еве јас ќе напишам нешто за Левица,
...има моменти кога целосно го подржувам Д.Апасиев во некој негов јавен говор во Собрание, а потоа и делување со поднесување на кривична за тоа што укажал, а не само јавно бла бла бла муабети како прави ВМРО ДПМНЕ без да поднесува кривични пријави, а не оптоваруваат на јавни медиуми видете го ова, видете го она, Антоанета т.е. екс Министерка за култура Бисера мече и пижами купила со државни пари, не летала со авион државните пари пропаднале или тој пратеник толку трошел во кафана, без да се поднесат кривична за истите, значи не го прекршиле законот, а дали воопшто го смениле законот што се дозволува вакво расипништво?
...ако законот им дозволува толкава сума да трошат без да одговараат за што трошат и колку трошат, треба да си ептен свесен да не го правиш тоа, а како што се докажало до сега не постои совесни политичари (може исклучоци), па затоа дошле во Собранието, партиски со несовесност и непошлусност во интерес на сопствената партија.
...дали го промениле тој член од парламентарниот законик или што и да е правилник, да не случуваат вакви очигледно дозволени трошење на државни пари без есап, к ур ми е двор ми е?
...барем до сега како не’ информираат јавно -НЕ се сллучи, а зошто? веднаш се добива слика дека не го менуваат тој пратенички, министерски личен буџет, можеби да важи и за нив таков комодитет за трошење на високи износи на државни пари за да би и тие трошеле како овие претходно? (иднината ќе покаже, да им се даде шанса).
"#Македонија НЕ е бинационална држава туку #мултинационална" - #Апасиев.
www.facebook.com
... ете да се вратиме во 2021 година
„Правниот тим на партијата Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против поранешниот уставен судија-Сали Мурати од Гостивар, поради постоење основано сомневање дека сторил кривичното дело саботажа, како дело против државата, казниво по чл. 315 од Кривичниот законик“
...што е право и вистинито - ЈЕ, рака на срце, овде конкретно Д.Апасиев потполно има право онака директно во сржта на поранешниот Уставен судија С.Мурати околу албанизација на муслиманите и негово неподржување на турскиот јазик во интерес на албанскиот јазик, иако се декларирал за Турчин (како преставник во парламентот од Движењето на Турците во Македонија .
Правниот тим на партијата Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против поранешниот уставен судија-Сали Мурати од
makfax.com.mk
...и не само празен бла бла муабет од говорница на Собрание, туку и делување со кривична за тоа незаконито делување на С.Мурати (потекло од Гостивар), така треба да делува и денес Власта во позадина на јавно обвинување за некој како работел треба да стои и барање одговорност и кривична пријава, а не само оптоварување на народот со информации кој што правел ме потсетува на времето со „ќе кажам на учителката“!
Цитирам околу причината за кривична пријава:
„Пријавениот се терети дека, на тој начин, сторил енормна политичко-правна штета на ниво на држава – овозможувајќи во правниот промет и сообраќај да стапи на сила т.н. „закон“ без потпис од шефот на државата, што е без преседан во нашата досегашна државно-правна историја! Со ова свое исклучително штетно дејствие, тој – занемарувајќи ја својата обврска како „чувар на Уставот и законите“, дополнително причинил и значителна имотна штета која се состои во тоа што сите стотици централни и локални органи и званични јавни институции, противуставно, биле приморани да ги сменат во двојазични своите официјални табли на кои се испишани нивните називи, потоа службените печати, штембили, меморандуми, коверти, интерни инсигнии, веб-сајтови и сл. – и на овој инсајдерски начин, со своето малициозно неделување и пропуштање службено дејствие, придонел да се оштети државниот буџет со апроксимативна сума од неколку милиони евра во денарска противвредност“, стои во писменото соопштение од Левицата.
Затворен цитат!
Јасно и гласно, нема тука што околу дејствувањето на Левица и Д.Апасиев, што се случи со таа кривична пријава и одговорност од 2021 година? појела маца одговорност, еве го влакно не му фали на дотичниот екс Уставен судија, уште не му се јасни работите, ама си тера „нисам ту, доџи јуче“!