Многу, многу луда Евролига сезонава, (речиси) секоја утакмица е уживанција за гледање. Обожавам дупло коло, реално изгледав можеби 80% од утакмиците (што директно, што репризи).
Звезда прва и единствена непоразена сеуште, Париз губи дома од Звезда и на гостински кај Милано, па го победува актуелниот шампион Панатинаикос и еве со Баерн е натпревар на 1 топка. Партизан по стартните 2 порази, сега има 2 победи по ред и наредно коло дома со Болоња. Реал се мачи сезонава и во домашно првенство, по првите 3 кола во ЕЛ веќе има 2 порази од Басконија и Баерн, утакмици што до лани му беа чиста рутина, а вечерва без преголеми напори го победи Пао (настрана 4 разлика на крајот, најголем дел од времето Реал имаше двоцифрена предност). Милано ја фатив малце, водеа 27 разлика во 25-та минута дома против Жалгирис, на крај изгубија 3 разлика, полоша екипа немам искрено видено (во смисла ОГРОМЕН буџет, никаква игра - дај му ја на Шилдс во напад или на Миротиќ, другите нека се тргаат на страна, жал ми е за Димитријевиќ, тешко да ја организираш таа банда без команда, колку и да си добар). Барса изненадувачки добра, и покрај кратењето на буџетот и се, ќе видиме утре против Звезда. Мислам дека сезонава ќе биде ЛУДНИЦА, ама буквално ЛУДНИЦА до последно коло и дека е намалена разликата помеѓу екипите (уствари, АСВЕЛ и Алба пак ќе бидат доле, мислам дека и италијанските екипи Армани и Болоња ќе бидат тешки дупки оваа сезона, меѓутоа со поголема шанса да забележат некоја победа од лани кога имаа 5 и 9 победи). Позитивни изненадувања, освен стандардните нели ми се Париз, иако играат 1-2, сепак се покажаа како доста заебани и можат многу скалпови да земат, понатаму Жалгирис кој што веќе е на скор 3-1, другите во рамките на очекувањата..Разочарување ми се италијанските како што спомнав погоре, како и Реал кој што не успева да го надополни отстуството на сенаторите од лани - фалат многу Руди, Чача и покрај тоа што веќе во одминати години, сепак самото влијание во соблекувалната си носеше позитивни работи, исто како и Поириер и Јабуселе.