Чичко Серпико направи едно убаво списоче со речиси 50 луѓе кои имаат право да бараат анализа според новите правила од резолуција #869.
StevoMC напиша:
Никој не се нафаќа да ме анализира мене баш сум добра душа:helou:
Стево Ем Си-то
ИАКО НЕМА АНАЛИЗИРАНО НИКОГО рече дека е добра душа (во постот кој
требаше да го избришам - причината е 12 зборови поназад), па на своју вољу и ризик јас решив да направам еден преседан и да дадам една краток осврт на него и на постулатот кој го кажа:
Мислиш дека си добра душа. Тоа го мислиш затоа што си бил репресиран и/или игнориран во долг период од адолесценцијата од фраерите во школо, но не си убил никого со Црна Стрела или пластичен експлозив. Што е посебно добро, и ме тера и мене да помислам дека си добра душа.
Мислиш дека си добра душа затоа што си вегетаријанец или Веган, како шо е тренди и фенси да збориме пер, тоБ. Е сега, јас како
Карниворикус Балканикус Класикус те поддржувам да останеш на верен на твојот избор, бидејќи така ќе има повеќе месо за мене и за другите ми браќа по крв. Значи, повторно ќе кажам дека си добра душа.
Стево ЕМ СИ.... психоанализирајќи го овој момент, сватив дека сакаш да се направиш фаца. Ако имаш премалку вкус и повеќе пари, денеска може и да успееш во желбата. Ако се сетам како ми кажа дека си ослабел мноооогу килограми (кога и јас се интересирав за диетата
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
) контам дека си заштедил многу пари кои си ги трошел на чиз и комбиниран од седмица, па можеш да си дозволиш Пионирки, да вртиш Цедејќи (за да купиш грамофон, би требало да заштедиш толку од јадењето што би станал анорексичен) и да ја баталиш "Ја те љубим ти не осечаш" поезијата која ја пишуваш.Фифти Сент е опасно типче, земи го за пример.
За крај, мора да заклучам дека си добра душа.
Ама наредно барање на анализа пред да ја изработиш домашната задача ќе резултира со roundhead kick на Чак Норис.
Домашната може да ти биде на тема "Глупавиот исфрустриран (или "Фрустре" - aко е помодерно) модератор".... ама бидејќи си добра душа, знам дека нема да пишуваш на таа.