Какви се условите во КАМ може да се гледаат и од спротивната перспектива. Јас како муштерија на пример,во еден Кам каде што пазарам повеќе од 10 год. немам правено детална анализа ама повеќе од 2-3 години не сум приметил дека некој што работи во кам останал. А 100% нема шанси да кажам "еее овој вработен е тука уште од коа се преселив тука пред 10год.".
Мене ми личи дека имаат добра реклама и вработуваат луѓе али вајда ради тешки услови чесо, мн. често и напуштаат.
Дури и на некој постари вработени што се да речеме пред пензија па ете немаат избор па и тие напуштаат.
Во големи компании, скоро и секогаш да е вака.
Едни си одат, други доаѓаат. Честопати одат во конкуренција за „подобро“.
Еве и од мене 2 пари: Огласите што ги пуштаат (Кам ги измисли, па сите почнаа исто да ги прават) со сите можни наведени „придобивки“ и поволности, се приказни за мали деца. Доаѓа ситуација да се напомене дека вработен има К-15 или дека има слободни денови / одмор. Тоа е загарантирано право а не е придобивка. А со самиот факт дека вработени се мењаат на 6 месеци / една година, сфаќаш дека нешто не е како што треба.
Но пак ќе кажам, вработени покрај финансиска состојба, напуштаат и поради други "X" причини кои се доста битни. Пред неколку страни имаше дискусија за недела како работен ден. Вработени во маркети работат и некои големи празници или „денови“ кога сите други одат на забави или имаат слободен ден. Работат и за нова година до некое бош време, работат за Богородица, Духовден, работат за Велигден и Велики Петок (освен ако не се падне нешто во недела па да не го работат - а да можат само...)
Се ова кога ќе се собере, со плата од ~30к, со доста напорна работа која бара константна активност но и физичка работа (бидејќи секој ден им стига комерцијалист со пакети, па носи до магацин или до „собче“... добиваш незадоволен вработен и истиот да напушти.
Е сеа, КАМ е голем и не може на сите да им удоволи а сигурен сум дека пробува. Не можеш да им се мешаш во политика на работење... но...
Ако добивка (не приход) им е над 7.4 милиони и ако мислат дека се мучат со вработени и пуштаат огласи како глупи секој 2 ден, ако немаат стабилни луѓе на кој може да им веруваат... па скратете бе од добивката 100/200к еур. Пак ќе имаш 7 милиони евра добивка... Ова за сите се однесува, не само за КАМ. Добивки имаат милиони евра и не сакаат ниту 2% да скратат на годишно ниво за подобрување на услови на сопствени вработени.
Ама па, зошто би скратиле? Маркетите од година во година прават повеќе пари. Луѓе, какви-такви, ќе се најдат. У кратки црти, ги заболе.