Станови во Скопје, совети за купување.

Член од
8 мај 2013
Мислења
11.826
Поени од реакции
36.861
Koнкретно во Куманово, се работи за 2 компании кои малтене го диктираат пазарот. Тие секогаш се први со највисоката можна цена штом ке има нова зграда, а по нив, и сите условно речено помали градежни фирми го следат трендот, иако не се ни приближно по квалитет на градба, ама зашто да не направат плус пари. Ако Делукс продава за 1600Е квадрат, тие ке одат со 1450-1500.

Пред 4 недели преговарав за купување на 2 стана, по 1370E за квадрат, во близина на централно градско подрачје, тивка и мирна локација. Пред околу 2 недели, едната од двете компании, Делукс, пушти во продажба нов објект кој е на 300-400 метри од локацијата на овие 2 стана што ги гледавме. Бидејки не успеав да добијам чисти имотни листови за двата стана, се откажав од купување. Другар се јави на истиот лик пред недела дена, и новата цена за истите станови е 1500Е квадрат, зашто Делукс на 400 метри продава по 1600Е. Значи, поскапување од 130Е по квадрат за 3 недели.

Ова е ненормална цена за Куманово. Мојот стан го купив 660Е/м2 на истата улица, во 2020-та.

За Скопје, претпоставувам дека главни компании кои ги влечат цените нагоре се Лимак, Голден Арт и Мега Фешн или како и да се викаат ликовите што градат карши Холидеј Ин. Пишав и тука во темата, бевме со сопругата во Фебруари да гледаме станови во Лимак. 2700-3200E во Лимак, Diamond of Skopje, 2300Е во Golden Art кај Треска, за квадрат.

Моментално, од тоа што слушам/читам, цените во Лимак се над 3500Е за квадрат. Ете овие компании ги зимаат сите помали како репер за цена. Па ако не се продаде, потоа ке намалуваат цени, или ако ти намали, ке ти "компензира" на некој начин со понеквалитетен материјал.
Не знам како е во Куманово ама има логика тоа влечење на цените кое помалите го пратат. Впрочем ти да градиш и да гледаш како на сто метра од тебе некој распродава станови за две и пол илјади евра, зошто ти би продавал за рецимо 1,200?

Проблемот е што тука на темава сите кукаат дека во Скопје цените биле 1,800, 2,000 евра или нагоре, што не е точно. Во Скопје има и станови за 1,300 и 1,400 евра во други населби. Ама тука на темава сите сакаат да купат стан во Тафталиџе или кај Универзална и се бунат зашо не може да го купат за илјада евра квадрат.

Цела Македонија сака да купи стан во 20 квадратни километри веќе урбанизиран реон, и се чудат зашто цените за станови таму биле толку високи. Самата реченица дава одговор да прашањето зошто становите во тој реон се толку скапи.
Автоматски споено мислење:

Подобро да се преселиш во рандом село во некоја пофункционална држава, да си чмаеш таму, ама барем ќе има функционално општество, со чист воздух. Лоповлук до бескрај.
Не знам како си ги замислувате работиве, ко на сите да им течат пари низ уши и така лесно ќе најдат работа што ќе им извади виза и ќе се потегнат со фамилија со деца од школо да идат да живеат во некоја селендра кај што нит знаат некој таму, нит го знаат јазикот.
 
Член од
24 август 2017
Мислења
556
Поени од реакции
1.262
^^ Ти тентерко коа ќе сватиш зашо препродавање на билети за утакмкца или концерт е Криминал а препродавање или рента на недвижнини е Инвестиција онда ке разбериш и шо ти пишет поединци на темава
 
Дај посочи некоја земја кај што проблемов е решен, и зошто сме ние аномалија.

Ти колку мислиш дека треба да бидат становите во Тафталиџе и како доаѓаш до таа бројка?
 
Член од
24 август 2017
Мислења
556
Поени од реакции
1.262
Дај посочи некоја земја кај што проблемов е решен, и зошто сме ние аномалија.

Ти колку мислиш дека треба да бидат становите во Тафталиџе и како доаѓаш до таа бројка?
Singapur, Irska, Grcija, USA... da gi redam li uste ? za Taftalidze nekoj range od 800e do max 1800e vo zavisnost od staro/novo gradba,matrijali, lokacija i ostali parametri sho vervam deka ti se poznati
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.773
Поени од реакции
2.914
Како го замислуваш тоа вештачко пумпање на цени? Кој е пумпашот и како ги пумпа цените?
Никој не ги пумпа погрешно се изразив, луѓе купуваат има побарувачка, затоа се цените такви, побарувачката го диктира пазарот и цената, поголема побарувачка= повисока цена, штедат, ете работат во Мк и многумина во странство и купување на стан во Скопје го гледаат како сигурно заробување на заштедите што ги заштедиле, со намера и да ги издаваат сега за сега нема проблем, уствари има со издавање, тешко се издаваат,а за исплатливост да не зборуваме, спомнав погоре за иста цена купуваш стан во Германија и го издаваш за дупло повеќе, значи тотално неисплатливо е за издавање, а понатаму воопшто нема да може да се издаде стан,оти ќе нема на кој, нема млади од внатрешноста кои би работеле во Скопје, во иднина, сите се иселени и студенти нема да има, моја прогноза е дека за едно 10-20 години кога веќе сите шо купиле станови ќе купат, цените ќе паднат за упола, нема да има веќе побарувачка, а за рентабилност да не зборуваме 0 рентабилност ќе има, шо дополнително ќе ја бутне цената удолу.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.826
Поени од реакции
36.861
Singapur, Irska, Grcija, USA... da gi redam li uste ? za Taftalidze nekoj range od 800e do max 1800e vo zavisnost od staro/novo gradba,matrijali, lokacija i ostali parametri sho vervam deka ti se poznati
Чекај, ми редиш земји кај што проблемов е решен или кај што постои? Зошто земјиве што ги наведе имаат сериозен проблем со недвижнини и домување. Повеќето млади Даблинци не можат да си дозволат да купат стан во Даблин зашто цените се изгор. Не во централното подрачје, туку во целиот Даблин. А баш ме интересира како САД го решил проблемот со недвижности. Ова со Сингапур ваљда ти е некоја грешка, зашо паркинг место во Сингапур кошта сто илјади евра.

А како доаѓаш до ценава за Тафталиџе? Тоа е твој филинг колку треба да биде? За мене, во Тафталиџе би било идеално да е 500 евра квадрат.
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
835
Поени од реакции
1.216

Во САД просечната годишна плата ти е $65,000 долари, 65,000x2 да работат = $130,000, просечна цена на дом е $400,000 во Америка, овде не треба ни да сметаш, се отплаќа куќата/станот за 7-8 години ако играш паметно.

Во Македонија просечната плата ти е 40,000 денари ($700) или $8493 долари годишно x2 = $17000 годишно двајца, цената на стан од 70m2 ти е 105000 долари (сметам просек без подрум и без паркинг место, нели модерно е и на тоа да ќарат по 15000евричи).

Со моменталниве цени на живот, ќе треба да го отплаќаат околу 26-28 години станот ако двајцата се на работа цело време и земаат просек 40000 плата двајцата, еднио да плаќа кредити другио се останато. Ова не е нормално. Колку и да им е скапо на Американците да си купат свој дом, со нас споредено е мала шала, бидеќи сиромавиот секогаш дупло (кај нас многу повеќе од дупло) плаќа, нели?
 
Коа ќе сватиш шо значит стандардот на Ирска, Капитализмот на Сингапур и дека САД не е само НуЈорк а вооедно и престаниш да се понашаш како СК да ти е најголема сакана шо си и земал невиност и почниш да гледаш малце објективно на работите онда ке левелираш колку толку и ќе сватиш дека и 500е е многу за во руските згради
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
845
Поени од реакции
447

Пак со овие смешни пресметки. Дали е бруто или нето прво тоа за платите. Во САД зимаш бруто, во Македонија нето. Во САД зимаш просек на ниво цела држава, во МК зимаш просек од 3-4 општини во централно градско подрачје во Скопје.

Ако во МК нето просек плата е $700, тогаш бруто е ~$1200 x 2 = $29000 годишно на стан од 105000 долари.

Да не збориме што не е у цела држава 1500 евра квадрат. Пример Прилеп не се тие цени или други помали градови.
Ама битно секаде се реални цените по Европа и САД, само у Скопје се погодија вештачки надувани.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.826
Поени од реакции
36.861
Во САД просечната годишна плата ти е $65,000 долари, 65,000x2 да работат = $130,000, просечна цена на дом е $400,000 во Америка, овде не треба ни да сметаш, се отплаќа куќата/станот за 7-8 години ако играш паметно.

Во Македонија просечната плата ти е 40,000 денари ($700) или $8493 долари годишно x2 = $17000 годишно двајца, цената на стан од 70m2 ти е 105000 долари (сметам просек без подрум и без паркинг место, нели модерно е и на тоа да ќарат по 15000евричи).

Со моменталниве цени на живот, ќе треба да го отплаќаат околу 26-28 години станот ако двајцата се на работа цело време и земаат просек 40000 плата двајцата, еднио да плаќа кредити другио се останато. Ова не е нормално. Колку и да им е скапо на Американците да си купат свој дом, со нас споредено е мала шала, бидеќи сиромавиот секогаш дупло (кај нас многу повеќе од дупло) плаќа, нели?
Споредуваш бруто со нето, и споредуваш цени на станови во Скопје со просечни цени на имот на ниво на држава од 350 милиони жители, десетици меилионски градови и 50 и кусур states. Не можеш јаболки со портокали да споредуваш.

Ако сакаш таква споредба, спореди со цени на ниво на Македонија, земи ги и Пехчево и Берово во предвид.
Автоматски споено мислење:

Коа ќе сватиш шо значит стандардот на Ирска, Капитализмот на Сингапур и дека САД не е само НуЈорк а вооедно и престаниш да се понашаш како СК да ти е најголема сакана шо си и земал невиност и почниш да гледаш малце објективно на работите онда ке левелираш колку толку и ќе сватиш дека и 500е е многу за во руските згради
И Македонија не е само Карпош и Центар. Ок, чекај да паднат на 500 евра и тогаш купи, ете на темава викате кај и да е ќе паднат зашо биле многу високи.

Ја сакам во Скопје да се цените на станови испод 500 евра па сите да купиме стан по 100 квадрати. Ама не се, зашо пазарот не се води од моите чувства и желби.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.373
Поени од реакции
113.752
Многу различно размислуваат луѓето што не се од Скопје во однос на оние што се од Скопје (не дека и од овие нема ретарди и искомплексирани), па затоа и доаѓа до ретардирано и без мозок купување на станови чисто гледано ради локација. Искрено ви кажувам, онде во Дебар Маало позади Силбо во тие улички, утре да дојде некој да ми рече повели друже клучеви еве ти поклон стан жими се ќе го одбијам. Она не е нормално, буквално можеш здраво да направиш со тој од другата зграда, е до толку е се згужвано и мизерно. Да не зборам што таму дете нема кај да ти игра и да искочи, мора директ на улица од влез да искочиш. Ок, јасно е дека не купуваат сите станови за да чуваат деца и да одгледуваат фамилија во нив ама поентата е таа. А да не зборам што цените се криминално високи за тој предел, над 2000 и кусур евра квадрат. Имам 2-3 примери од блиски луѓе што се чаталеа и брзаа да купат таму станови, а сеа квичат како немаат мир и не се задоволни од квалитетот на станот.
 
Член од
22 декември 2018
Мислења
491
Поени од реакции
692
Коа ќе сватиш шо значит стандардот на Ирска, Капитализмот на Сингапур и дека САД не е само НуЈорк а вооедно и престаниш да се понашаш како СК да ти е најголема сакана шо си и земал невиност и почниш да гледаш малце објективно на работите онда ке левелираш колку толку и ќе сватиш дека и 500е е многу за во руските згради
Влегов пред некоја недела во тие Руски згради, смрди корне на мувла, старо си е старо... А темелот под земја 50 години кој знае влагата што му прави го роне како песок..
 
Член од
24 август 2017
Мислења
556
Поени од реакции
1.262
Влегов пред некоја недела во тие Руски згради, смрди корне на мувла, старо си е старо... А темелот под земја 50 години кој знае влагата што му прави го роне како песок..
Е така, ама оди после ти објасни се со Не Сум Ја дека за тука и 500е се многу, батето гарант не знајт ни за кој згради станвит збор битно знајт дека така маркетот диктират да се плус 2000е
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.422
Поени од реакции
24.591
Во САД просечната годишна плата ти е $65,000 долари, 65,000x2 да работат = $130,000, просечна цена на дом е $400,000 во Америка, овде не треба ни да сметаш, се отплаќа куќата/станот за 7-8 години ако играш паметно.

Во Македонија просечната плата ти е 40,000 денари ($700) или $8493 долари годишно x2 = $17000 годишно двајца, цената на стан од 70m2 ти е 105000 долари (сметам просек без подрум и без паркинг место, нели модерно е и на тоа да ќарат по 15000евричи).

Со моменталниве цени на живот, ќе треба да го отплаќаат околу 26-28 години станот ако двајцата се на работа цело време и земаат просек 40000 плата двајцата, еднио да плаќа кредити другио се останато. Ова не е нормално. Колку и да им е скапо на Американците да си купат свој дом, со нас споредено е мала шала, бидеќи сиромавиот секогаш дупло (кај нас многу повеќе од дупло) плаќа, нели?
sto ke kupis so 400k vo NY ili LA? SK ne se sporeduva so niv razbirlivo ama za mkd uslovi SK e tokmu toa. znaci ako gledas prosecna cena vo usa, gledaj i prosecna cena vo mkd, vkluci gi i delcevo, pehcevo i red drugi mesta.

losa sporedba vo sekoj slucaj
Автоматски споено мислење:

Многу различно размислуваат луѓето што не се од Скопје во однос на оние што се од Скопје (не дека и од овие нема ретарди и искомплексирани), па затоа и доаѓа до ретардирано и без мозок купување на станови чисто гледано ради локација. Искрено ви кажувам, онде во Дебар Маало позади Силбо во тие улички, утре да дојде некој да ми рече повели друже клучеви еве ти поклон стан жими се ќе го одбијам. Она не е нормално, буквално можеш здраво да направиш со тој од другата зграда, е до толку е се згужвано и мизерно. Да не зборам што таму дете нема кај да ти игра и да искочи, мора директ на улица од влез да искочиш. Ок, јасно е дека не купуваат сите станови за да чуваат деца и да одгледуваат фамилија во нив ама поентата е таа. А да не зборам што цените се криминално високи за тој предел, над 2000 и кусур евра квадрат. Имам 2-3 примери од блиски луѓе што се чаталеа и брзаа да купат таму станови, а сеа квичат како немаат мир и не се задоволни од квалитетот на станот.
tamu se kupuva stan da go izdavas na nekolku dena... za stranec dojden vo sk na nedela dena toa e idealna lokacija za koja se plaka poveke
 
Kajgana Shop

На врв Bottom