Македонски филмови

Член од
28 април 2009
Мислења
750
Поени од реакции
507
Дали има некој торент или линк од филмот "Те дуа жими мене", и доколку може да ми прати во порака.
 
Член од
23 август 2024
Мислења
51
Поени од реакции
94
Ептен ме израдува веста што за брзо време го добиваме 'Јон Вардар против галаксијата' - првиот долгометражен анимиран филм на македонски јазик.

Филмов ќе има светска премиера за 2 недели на Ситгес - најголемиот фестивал за фантастични филмови, а Синеплекс го имаат најавено од 1 ноември.

Историски момент за македонскиот филм и македонската анимација. :)
Потег за поздрав,треба да се туркаат вакви проекти и приказни кои на долга стаза можат да донесат бенефит и од други работи поврзани конкретно со анимираниов филм,во еден голем,атрактивен ко што треба направен скопски Луна Парк би може да има цел "свет" на Јон Вардар,со возења направени како планетите што ќе ги посетува и вонземјанте со кој ќе се бори,тематски продавници за сувенири,чаши,што не од ликовите од филмов,ресторани со храна инспирирана од филмов,во кратки црти како што Кунг Фу Панда,Хари Потер...се атракции по парковите од нивните студија. :)
Може звучи far fetched ама мора да почнеме од негде. Нека му е со среќа на филмот,секако ќе одам да го ѕирнам.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.129

'Светот на Биби' е добар показател дека може да се направи франшиза и кај нас. Од анимиран серијал, преку неколку среднометражни анимирани филмови, стигнаа до претстави, плишани играчки, сликовници, албум со сликички, специјализирана продавница со ствари од цртанов и што уште не...
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.129
9. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ -
Фестивалот ќе биде отворен со македонскиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“.
На кој не му се чека ноември може да го гледа на 16. октомври на Киненова. Обично за Киненова не прават шарлатански работи ко со другите 'престижни' фестивали и може да се набават карти за отворањето.
 
Член од
8 октомври 2015
Мислења
936
Поени од реакции
3.000
Легендарниот "Среќна нова 49та" само шо почна на Алфа. За сите љубители на стариот македонски филм и легендарните глумци и сценарија. Едно време некогаш и никогаш поќе.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.682
Поени од реакции
8.109
'Светот на Биби' е добар показател дека може да се направи франшиза и кај нас. Од анимиран серијал, преку неколку среднометражни анимирани филмови, стигнаа до претстави, плишани играчки, сликовници, албум со сликички, специјализирана продавница со ствари од цртанов и што уште не...
И Светот на Биби и овој долгометражниов Јон Вардар против галаксијата го има цртано Михајло Димитриевски – Тхе Мичо. Истиот кој ги црташе политичарите во Еднооки.

Рака му се позлатила на тој човек. Не го знам лично ама човекот е одличен со цртање.

Треба повеќе да се ангажираат во Македонија со правење анимирани филмови. Сите тие што сум видел по социјални мрежи, форуми во Македонија што цртаат се стрип фанатици, инспирирани се од стриповите, цртаат и стрипчиња а реално се одлични цртачи.
 
Последно уредено:

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.814
Поени од реакции
1.564
Бизнис на задоволството.

Одличен конечно нешто поразлично од она што сме навикнати за македонски филм.
Елени е во потрага по главните трговци со бело робје во Македонија , а како мотив и е нејзината другарка Дрита. Во целата мислија ќе и помогнат браќата на Дрита . Одличен напнат држи внимание и еден од ретките македонски филмови без голотија.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.477
Поени од реакции
3.287
Ептен ме израдува веста што за брзо време го добиваме 'Јон Вардар против галаксијата' - првиот долгометражен анимиран филм на македонски јазик.

Филмов ќе има светска премиера за 2 недели на Ситгес - најголемиот фестивал за фантастични филмови, а Синеплекс го имаат најавено од 1 ноември.

Историски момент за македонскиот филм и македонската анимација. :)
Потег за поздрав,треба да се туркаат вакви проекти и приказни кои на долга стаза можат да донесат бенефит и од други работи поврзани конкретно со анимираниов филм,во еден голем,атрактивен ко што треба направен скопски Луна Парк би може да има цел "свет" на Јон Вардар,со возења направени како планетите што ќе ги посетува и вонземјанте со кој ќе се бори,тематски продавници за сувенири,чаши,што не од ликовите од филмов,ресторани со храна инспирирана од филмов,во кратки црти како што Кунг Фу Панда,Хари Потер...се атракции по парковите од нивните студија. :)
Може звучи far fetched ама мора да почнеме од негде. Нека му е со среќа на филмот,секако ќе одам да го ѕирнам.
Баш ми е мило кога читам вакви коментари, јас сум еден од артистите што работевме на цртаниов филм и реално секоја чест на цела екипа а најмногу на Гоце што и покрај сите заебанции успеа да го извади филмов. Многу блиску беше да не бидне ништо и цела работа да пропадне во вода, ама ете за среќа сѐ успешно се заврши и се надевам во блиска иднина ќе правиме пак нешто ново :)

И Светот на Биби и овој долгометражниов Јон Вардар против галаксијата го има цртано Михајло Димитриевски – Тхе Мичо. Истиот кој ги црташе политичарите во Еднооки.

Рака му се позлатила на тој човек. Не го знам лично ама човекот е одличен со цртање.

Треба повеќе да се ангажираат во Македонија со правење анимирани филмови. Сите тие што сум видел по социјални мрежи, форуми во Македонија што цртаат се стрип фанатици, инспирирани се од стриповите, цртаат и стрипчиња а реално се одлични цртачи.
Проблемот е што анимација е долг и скап процес, поготово 2Д анимација. За среќа ние комбиниравме и 3Д и успеавме добро да го вклопиме, тоа доста ја олесни и убрза работата. Како и да е благодарение на филмов веќе имаме добро испраксирана екипа и после ова се надевам дека ќе зачести бројот на македонски анимирани проекти.

Само на англиски јазик е или има синхронизација и на македонски јазик?

Не е на англиски, цел цртан е на македонски јазик. Стар е тој трејлер, и е наменет за странски инвеститори, затоа е на англиски :)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.682
Поени од реакции
8.109
Бизнис на задоволството.

Одличен конечно нешто поразлично од она што сме навикнати за македонски филм.
Елени е во потрага по главните трговци со бело робје во Македонија , а како мотив и е нејзината другарка Дрита. Во целата мислија ќе и помогнат браќата на Дрита . Одличен напнат држи внимание и еден од ретките македонски филмови без голотија.
Го најдов филмов за гледање онлајн ама со надсихронизација веројатно на руски.

Aко го има некој со оргинално аудио нека пише.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.682
Поени од реакции
8.109
Ако го сака некој да го гледа Бизнис на задоволството на македонски јазик со плус и дел албански пошо се збори и на албански нека пише порака да му пратам линк.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.129
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.682
Поени од реакции
8.109
На ТракерМК моментално се ставија еден куп македонски филмови во одличен квалитет.

Го имате дури и првиот македонски филм Фросина во БлуРеј квалитет. Резолуција1420x1080
 
Член од
15 јануари 2020
Мислења
618
Поени од реакции
2.043
Го најдов филмов за гледање онлајн ама со надсихронизација веројатно на руски.

Aко го има некој со оргинално аудио нека пише.
Дај бе плати нешто во живот мајка му стара. Оди во кино како господин изгледај го и плати си за трудот на тие што се мачеле да го снимаат.
Животот ти пројде по тоа торентите и пиратеријата.
 
Последно уредено:

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Моментално само Јон Вардар иде во Синеплекс и во Киноверзум од македонските филмови. :(
 
Kajgana Shop

На врв Bottom