Овој 1 Мај - сите патишта водат кон Варингтон!
Утре, во 16 часот, Бамбер Бриџ го игра финалето на лигашкиот плејоф, што значи дека победа на Бамбер ќе значи искачување едно скалило погоре!
Откако се отвори темава, Бамбер е скокнат за едно натпреварување, а со победа утре ќе има шанса за уште еден promotion!
За да стигне до ова финале, Бамбер Бриџ заврши на третото место (само првопласираната екипа оди директно скалило погоре), а во полуфиналето од плејофот, на пенали, на домашен терен беа подобри од Гејнсборо (четврто место во регуларниот дел со 4 поени помалку од Бамбер) откако уште во 56 минута Бамбер остана со играч помалку поради црвен картон на Понд. Што значи, Бамбер се држеа храбо добри 64+ минути (резултатот беше 1-1 и така остана се до пеналите)
Сепак, во финалето, домашната екипа е апсолутен фаворит.
Станува збор за Варингтон, екипа која заврши на второто место во лигата со 77 поени, но екипа која во последните 25 натпревари има само еден пораз - од шампионот на лигата!
Значи од ноември до денеска, имаат само еден пораз!
Екипата е во маестрална форма и се фаворити на утрешниот натпревар, но да се надеваме дека среќата ќе биде со Бамбер.
Победникот од овој натпревар ќе игра во т.н. по нашки - шеста лига на Англија, односно едно ниво под лигата каде годинава играше Врексам, кои благодарение на своите познати сопственици ја направија и лигата поприлично интересна за следење.
Победа на Бамбер ќе значи дека ќе играат во иста лига со екипи како Јеовил, Сканторп, Кидерминстер и уште неколку екипи кои може да ви се познати од ФИФА или коцкање.
Да се надеваме на победа!
Својата поддршка може да им ја упатите на
Фејсбук или
Твитер