MaxTV IPTV телевизија (Македонски Телеком) генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
Сега гледам на Лига Шампиони сликата е лоша на Арена. Белите линии на теренот како пикселизирани.

Ама читам се жалат и србиве дека е лоша сликата.
 
Само со спортските канли или со сите имате проблем?
Со спортските. Сликата не е smooth воопшто. Исто така кај мене Магента ТВ е доста спора при менување канали. Воопшто не сум задоволен откако ја ставив.
 
Со спортските. Сликата не е smooth воопшто. Исто така кај мене Магента ТВ е доста спора при менување канали. Воопшто не сум задоволен откако ја ставив.
Vcera imase azuriranje i daleku e podobren kvaliteto na slikata i promena na kanalite
 
Vcera imase azuriranje i daleku e podobren kvaliteto na slikata i promena na kanalite
Какво ажурирање? На MagentaTV мислиш?

Jас мислам дека редно време тие канали што не им се "HD" да ги префрлат во "HD". Останаа yште неколку канали што се SD најлош квалитет а веќе одамна на сателит и кај други платформи оператори се нудат во HD колку толку подобар квалитет слика.
 
Последно уредено:
Со спортските. Сликата не е smooth воопшто. Исто така кај мене Магента ТВ е доста спора при менување канали. Воопшто не сум задоволен откако ја ставив.
Сигурно менувањето канали не е поспоро од менувања канали на двбт од а1 со кам модул..ужас споро е
 
Сигурно менувањето канали не е поспоро од менувања канали на двбт од а1 со кам модул..ужас споро е
Не е толку споро менувањето. Имав прилика да го испробам MagentaTV. Не знам зошто толку тоа некој го гледа како кој знае каква лоша работа да му е на MagentaTV боксот.

Можеби не е толку убрзано како на MaxTV ама не е ни претерано споро.

Додека пак На А1 Xplore ресиверите сум приметил ако вртиш брзо не се допира може и да ги врти се до крај каналите кога ќе тргнеш прст од копчето.
 
Последно уредено:
Сигурно менувањето канали не е поспоро од менувања канали на двбт од а1 со кам модул..ужас споро е
Зависи од модел до модел и од бренд до бренд различно е. Кај Филипс пример брзо се менуваат каналите директно поврзан телевизорот со антена.
 
Зависи од модел до модел и од бренд до бренд различно е. Кај Филипс пример брзо се менуваат каналите директно поврзан телевизорот со антена.
Некаде по форумиве прочитав дека е до КАМ модулот не до ТВ-то. Јас имам сони стар 10 год и менување преку антена е океј
 
Какво ажурирање? На MagentaTV мислиш?

Jас мислам дека редно време тие канали што не им се "HD" да ги префрлат во "HD". Останаа yште неколку канали што се SD најлош квалитет а веќе одамна на сателит и кај други платформи оператори се нудат во HD колку толку подобар квалитет слика.
Da na magenta tv
 
Тоа е добро бидејќи Magenta TV е Android може почесто да вадат aжурирања (update) на изглед, нови функции да додаваат и друго. Додека MaxTV верувам ажyрирањата се посложена работа.
 
Само со спортските канли или со сите имате проблем?
Порно каналите на Пинк претежно се мозаик, ништо не се гледа, коцкички цел екран.....ама гледам никој не гледа тоа

Sent from my SM-A356B using Tapatalk
 
Порно каналите на Пинк претежно се мозаик, ништо не се гледа, коцкички цел екран.....ама гледам никој не гледа тоа

Sent from my SM-A356B using Tapatalk
Безвезе е да се гледа порно тв канали.
На тв треба да чекаш да ти се погоди порниќот и можеби нема да ти се погоди.

Идеш на Porn hub или било која таква страна ќе си избереш што сакаш, можеш да премоташ нешто ако не ти е мерак да го гледаш и завршуваш работа.
 
Последно уредено:
Договорот ми завршува за 2 месеци. Да чекам или да направам нов порано? Дали ќе има нешто од телеком како попуст или слично декември или пред нова година?
 
Договорот ми завршува за 2 месеци. Да чекам или да направам нов порано? Дали ќе има нешто од телеком како попуст или слично декември или пред нова година?
има пред нова година стално акции ... така да почекај уште месец
 
Мора да ги пофалам Телеком за односот на грижа на корисници. Минатата недела на СМС ми стигна линк за да направам Анекета за како сум задоволен од нивните услуги за телефонија, интернет и ТВ. По неколку денови од нивниот контакт центар ми се јавија да ме слушнат за незадоволните коментари и одговори што им ги оставив на анкетата. Претежно беа за телевизијата насочени, односно проблемите со сликата за спортските канали, мегента тв итн...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom