Аман. Нели со ова утврдивме дека:
- Иран имаат со што да удрат во Израел, прецизно и ефикасно
- претходниот бараж беше намерно целосно без штета, овој со контролирана штета ама не врз витални објекти освен симболичните (аеродромот од кој се бомбардира Либан/Хезболах, и наоѓалиштата за гас)
Зошто тогаш сметаш дека ова не е предупредување, кога да направеле како Израел што прави, можеле да направат покољ по големите градови?
Иран потоа нема да врати, многу повеќе и посмртоносно од ова сега?
Кој е ендгејмот на Израел тука? MAD?
Не ја разбираш ефективноста.
Израел е ефективен во уништување цели од висока вредност, кои се голем удар за непријателот, благодарение на супериорното разузнавање.
Напад со балистички ракети во никој случај не е ни одржлив, ниту може да нанесе поголем удар што би им ги намалил способностите на Израел за војување.
Од друга страна, Израел ја има можноста да напаѓа стратешки објекти, да елиминира високи луѓе и да удри по клучни цели. Можеби го немаат капацитетот и тие за уништување на воени бази, аеродроми и сл. на одржлив начин заради далечината, но и тоа како се далеку поспособни за уништување на други, многу побитни мети.
Иран, дури и да ги истрела сите балистички ракети, загубите на Израел нема да бидат доволни за Израел да прекини да војува каде било вклучувајќи го и самиот Иран.
Патем, кои се загубите на Израел од последниот напад со ракети?
Истрелаа 200 ракети за да погодат 3-4 бараки?