Јас си стојам на моето, дека тие типови на екипи се палеле на Металург, па на Вардар во времето (и сега исто). А кога ќе дојде време да играат во Европа како мачиња скриени во некој тесен простор, нигде ги нема и се незаинтересирани. Памтам еднаш и Овче Поле дојде ред да игра во Европа (мислам Челенџ куп беше) и им се падна екипа со Норвешка и службено ги дадоа двете утакмици. Очигледно пари немаа за да патуваат таму (може да е иста ситуација и со Тиквеш сега, затоа што требаа да играат со Арендал). А ако било така, зошто се пријавуваат. Битно дома ќе глумиме лудило дека сме ауу-ваууу, утакмици тесни играме со најдобрите во Македонија... Вардар треба овие сега со 15 разлика среде Кавадарци да ги наполни и да не им текне да помирисаат европски купови. И не е ова само за тимови надвор од Скопје. Има и скопски тимови кои се исти тип, како Бутел на пример.
Сигурно е така, апсолутно...збор не погоди точен, гарант и утакмицата не ја гледаше, ама ќе се пали некој за да игра со Вардар и со Пелистер, а во Европа ќе ги боли кур
Лани излеговме од Кремс од Австрија што имаа 2-ца или 3-ца репрезентативци што играа на ЕП зимоска, а сезоната пред тоа стигнаа до 1/2 финале во истото натпреварување. Водевме во Кавадарци 5-6 разлика, на крај само 3 заврши за нас, и таму изгубивме од ОБЈЕКТИВНО, многу подобар противник.
Ајде, бар сезонава на клупа ни седи човек што е болен за Вардар, освен тоа што е ракометен аналфабет, па ваљда и играчите нема да се палат толку и лесно ќе поминат, па ќе го изоставиме фактот дека 2 сезони по ред клизаа во Кавадарци.
Околу утакмицата...што да се збори, нерешено со една од најнеписмените екипи што сум ги видел во историјата на ракометот, браќата имаа преку 20 технички грешки (пробивања, престапи, чекори, фрлени топки во аут). Нашиве промашија едно 10тина зицери секако, 3 пати празен гол, 2-3 контри. Крилата посебно индиспонирани, она беше жално да се гледа. Буквално изгубивме од екипа што не знае кај тера.
Е сега идеме до еден нов момент, умешноста на тренерот. Добро, кај го најдоа братов, било кој да го земеа мислам дека ќе беше подобар. Почнува натпреварот, феноменот поставува тактика со 2ца леви бекови, 2ца пикери, еден десен бек и едно лево крило. Каде бе царе, што е ова, некој нов спорт, ракомет од иднината? И цело прво полувреме царот го играше без ДЕСНО КРИЛО, нападот почнуваше со тоа што едниот пикер као почнува на десно крило, после се префрла на линијата и десно крило останува празна, ДУПКА позицијата. 2-цата бекови што беа во игра, што да се збори...Гачевиќ негде застанат во 80-тите години од минатиот век, никаква техника, пас, движење, ништо...само дај му ја да ја плесне и го стави на центар, Манасков на лев бек. Напред играше Обина, и фак лоџикот, го вадеше Обина за одбрана дека НЕ ЗНАЕ да игра црниот, за да го стави десното крило да му игра САМО во одбрана(што е исто така лош во одбрана како Обина)..па за да стои на 1 во одбрана, и Обина може да стои како сталка. Нервозно прво полувреме, ротација никаква, гледа дека не му оди на тимот, дека бевме очај, па го стави Мијатовиќ да игра единствена измена...па братот исто руски тенк од 80ти години застанат, ограничен на движење, не може сам да искреира или за некој друг, дај му ја да ја плесне само. Нема врска, почнува второ полувреме, конечно му текна дека има плејмејкер на клупата, го пушти Кривокапиќ и почнавме да правиме разлика. Не дека типот е којзнае што, меѓутоа одма се осети разлика и поголема течност во нападот. Продужи резултатска клацкалка, и кај 10та минута конечно почнавме да ја зголемуваме разлика. Тие искористија тајм аут, промашија 5-6 напади по ред, нашиве си реализираа лагано и нашава легенда на клупата му текнува да бара тајмаут во 48-ма минута, на резултат +4 за нас и напад за +5. Атмосферата во сала имаше кулминација, овие не знаеја главата кај му е, тргаме у напад за +5, промашуваме и од контра примаме гол. До крај на мечот беше држ-недај, водевме +3 до кај 55та минута негде, промашени уште 1-2 зицери, во меѓувреме глупо исклучување на Анастасовски и паднавме на самиот крај. Шта речи, а не заплкати...цело второ полувреме го држеше Обина на клупа(а не беше повреден црниот), Темелкоски десното крило падна физички и промаши 2 зицери, место него да го извади и да го помести Димовски на десно крило(играше во Алкалоид лани, вчера играше десен бек и даде 5-6 гола, ама може да покрие и на крило), Обина да си игра на десен бек, а во одбрана да сменат само позиции, Обина да оди на крило а Димовски на бек, овој не направи никаква измена, ништо...Кофиловски не можеше гол да даде, 5 зицери промаши, место да го пушти Коцев кој што игра барем одбрана агресивна и не се плаши да влезе во дуел, го изигра цело прво полувреме, па во второ наеднаш му текна да го стави Кофиловски..не знам, лошо, многу лошо..