Turkish Airlines EuroLeague 2024/25

Кои тимови покрај Реал, ПАО и Олимпијакос ке одат во четвртфиналето?


  • Вкупно гласачи
    26

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.751
Поени од реакции
17.168
We feel devotion! Koнечно се ближиме кон новото, јубилејно 25. издание на Евролигата. Завесата на новата сезона ке се подигне во Берлин на дуелот помеѓу најлошиот и најдобриот тим од минатогодишното издание – Алба и Панатинаикос. Дебитант во најпрестижното кошаркарско натпреварување на Стариот континент ке биде Париз, а лигата ја напушти шпанската Валенсија. Новина е и селери кеп, ама тоа ке почне да функционира за три сезони. Во продолжение ви ги претставувам тимовите по редослед по кој мислам дека ке завршат во регуларниот дел. Фајнл форот се игра на 23. мај, а финалето и она „утешното“ се закажани два дена подоцна. Се уште не се знае кој ке биде домаќинот, а главни кандидати се Белград и Абу Даби.

Панатинаикос

Веројатно ретко кој веруваше дека Зелените од Атина ке дојдат до титулата, прва после тринаесет години, ама мајсторот за завршници, Ергин Атаман ги оправда вложувањата на контоверзниот сопственик Димитрис Јанакопулос. Грчкиот клуб направи само надоградување на некои позиции и тоа, ни мални, ни повеќе, туку со бомбастични играчи. Во прв ред се мисли на „нашинецот“ Чеди Осман, кој после неколку сезони се враќа да игра на европското тло. Сигурно и Лоренцо Браун на плејмејкерската позиција ке донесе многу во играта, а да не го заборавиме уште едниот играч кој дојде од НБА. Центарот Омер Јуртсевен. Клубот го напуштија Вилдоза, Манцукас и Балдеровски. Како благодарност, нови договори добија Грант, Нан, Григонис и тренерот Атаман.

Реал Мадрид

Минатогодишниот бранител на титулата се прошета низ регуларниот дел, ама потфрли кога најмногу требаше. Имаа навистина добар тим, но на крај ни тоа не гарантира дека некој ке ја освои Евролигата. Руди Фернандез и Серхио Родригез решија да ги закачат „патиките“ на клин. Француската тројка Поирер, Козие и Јабуселе го напуштија главниот град на Шпанија, додека првите двајца останаа во Евролигата, третиот отиде во НБА. Исто и Карлос Алосен си замина, а како замени пристигнаа Андрес Фелиз, Хавиер Ратан-Мајес, Усман Гаруба и секако најзвучното, повратникот Серж Ибака. Ветеранот Љуљ и Муса ги продолжија на по една година, а долгорочни добија Таварес и Хезоња.

Олимпијакос
Лани после драматичното минатогодишно четвртфинале каде после пресврт над Барселона се пласираа на Ф4 и го освоија утешното трето место, клубот од Пиреј реши да му се спротивстави на градскиот ривал и со „атомски“ бомби. Не само како одговор на одличните трансфери на Панатинаикос, туку и поради поразот во финалната серија после пресврт на вечниот ривал. Во Грција се врати предминатогодишниот МВП на Евролигата Саша Везенков кој стана најплатен играч во лигата, а во пакет од НБА со него пристигна и францускиот репрезентативец Еван Фурние. Бековската позиција Барцокас ја засили со двоецот Тајлер Дорси и Лука Вилдоза, кој дојде од Панатинаикос, додека Кинан Еванс е аквизиција во плејмејкерскиот маневар. „Благодарници“ добија Исаја Кана, Лук Сикма, Игнас Браздеикис и Михалис Лунцис. Нов договор доби и Алекс Питерс.

Фенербахче

Целата кошаркарска јавност во Европа се запрашува кој ке биде последниот патник, ако скоро сите ги гледаат гореспоменатите. Минатата сезона Димитрис Итудис доби отказ во Фенербахче, а на негово место дојде Шарунас Јасикевичиус. Нов договор покрај капитенот Махмутоглу доби и одличниот Хејс-Дејвис. Нормално следеа промени во освојувачот на Евролигата од 2017. година. Калатес, Сестина, Мадар, Мотли, Дорси, Хејзер, Папајанис и Нуа си заминаа од Босфорот. Никола Мели се врати на местото на успехот, а со него од Милано дојде и Девон Хол. Болдвин и Колсон како едни од најдобрите на играчи пристигнаа кај „Канаринците“. Огромна прашина подигна и враќањето на Бобан Марјановиќ од НБА, а доведени се и Бирч, Шаманиќ и Гази од градскиот ривал Ефес.

Монако

Саша Обрадовиќ пак успеа клубот од Кнежевството да го одведе на Ф4, а сега се на добар пат да го повторат успехот. После продолжувањето на договорот со Мајк Џејмс, како и на клучните играчи како Жаите, Мотејунас и Окобо, во клубот пристигна грчкиот двоец од Фенер – Папајанис и Калатес, кој треба да придонесе во градењето на играта во нападот со својот квалитет и способности. Од Филаделфија приста турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз, а новајлии се Вито Браун и Бегарин. Од клубот си замина Кемба Вокер, кој се пензионира, Џон Браун, Макунду, Оутара и Донта Хол и Џордон Лојд.

Барселона

Каталонците веќе неколку години талкаат во намера да ја освојат Евролигата. Поради слабите резултати цехот го плати Роџер Гримау, а Жоан Пењароја беше доведен на неговото место. Шпанецот во клубот го доведе Кевин Пантер, кој беше желба минатата година и на неговиот претходник. Јусуфа Фол дојде од АСВЕЛ и ја засили центарската линија, а на уште останатите три позиции пристигнаа засилувања – Чимезу Мету дојде од Детроит, Џастин Андерсон од Валенсија и Хуан Нунез од Улм. Од Каталонија си заминаа Нанџи, Мартинез, Каиседо, Паули, Оскар да Силва, Калиниќ Јокубитис и Рики Рубио.

Ефес

Лошиот почеток на сезоната ја плати тренерот Ердем Џан. Немаше управата стрпливост да го чека младиот стручњак, па стравувајќи дека уште една сезона нема да бидат во разигрувањето, го ангажираа неговиот помошник Томислав Мијатовиќ. И успеа да ги одведе во плеј-ин турнирот Хрватот. Нов договор потпиша и најдобриот играч Шејн ЛАркин. Американецот со турски пасош потпиша договор на четири години. Како големо засилување е доведен Венсан Поирер, од НБА пристигнуваат Стенли Џонсон и Џордан Нвора, а Роланд Смитс како бивш член на Жалгирис. Во плавиот дрес веќе нема да ги гледаме Тибор Плајс, Мајк Даум, Ертен Гази, Вил Клајбурн и Тајрик Џонс.

Партизан

Баш огромни очекувања имаа навивачите на белградските црно-бели лани, но на крај не се случи ништо. Фијаското бараше промени во тимот, но не коренити какви ги спроведе Жељко Обрадовиќ и спортскиот сектор. Од минатогодишниот тим единствено Балша Копривица остана „недопирлив“. Вања Маринковиќ, кој ке биде и нов капитен, после неколку сезони се врати во тимот од кој потекнува. Покрај Копривица под обрачите ке бидат и искусниот Брендон Дејвис кој доаѓа од Валенсија, како и Тајрик Џонс од Ефес. На крилниот центар е доведен Ајзеа Мајк кој беше меѓу подобрите играчи лани во Европкупот со Исак Бонга од минхенскиот Баерн. Многумина сметаат дека Обрадовиќ треба да доведе уште еден играч на оваа позиција. На популарната „тројка“ пристигнаа Стерлинг Браун од Aлба и Марио Накиќ од Игокеа, како и Алексеј Покушевски, кој доаѓа после двегодишна НБА авантура. На иста позиција со новиот капитен се доведени Габриел Лундберг од Виртус и Дуан Вашингтон ,бивш играч на неколку НБА клуба. На плејмејкерската позиција дојдоа францускиот репрезентивец Френк Никилина од Шарлот Хорнет, Карлик Џонс кој се покажа одлично на Олимписките игри во дресот на Судан и младиот Аријан Лакиќ од Задар. Листата на заминати играчи, пронајдете ја некаде.

Милано

Веќе неколку сезони пробува тимот од градот на модата да направи нешто, но и понатаму е безуспешно. Искусниот волк Еторе Месина реши тотално да ја промени центарската линија. Покрај Миротиќ и Ричи ги доведе Дејвид МекКормак од Галатасарај, Џош Нибо од Макаби, Усман Диоп од Сасари, како и добро познатото лице Зек Ледеј, кој се врати по три години од Партизан. Ненад Димитријевиќ сигурно ке не интересира највише. Нашиот репрезентативец пристигна во Милано после одличните настапи во дресот на УНИКС. Искусниот Фабиен Козиер доаѓа од мадридскиот Реал, а нови лица се и Леандро Балмаро кој пристигна од Баерн Минхен и Армони Брукс од развојните НБА тимови. Во „Градот на модата“ веќе нема да работат Маоло Ло, Валентин, Појтерс, Хол, Мели, Нејпиер, Војтман, Берон и МекГрудер, а легендарниот Карл Хајнс и кажа збогум на кошарката.

Басконија

Уште во мај Душко Ивановиќ и управата на клубот решија да го заврши четвртиот мандат, иако пристигна во Баскија во ноември минатата година. Како „кец на десетка“ дојде Пабло Ласо, кој поради фамилијарни причини го напушта Баерн и се врати во родната земја. После одличните настапи и титулата за најдобар стрелец, награда во вид на нов договор доби Маркус Хауард. Во северниот дел на Шпанија пристигнаа Тимоте Луваву (АСВЕЛ), Камар Болдвин (Тренто), Донта Хол (Милано), Огњен Јарамаз (Партизан) и Трент Форест (Атланта Хокс). Од клубот си заминаа Милер-Мекинтаер, кој беше најдобар асистент во Евролигата минатата година, Вања Маринковиќ, Ханзлик, Котсар, Костело, Диез, Чиоза и бившиот македонски репрезентативец Џордан Тиодор.

Макаби Тел Авив

Клубот со најмногу учества во најелитното европско кошаркарско натпреварување е жртва на случувањата во држава во која настапуваат. Лани после почетокот на сезоната беа приморани да најдат некоја друга држава во која ке настапуваат, а изборот падна на Белград, па така поради истата ситуација во Израел, приморани се да настапуваат и понатаму во главниот град на Србија. Имаа одличен тим минатата сезона, но за жал, поради состојбата, носителите си заминаа, па мораше „Гордоста на Израел“ да реагира. За „жолтите“ нови лица се Коби Симонс кој дојде од Торонто, а од НБА пристигнува и Венјен Габриел. Од ривалот – Хапоел пристигнуваат Леви Рендолф и Џејлен Хоард. Од кинескиот шампионат новајлија е Дерил Мејкон. Џордан Лојд (Монако) и Рокас Јокубаитис (Барселона) се единствените играчи кои настапуваа во лигата лани, а се нови. ОД клучните играчи останаа ДиБартоломео и Соркин, но си заминаа Нибо, Болдвин, Колсон и Браун. Како и Веб, Томасон и Кливленд.

Виртус Болоња

Изненадувачки добро лани тргна италијанскиот клуб лани, но на крајот почна да трокира и мораше да се задоволи само со место на плеј-ин турнирот. Не може да се избегне впечатокот дека лани тимот го „држеа“ ветерани како Белинели, Хекет, Шенгелија и Полонара кои и понатаму се дел од тимот. Покрај нив доведен е и триесет и четиригодишниот Вил Клајбурн од Ефес, а покрај него, скоро сите ке бидат дебитанти во Евролигата: Реџон Такер (Венеција), Рикардо Висконти (Пезаро), Мет Морган (Лондон Лајонс), Андрејс Грацулис (Тренто), Мухамет Диуф (Бреоган) и Никола Акеле (Бреша). Во градот со најстариот универзитет во светот веќе нема да живеат ветеранот Брајан Данстон, Лундберг, Добриќ, Мајки, Абас, Ломас и Масколо.

Црвенa Звезда

Многу промени имаше летово во „црвено-белите“ од Белград, меѓутоа беа задржани со нови договори Милош Теодосиќ, Бранко Лазиќ, Рокас Гедраитис, Јаго дос Сантос и Џоел Боломбој. Лани после неколку кола, иако поради големиот хајп, „колата тргнаа надолу“, па Ивановиќ мораше да биде заменет со Сферопулос. Причина зошто не ја гледам Ѕвезда меѓу конкурентите за плеј-ин е во тоа што му следува „огнено покрстување“ на грчкиот стручњак во првите неколку кола, што може да му ја одреди понатамошната судбина на клупата на српскиот и јадранскиот шампион. После едногодишната авантура од Барселона се врати Никола Калиниќ, исто како и Огњен Добриќ кој пристига од Болоња. Коди Милер-Мекинтаер е задолжен да ја креира играта. На шутерската позиција е доведен и Ајзеа Кенан од Олимпијакос, а под обрачите новодојдени се младиот Урош Плавшиќ и Мајк Даум. Многумина како слабост гледаат и тоа што не е доведен играч на „четврока“. Од Белград си заминаа Тоби, Томпкинс, Гилеспи, Смарт, Ханга и Топиќ, а Стефан Лазаревиќ се пресели во филијалата ФМП.

Жалгирис

Ке видиме што ке понуди харизматичниот Андреа Тринкиери во литванскиот шампион, откако лани на полусезона дојде по смената на Казис Максвитис. Како и секој нов тренер, така и тој скрои тим „по свој вкус“. Ветеранот Брајан Данстон дојде од Виртус, Ален Смајлагиќ од Партизан, а и Силвиан Франциско од Баерн Минхен. Тајрон Валас и Мат Мичел доаѓаат од турски клубови, првиот од Турк Телеком, другиот од Бешикташ. На крај тука се и домашните играч во прв ред Игнас Браздеикис кој доаѓа од Олимпијакос, како и Мантас Рубставичиус (Нов Зеланд) и Деивидас Сирвидис (Лиетекабилис). Кинан Еванс е најголемиот губиток – најдобриот играч од минатата сезона се пресели во Олимпијакос. Веќе дел од литванскиот шампион не се ни Рубставичиус, Хејс, Риверс, Лукосиунас, Монтвила, Смитс, Лавриновичиус и Самнер.

Баерн Минхен

Шокантно беше аминувањето на Пабло Ласо, но управата на клубот од Минхен го раскина договорот пријателски. На негово место беше ангажиран Гордон Херберт, кој лани со Германија го освои шампионатот на светот. Причината зошто ги гледам на самото дно е поради тоа што изгубија многу клучни играчи. Пред се Икаба, Бонга и Болмаро, а веќе дел од составот не се ни Радончиќ, Франсиско, Вајдман и Вимберг. Доведени се две аквизиции плејмејкерската позиција – Шабаз Нејпиер (Милано) и Јам Мадар (Фенербахче). Бразилецот да Силва доаѓа од Барселона, а покрај Нејпиер од „градот на модата“ пристига и репрезентативецот на „Панцерите“, Јенс Војтман. Уште една аквизиција е Кевин Јебо.

Париз

Лани го освоија Еврокупот и како награда добија учество во Евролигата. Целта им е сигурно да останат во најсилното европско натпреварување, но ке морат да се помачат добро. Во домашниот шампионат пак, не проаѓаа добро против АСВЕЛ и Монако. ПРедност зошто нема да ги видам на дното е поради „нашиот“ репрезентативец Ти Џеј Шортс, кој лани одигра феноменална сезона. А како надополнување му е донесен Маодо Ло од Милано. Хејс од Жалгирис и Оутара од Монако се доведени како опции со искуство од Евролигата, а тука се и Кавалије и Омс. Промена има и на тренерската позиција – Туома Исало замина во Мемфис, а од Хјустон пристигна Тиаго Сплитер.

АСВЕЛ

Славниот француски клуб и лани ја заврши сезоната неславно. По смената на Ти Џеј Паркер, кој е брат на сопственикот Тони, па на негово место дојде Ѓанмарко Поцеко, кој на крај исто доби отказ поради „некористење на младите играчи“. Легендарниот Нандо де Коло реши да остане уште една година во клубот, а новиот тренер Нил Сако ги ангажираше Тео Маледон од Феникс, кој важеше за огромен француски талент. Шекил Харисон и Адмирал Шефилд исто доаѓаат од најсилната лига на светот, првиот од Мемфис, другиот од Орландо, а нови лица се и Мелвин Ажинка и Тарик Блек. Од заминатите ке ги споменеме Јусуфа Фол и Тимоте Луваву.

Алба

Клубот од главнио град на светскиот шампион веќе две години по ред е на дното на табелата, а се чини дека покрај клубот од Лион и понатаму ке остане таму и ке се борат да не бида фенерџии. Новости нема многу, поточно само двајца играчи доведоа „Албатросите“ – Вил МекДовел Вајт од Нов Зеланд и Тревион Вилијамс (Улм). Дел од најслабиот тим минатата година во најпрестижното европско натпреварување веќе не се Браун, Никиќ и Тиман. Можеби најважни работи се задржувањето на Мат Томас и ѕвездата во успон Габриел Процида.
 
Последно уредено:

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.751
Поени од реакции
17.168

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.375
Поени од реакции
9.645
Moja prognoza

1-5 Oly Pao Real Fener Monako
Istite timovi od lani, najkompletni se.

6-10 Barsa Baskonia Partizan Makabi Milano
Site timovi tuka (osven Barsa) se toplo ladno, nestabilni.

11-14 Efes Zalgiris Zvezda Virtus
Neshto izmegju plejof i trubadurite :D

15-18 Baern Pariz Asvel Alba
Standardni trubaduri :pos:
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.751
Поени од реакции
17.168
Ау шпанските цигани го испушија курот, ај Барселона со Жалгирис беше онака, ама па реал од Баерн. Исто и Макаби се мачеше со АСВЕЛ, мада они потполно нов тим имаат.
 
Член од
10 мај 2022
Мислења
747
Поени од реакции
2.333
Рано е уште прво коло,мерак ми е Реал што изгубија.
@Partizanen banditen макаби се со ремонт нов тим,ама и партизан исто треба време да се уиграат неможе за нив ништо да збориме.
Барселона е крш не очекувам ништо од нив некое 7,8 место и на мускули да идат во разигурување.
@Harald баерн не е ни малку слаб сезонава може да помати сметки на многу клубови,Париз се нова екипа денес со звезда играат ај да ги видиме што ќе направат прва утакмица евролига.
 
Член од
11 април 2023
Мислења
2.026
Поени од реакции
6.579
Голем удар на почеток на сезоната за Фенер ,повредата на Вилбекин е сериозна ја пропушта цела сезона.:(
Нова преј алтернатива доаѓа од Феникс го немам пратено играчов ќе видиме како ќе се вклопи во екипата ако го донесат.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.375
Поени од реакции
9.645
Голем удар на почеток на сезоната за Фенер ,повредата на Вилбекин е сериозна ја пропушта цела сезона.:(
Нова преј алтернатива доаѓа од Феникс го немам пратено играчов ќе видиме како ќе се вклопи во екипата ако го донесат.
Nema srekja Fener so povredi, skoro i da nema sezona, da ne izgubat top igrach ushte na start.

Prvo kolo generalno ochekuvano.
Pao lesno so Alba, Monako lesno so Milano (ushte edna propala sezona vo najava),
Makabi i pokraj promenetiot tim dovolno dobar za Asvel.

Zalgiris i Baskonia ochekuvav da bidat izramneti, i iskoristija prednost na domashen teren.
Real beshe iznenaduvanje, izgleda tromavo ja pochnaa sezonata, a mozhe i ima zasituvanje kaj del od igrachite.

Fener ubedliv protiv Oly doma, Efes i Zvezda ochekuvav da bidat izramneti,
mozhebi mali iznenaduvanja nivnite pobedi.

Sprema prvata prognoza, mozhebi malku gi podceniv Baern, Efes i Zvezda,
a da go preceniv Milano, ama pak bi trebalo da bidat tuka nekade.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.751
Поени од реакции
17.168
Nema srekja Fener so povredi, skoro i da nema sezona, da ne izgubat top igrach ushte na start.

Prvo kolo generalno ochekuvano.
Pao lesno so Alba, Monako lesno so Milano (ushte edna propala sezona vo najava),
Makabi i pokraj promenetiot tim dovolno dobar za Asvel.

Zalgiris i Baskonia ochekuvav da bidat izramneti, i iskoristija prednost na domashen teren.
Real beshe iznenaduvanje, izgleda tromavo ja pochnaa sezonata, a mozhe i ima zasituvanje kaj del od igrachite.

Fener ubedliv protiv Oly doma, Efes i Zvezda ochekuvav da bidat izramneti,
mozhebi mali iznenaduvanja nivnite pobedi.

Sprema prvata prognoza, mozhebi malku gi podceniv Baern, Efes i Zvezda,
a da go preceniv Milano, ama pak bi trebalo da bidat tuka nekade.
По мене Еторе е веќе испукана пушка. Мада кога ке погледаш и они мака мачат со повредени играчи. Би сакал да видам како Тринкиери би се снашол во овој клуб, бидејќи имаат поголем буџет од Баерн и Жалгирис.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.375
Поени од реакции
9.645
По мене Еторе е веќе испукана пушка. Мада кога ке погледаш и они мака мачат со повредени играчи. Би сакал да видам како Тринкиери би се снашол во овој клуб, бидејќи имаат поголем буџет од Баерн и Жалгирис.
Ne znam sho da kazham. Etore e eden od najpochituvanite treneri vo Evroliga,
i Zheljko i Ataman go smetaat za eden od najdobrite treneri.
Milano mu dade dogovor za sportski direktor posle nekoa sezona.
Milano ima top 5-6 budzet godini unazad, klasa igrachi, "jaka franshiza"
sho bi rekle amerite.

A pak godini unazad se vo dolniot del na tabelata.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.751
Поени од реакции
17.168
Ne znam sho da kazham. Etore e eden od najpochituvanite treneri vo Evroliga,
i Zheljko i Ataman go smetaat za eden od najdobrite treneri.
Milano mu dade dogovor za sportski direktor posle nekoa sezona.
Milano ima top 5-6 budzet godini unazad, klasa igrachi, "jaka franshiza"
sho bi rekle amerite.

A pak godini unazad se vo dolniot del na tabelata.
Секако дека е еден од најдобрите, после мене Жоц, па он. Секако кажав Тринкиери или некој друг, на крај краева и едно име како Дaвид Блат кој е исто годиште со Жабаров реши да ја прекине кариерата пред неколку години и да биде консултант. Сигурно ако не оди, може да се врати на клупата.
 
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.626
Поени од реакции
1.174
Блат се повлече дека му беше дијагностицирана мултипла склероза уште кога беше во Олимпијакос пред 5 години.

А Еторе Месина е у огромен пад последниве години, го гази времето. А мислам дека има некој договор со Милано, каде што ги има споено функциите тренер и претседател на кошаркарски операции, у превод го контролира цел спортски сектор у клубот и како што седи нема намера да се повлече. Едино ако не се отпушти сам себеси :D
 
Член од
11 април 2023
Мислења
2.026
Поени од реакции
6.579
Денес Монако си го врати Лојд,кои во Макаби изигра само еден меч и спогодбено го раскина договорот со екипата.
Со ова по мене Монако е во топ 4 екипи во Еуролига моментално со ростерот кои го има на располагање.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom