Се согласуваме дека Израел има „супериорно разузнавање“. Но можеш да објасниш како тоа имаат „супериорно разузнавање“ во Либан ама немаат „супериорно разузнавање“ во Израел па некако не дознале дека толку време се спремаат илјадници козоeaбачи да им направат масакр?
Ова е тоа истото размислување како со Талибанците.
Непријателот (Хамас) е свесен дека на Израелците им нема рамен во разузнавањето, особено електронското (затоа и Хезболах користеле пејџери и dumb уреди што не можат да бидат пробиени, како воки токи итн), па затоа користеле други начини на комуникација (жичана).
Хамас се свесни дека дури ни во асиметричен судир не можат да го поразат Израел, па имаа екстремно широка мрежа на тунели, начин на кој пробуваат да завршат 2 работи.
Идеално за hit & run напади
Идеално за поместување оружје, комуникација и организација од едно на друго место во Газа.
И на крајот е едноставно.
Имаш лојални борци, на кои и не им треба да им кажеш што планираш.
Кратко пред нападот, само ги ангажираш.
Секако, тука е и пресамоуверениот Израел, кој 15 години успешно се справува со Хамас во неколку наврати, потценувајќи ги.
Што кога следен пат ќе гаѓаат конкретни цели со намера да направат штета, а не симболичен гест на одмазда?
Сакаш да кажеш дека не можеа да убијат десетици илјади луѓе со тие 200 ракети? Дека не можеа како Израел да направат некој филм дека го гаѓале Нетанјаху или некој од другите?
Ненадеен напад. Значи ако претходниот беше најавен (по амбасади, со NOTAM и сл), за овој не се знаеше ништо (освен Американското разузнавање што ги предупреди сат-два пред нападот).
Очигледно е дека нападот е дизајниран за да предизвика штета.
Патем, ракети паднаа во населени места. Го гаѓаче Нетанјаху?
Напад со балистички ракети во никој случај не е ни одржлив за Иран... Ама е одржлив за Израел?
Како дојде до овој заклучок? Која од тие две држави има поголема производна инфраструктура за производство на проектили и дронови?
Израел нема балистички ракети од среден дострел за конвенционални напади.
Се што ќе прави Израел против Иран ќе оди преку авијацијата, како прилично одржлив начин на напади.
Кога ја спомнав Русија со Украина, Русија не ни пробува да гаѓа инфраструктура.
Блиску се, користат далеки поефтини ракети со краток дострел, но и тој начин не е одржлив, затоа не ни гаѓаат инфраструктура.
Да, прилично се ефективни Русите со нападите на складови, концентрации на војска итн.
Знаат самите дека балистичките ракети се скап и неодржлив метод за онеспособување на инфраструктура, затоа не се ни обидуваат.
Е сега замисли ги Иранците, кои немаат избор и мора да употребуваат ракети со среден дострел, кои се далеку посложени и поскапи од другиве.
По се изгледа на Израел не му оди баш со копнената офанзива во Либан. Не се кажува на која скала се престрелките, но Израел има доста жртви.
Не може тоа да го процениш од еден ден.
---------------
Патем, во врска со нападов, има мала веројатност во блиска иднина, ако продолжат да ескалираат работите, да Израел употреби нуклеарно оружје во обидот на ја уништи Иранската нуклеарна програма. Значи исклучиво тактичка употреба на нуклеарно оружје.
Ова произлегува од фактот што Иранските постројки (дел од нив) се закопани длабоко во планини и нема ефективен начин да се уништат со конвенционално оружје, не барем такво какво што има Израел (
имаат САД).
За ова доволно е да испровоцираат уште еден ваков напад од Иран (дали Израел ќе убие некој висок човек или ќе изврши напад врз воени цели во Иран на кои што Иран ќе мора да одговори) и да одат под оправдувањето дека Иран е со реални намери да го прекини постоењето на Израел.