фирмата плаќа за него.

Глупости се муабетите сениор 1000 евра нетп. Сега за сега минимум дупло земаат нето или еве приближно накај 2к нето.
Во иднина можеби ќе биде 1 000. :icon_lol:
Mid developer е со околу 4~ години искуство, и јас мислам дека заслужува повеќе, требало да има редовно покачување сега брзо периодов и нето да му биде околу 60-70К, ама има клиент во фирмата што не плаќа, другите проекти се помали и не толку добро платени и фирмата му била приморана и да ги отпушти неколку души што со кои можат продуктите и понатаму да се развиваат без нив, its a tough world sonny
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
10.253
Поени од реакции
18.199
lil comfy zone enthusiasts
Автоматски споено мислење:



Mid developer е со околу 4~ години искуство, и јас мислам дека заслужува повеќе, требало да има редовно покачување сега брзо периодов и нето да му биде околу 60-70К, ама има клиент во фирмата што не плаќа, другите проекти се помали и не толку добро платени и фирмата му била приморана и да ги отпушти неколку души што со кои можат продуктите и понатаму да се развиваат без нив, its a tough world sonny
Go utnal momentot, kurac kje dobie sea.
Toa e naravoucenie za nego da bricis dur ima, od zal nikoj ne dava plata. Predina ipol da smenel kje imal lesno 1500 evra plata, sea mozhe da ceka naredni bojle vreminja.
Автоматски споено мислење:

Zasto brutalno, bez oset? Pa za tie crepovite so dremea tamu 10+ godini so se plasea firma da smenat, ova e kako dar od gospod. Za mesec dena max naogjaat nova rabota i za prv pat vo zivot ke zemaat plata nad 1500e.
I za ovie vazi istoto, neka se sreknji ako najdat bilo kakva rabota sea. 50 lugje iskusni iskacaat na pazar kaj so ima 5 pozicii otvoreni i vekje 500 lugje konkuriraat.
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.207
Поени од реакции
1.236
Може ви изгледа сурово, ама ако фирмата зема помалце пари, нормално е да го намали кадарот. Не е битно дали си работел таму 1 или 10 години, ако немаат потреба од тебе ќе те отпуштат. Исто како што и ти ако си најдеш подобра работа ќе си заминеш, сигурно нема да викаш: "Јас ќе останам во Х иако имам 3 пати подобри услови во У".

Се збореше тука многу за лојалност, ама сето тоа паѓа во вода кога нагло се намалува приходот на фирмата. Сеа има газди што се ѓубриња и одма бркаат иако би можеле да издржат некој период. А има и такви што веќе се мачеле со месеци, па кога ќе откаже скроз клиентот, тогаш сечат.
Затоа што, не секогаш овие работи доаѓаат од ведро небо. Ко што пиша некој погоре, прво ќе ти намалат буџет за нови features, ќе одолговлекуваат потпишување на нов договор, па ќе бараат попусти (ќе ти платиме за 2 девс наместо за 5 што ти плаќавме до сега) итн. Некој ќе успее да се снајде, дали во преговорите, дали ќе најде други клиенти, ама некој едноставно ќе пропадне.

На овие работи не треба да се гледа лично. Нормално е некогаш во животот да те отпуштат. Барем во МК со програмерска плата можеш да си направиш добар бафер за вакви работи да не те погодат. Ако си работел 10 години ИТ тука, треба без проблем да можеш барем 1 година без прилив да преживееш.
Е сеа има многу програмери влегоа во филмови со кредити (пошто нели, што е 700-800 евра на 2к плата), со по 6-7 патувања годишно, со скапа облека итн. Е нив оваа ситуација им е стресна бидејќи ќе им се наруши тој комфорт. Ама ќе биде и добра школа, да не си ги пуштаат нозете подалеку од чергата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom