Ти требало време - само испланирај го.
Ти требале пари - само заработи ги.
Ко бивши сте, од инает да се кажело нешто. Ајде, ќе ја забавуваме и таа идеја која звучи како предлог дејт еднаш или два три пати а не фиксно социјализирање. Онака, еднаш у месец да се видеш со некој. Ама трајно ли решение за социјализација е тоа? Ако секој ден акаш низ парк ќе ти требаат пари за патики или ќе ги изарчиш ем колената ем единствените за работа, башка сите не живеат до парк треба градски да зимаат, да се мафтаат по станица или пешки да стигнат - и да си најдеш другар од маало идеално до парк животот се менува, ќе се преселиш, ќе отиде на кирија, работа град ќе се смени итн. Тоа не ли се смета за пари и време? Ако ти се пријаде, ожеднеш? Ако збориме за социјализација која што ние ја знаеме папагал да си ќе научиш да збориш само за да кажеш преку кур од сончоглед у парк. Како може да кажеш научи да менаџираш време демек ако не зготвиш вечера и отидеш на сончоглед у парк магично добиваш екстра време у денот кое не се рачуна како време што се троши? И за парк треба време и пари, во право е
@Lester Freamon.
Зима шо ќе препорачате место паркови, ходници по зградите? Сум киснел многу лета по паркови и знам дека и тоа носи време и пари но е само поефтина варијанта, и затоа пишав и јас исто за социјализирање на запад:
—
Оф, па немање пари за некој е подолготрајна состојба бе другар. Еве лично другари од дома ме земале, плаќале сѐ и вратиле кога сум немал вишок пари за екскурсии и искачања и што со тоа? До колку пати тебе лично ќе ти е пријатно да живееш така, или евентуално се стига да го жртвуваш социјализирањето и си седиш дома? Другарството и блискоста се малце потешко заменливи но не лупетај.
Ти со тој ворк енд травел од три месеци си ја видел таа земја и луѓето таму за социјализирње еден ипол ден севкупно помеѓу разните смени и со целта за печалење, во комбинација со живењето километри одалечен бидејќи ссмо таку има ефтино за ворк студенти. Тука збориме за трајно решение околу социјализацијата и нејзини можности, за постабилен и подолг живот во странство а не кога единствен лик што го гледаш е Игор од Беч дојден да натовари неколку илјади долари за да си купи кола дома и може да оди кај другарите, не можеш да очекуваш за толку време и такви можности социјализација ниту имаш реална шнса да видиш дали е тешко или не воопшто да се има социјализација.
Театар и кино е само сетинг бе другари, пред тоа се иде на пијачка, после тоа се шета се збори за што се гледало, се отварате со лични примери, делите кола или јавен до дома, зборите, се испраќате… јас разбирам дека со добро друштво ќе седите за ич кај некој дома но да го претставувате тоа како трајно решение е просто инает водење, детски муабети. Дури и да не идеме чекор понатаму со поголеми работни и фамилијарни обврски и профил на луѓе што е често за иселеници каде ја немаат леснотијата за 5 мин да претрчат до другари или да пуштат децата у маало 6 саати како што сме растеле.
Ајде напиши ми како ти се социјализираше последните 15 денови штом одбиваш идење на кино макар и за милиони евра. Наброј ги начините и фрекфентноста да знаеме за што се збори кога се фали бурниот социјален живот кој го имаш дома а го немало на запад за време на ворк енд травел.