Може ли да ми објасниш каква врска има со „бивање“ во потрага по стан? У што треба да те бива за да најдеш стан? Или имаш луѓе преку кои ќе најдеш или ќе чекаш да налеташ на понуда од пазар кај што бараат уште стотина како тебе па ако имаш среќа одма да заѕвониш и да го договориш, тоа е. Како бивање има тука? Ја можам да се кладам дека твоите колеги не го нашле станот од маркет/пазар туку преку луѓе, затоа ги бивало.
Мој братучед има стан под кирија кај Русија хотелот, Аеродром, убава населба, убав стан, 50м2 може и повеќе ама плаќа 350 или 400е месечно, среден уреден. Плус сметки. Кој знае колку му излага. Ова е реалноста, цените се отидено во курац и во МК како и на запад, само што на запад, рачунај колку е просечна плата, а колку е во МК.
И немој да ми кажуваш, овој работел во ИТ, овој работел како инжинер пошто знам дека на форумов сте сите инжинери и ИТ леон мамички, зборам за просечен работник, со просечна плата. Изгледа дека 500-600 еур кирија на запад и не е многу ако ги споредиш просечните плати и кај живееш и какви шанси имаш за подобра работа и напредување отколку МК што толку се брани на темава и правда. Имаш 500-700 евра плата, даваш 220е кирија, плус сметки уште 150 евра, што ти останува друже? Само за јадење и да покриеш трошоци за гориво, некоја облека, крај со крај.
Тоа не се нормални цени.