Фан Клуб: Реал Мадрид

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.370
Поени од реакции
13.261
Абе Мбапе ќе игра ли против Лил?
 
Член од
10 јули 2018
Мислења
1.510
Поени од реакции
2.359
Мајката ни ја ебава ова мбапево до сега. Уништи цела кохезија. Само еден играч сака да игра фудбал сезонава, Валверде.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.742
Поени од реакции
30.560
Мајката ни ја ебава ова мбапево до сега. Уништи цела кохезија. Само еден играч сака да игра фудбал сезонава, Валверде.
Реал мора да најде креативец во средниот ред, Валверде, Белингам, Чуамени и Камавинга се копачи, не знаат да играат со топка и да креираат шанси.

Мбапе можеби и требаше да почне во 4 3 3 формација...ова 4 4 2 што го играше Анчелоти не изгледаше на ништо и сите изгледаа како првпат да играат заедно.
Тоа е, на грешките се учи и се надевам дека ќе извадат сите некој позитивен заклучок од овој пораз.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.588
Поени од реакции
14.388
Сепак мислам дека Анчелоти е главниот кривец за ова. Ако немаш креативец во тимот не мора да значи дека мора да играш како да имаш креативец. Реал има играчи во средниот ред кои може да трчаат 90 минути без проблем, овој тим не треба да му дозволи на противникот да дише а еве веќе два месеци поминаа и немам видено да одиграме висок пресинг како што треба. Разбирам умор и се тоа али не играме само ние две утакмици неделно а овој тим не успеа да наметне пресинг против Лас Палмас и Мајорка. Лил синоќа претрча 10 километри повеќе од нас. Ако ништо друго иако заостануваме само три бода во Ла Лига, имаше денеска низ медиуми дека играчите и тренерите признале дека играта ни е тиња и мора веднаш некои работи да се исправат. Ако продолжиме да играме вака на следните неколку натпревари ништо чудно Анчелоти да лета уште пред нова година.
 
Член од
10 јули 2018
Мислења
1.510
Поени од реакции
2.359
Имаше ситуација пред крај кајшто Белингам размавта со рацете кога Мбапе си го ладеше и не тргна на 50-50 топка. Ако лани секој даваше 110%, сега сите искачаат лабави на терен како да победиле уште пред да почне утакмицата. Со Мбапе сме минус еден играч на терен, ништо не прави ни напред ни назад. Ниту дриблинг знае да направи, ни пресинг сака да игра, а и фудбал не разбира баш, уназаден е во играта али нормално пошто гниеше во Франција 10години.

Кривицата е целосно на управата. Од грешка во грешка влегуваа летово. Му тутнаа 3 леви крила и 2 здрави штопери. Секоја сезона му фалат на тимов бар 2 играчи. Успесите од претходните сезони се само затоа што и Зидан и Карло се топ тренери и извлекоа максимум и на мотивација и на тактички план од играчиве. Мораше Валверде да игра десно крило пошто Перез чекаше со години на примадонава да се накани да дојде тука. Лани без шпиц го оставија тимот цела сезона и мораше топла вода да се измислува со Белингам, пошто сеуште се чекаше на лиглево. И кога конечно дојде во силна лига, се виде неговиот квалитет. Ни блиску до Роналдо и Меси.

Уште ова да кажам. Ако Карло продолжи да го силува Валверде со ова темпо има да цркне на терен за два месеци.
 
Член од
10 јули 2018
Мислења
1.510
Поени од реакции
2.359
Отиде сезоната. После онаква ланска место да се направи апгрејд го донесоа Мбапе, кој фудбалски не е ни блиску ни до Родриго ни до Винисиус.

Капак на се и управата. Overachieving-от на тимов, Зидан и Карло во последните неколку сезони им даваше разлог на управата да си го ладат секој трансфер рок и да ми глумат некоја финансиска стабилност без да донесат потребни играчи на потребни позиции. Нека му кисне сега на Перез сезона без сериозен трофеј додека неговиот миленик не е способен да допринесе со ништо и да го дигне тимов, како Белингам или Винисиус што можат.
 
Член од
23 октомври 2007
Мислења
1.041
Поени од реакции
1.028
Отиде сезоната. После онаква ланска место да се направи апгрејд го донесоа Мбапе, кој фудбалски не е ни блиску ни до Родриго ни до Винисиус.

Капак на се и управата. Overachieving-от на тимов, Зидан и Карло во последните неколку сезони им даваше разлог на управата да си го ладат секој трансфер рок и да ми глумат некоја финансиска стабилност без да донесат потребни играчи на потребни позиции. Нека му кисне сега на Перез сезона без сериозен трофеј додека неговиот миленик не е способен да допринесе со ништо и да го дигне тимов, како Белингам или Винисиус што можат.
Тоа е концептот на работа на Реал веќе последните 20-25 години.
Не треба да те чуди што нонстоп се цели на маркетиншки јаки играчи а не тоа
што на моменталниот менаџер тактичко-технички му треба.
Уште лани, Карло ако можеше да бира, на местото на Белингем би го донел Кејн.
Сега исто, при еден од најдобрите леви крилни напаѓачи во тим, ти го носат Мбапе кој дава максимум баш на таа позиција а на секоја друга не е ни 50%. Остануаваш без ниту еден класичен централен напаѓач.
Верувај дека Карло не го бара ова, туку тие коцки му се дадени и мора да склопи тим со тоа што има, и да функционира.
Против појаки екипи, што би презеле иницијатива против нас, при јака одбрана, може и ќе имаме некои шанси на контра, ама со средно јаки тимови каде ќе треба ние да наметнеме темпо и контрола ќе, има многу мачење.
 
Член од
10 јули 2018
Мислења
1.510
Поени од реакции
2.359
Мене ме интересира видувањето на пензионерот @ElNinho околу ситуацијата на Мбапе. Кај е проблемот со него и зошто не му иде до сега. До него е проблемот или до тимот/тренерот. И една споредба ако може да направи со Винисиус, кој е фудбалски покадарен и "подобар".

Пред малку разлистав што се сме пишувале тука пред 2023/24 сезона. Јаки експертизи имаме. :pos:
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.742
Поени од реакции
30.560
Да имаш у тим сега еден како Озил ќе се истури Мбапе од голови...ама немаш.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.742
Поени од реакции
30.560
Влезе вчера во игра Модрич и со едно додавање го реши победникот, овие чергите ќе се просерат така да додадат.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.285
Поени од реакции
113.275
Тешка класетина е Модриќ, играч каков што тешко дека ќе се роди во догледно време. Од авион се виде дека не беше офсајд додавањето, џабе се бунеа и надеваа овие од Селта, буквално точно во десетинка го даде пасот за да не биде офсајд и да биде чиста шанса за гол.
 
Член од
10 јули 2018
Мислења
1.510
Поени од реакции
2.359
Месијата што го чекавме со години да не спаси успеа само смрдената аура да ја донесе од ПСЖ. Го покоси цел тим, го уништи последниот атом верба и борба кај сите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom