Брат скролај малце нагоре кај шо ти е прва реплика.. Нас ни е тој кај Русија од пред две год стара градба aма таму и нз да имат нова, наместен со елементи шо ни требеја, почетната цена му беше 280е и газдата ни се курчеше на почеток од типот ак ви чинит, поубо празен ке ми седит етц етц за на крај после една недела да звонит за 200е
. За вториот дел од "биват" врати се уште еднаш и препрочитај за да не верглаш во место
Слична ситуација имав и јас.
Беше некаде тек на Септември односно започнат месецот Септември, седев со цимери дотогаш, дипломирав и барав нов стан за да седам со сопругата тогашна девојка но исклучиво го барав за од 1ви Октомври, нели киријата ми е платена за Септември во станов кај дотогашните цимери.
И се океј идам гледам еден стан кај Воена Болница во старите згради, просечно наместен за цена од 200е.
Океј му викам ќе го земам ама за од 1ви Октомври (а беше Септември на пола некаде 14-16-18ти) значи уште неполни или полни 2 недели од месецот.
И газдата, ама не не може ќе треба 2 недели празен да му стои, губам пари вака така.
Океј му викам нема проблем тоа е тоа не бил за мене поздрав имам и други опции.
За ден два или истиот ден се договорив за друг стан за од 1ви Октомври.
и така врви ден два три пет минат 2 недели, 29ти или 30 Септември и ми звони овој што неќеше да му седи празен станот 2 недели.
Звони еднаш 2 пати 3 пати 5 пати, не сакав да му кревам и да се замарам знаев што го мачи.
Нооо, упорен пишува пораки ѕвони и ај му кренав и вака така ми вели ти го чував станот за од 1ви ајде може да се вселиш.
Јас бев ВТФ што е со човеков.
Му објаснував дека нит сме се договориле да ми го чува нит ми се нафатил и дека сакаше за веднаш да го издаде и дека губел пари и све и дека си најдов стан во меѓувреме.
И пак ме убедува ама знаеш не се разбравме најдобро ако сакаш ќе ти напраам 1000 денаи попуст месечната кирија итн итн.
Фала ти друже си најдов стан со кој прописно се договоривме, не ти се чекаше со среќа во потрагата.
Подоцна од чиста љубопитност го отварав огласот и додека стоеше активен натерав неколку другари да звонат за инфо, уште 4-5 месеци му стоеше празен, но ете не му се исплатеше да ме чека 2 недели