Кревање на Тен Хаг на клоци после две - две и пол години е истиот пристап како со Мојс, Ван Гал, Мурињо, Солскер и Рагник.
Клубот не е стабилен, за да почнат се' од ново.
Нов Гвардиола, Клоп, Артета и Покетино (со Тотенхем) не бива "преку ноќ".
Година и пол го продаваат Јунајтед (прво цел, па 50%, за на крај да биде околу една четвртина).
Со години кој стигна беше дел од директорите во клубот (извршен, за ова, за она, итн...).
Паразити од играчи се насобраа (мрзи, повредени, непрофесионалци, инстаграмџии...).
Цела мината сезона, секоја недела, 7-10 играчи беа по болници.
Летово конечно истоварија десетина играчи.
Неколку нови се приклучија на клубот.
Подготовки пред старт на Премиер Лига со деца од академија.
Новите играчи допрва се запознаваат со соиграчите.
Кој е фраерот кој ќе ги поврзе сите конци, и ќе носи победи?!
Кое е моменталното решение за нов тренер на Јунајтед?
Кој ќе испорача само успеси до Нова Година?
Или уште подобро...
Во 2-3 реченици, кажете стратегија како вечерва Јунајтед да го победи Порто (бидејќи од експерти врие по цел интернет).
Горе-долу знаете кои се играчите, со каков табиет и можности се.
Бујрум, да ја видиме експертизата на дело...