Може да се чукаме у гради за се и сешто дека сме најстар народ на Балканот, дека од античките македонци па до ден денес ние сме со македонски корени, а забраваме дека иднината и минатото одат во различни насоки. Повеќе од очигледно е дека сами сме неспособни да водиме држава, болниците ни се потпираат на донации, пожарите чекаме да ни ги гаси некој друг, болните ги лекуваме преку СМС пораки, за безбедност се потпираме на сојузниците, општините ни се празнат од ден на ден, а ние водиме политички битки за историја човече, не за иднината него за историјата. Има една еврејска клетва вели да имаш па да немаш, е ние сме баш така, добивме држава на тацна, без војна но и ја е**вме мамата максимално што може и ете тука сме кај што сме. Неможеме да се помириме што Бугарија и Албанија во времето на комунизмот биле многу чекори поназад од Југославија, но луѓе веќе не сме во Југославија. Да, уште ги слушам тие муабети “за две червени”, поминато е бе тоа луѓе, одамна ги нема тие “червени” и ги нема тие кои се продавале за тие “червени”. Види ја Словенија, по осамостојувањето до денес, светлосни години пред нас, го имаат еден од најчистите градови во светот, за нас тоа е научна фантастика. Види ја Бугарија, веќе 17 години во ЕУ, имаат стандард многу повисок од нашиот, Софија со второ најдобро метро во Европа, пак научна фантастика за нас. Нашето Скопје тоне во ѓубре и неможе да го реши проблемот со градскиот превоз. Изиграваме некој хард кор патриоти и водиме инает, нема проблем може и така да тераме, но пред да одиме по тој пат предлагам сите да поминете низ северот на Косово (Лепосавич, Сочаница, Јариње) кај што живеат патриоти и несакаат да се интегрират во системот. Видете во какви куќи живеат, во какви услови живеат па после одлучете се за тој чекор. Изгубивме многу генерации и уште многу ќе изгубиме, не си патриот ако водиш дебата дека Гоце Делчев е само македонски војвода, патриот си ако за некој Гоце од Македонија створиш подобри услови за да не се отсели и остане тука да живее. Водиме крвави битки за толкување на историја? Со тоа темпо за неколку децении ќе нема кој да ни ја учи таа историја.