Станови во Скопје, совети за купување.

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.614
Поени од реакции
4.710
Скопје има сообраќаен хаос во споредба со кој град? Солун? Белград? Сте возеле во Солун или Белград за време на сообраќаен шпиц?
Скопје има сообраќаен хаос во однос на самиот себе, оти има сообраќајници кои минуваат низ Центар, а се планирани, проектирани и изведени за потребите од послеземјотресно Скопје, не за Скопје во септември 2024-тата...
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.509
Процениле според одредени урбанистички, архитектонски и слични предуслови (околни расположиви природни ресурси, плодно земјиште...), од кои може да се процени дали одредено место е пренаселно или не.

Сигурно не процениле од позиција на стоматолози.

Под „инфраструктура„ се подразбираат сите градби и инсталации кои се водат/градат на или под површината од земјата. Така, ако градиш надземно, во облик од станбен и деловен простор во кои сместуваш станари или корисници, тоа градење „над„ условува и зголемено градење „на„ и „под„, што во Шкупи не е случај, па оттаму и оној метеж по сообраќајниците, кои не се димензионирани за население во Скопје кое сигурни чини 1/3 од вкупното население во Македонија.

Само погледни како се приоѓа сообраќајно кон кулите „Џеваир„ или кон ќутуците од „Голден арт„ во Лисиче...тоа го нема ниту во Бангладеш. Но тоа не е битно, битно е дека сум во Скопје, па нека е тоа во неговите најгусто населени делови.
Автоматски споено мислење:

А како некој, кој може, би отворил бизнис од областа на високите технологии, на пример?...
И тоа не било каде по светов, туку во „нашата земјата„...
Затоа те прашав како процениле, по која методологија, по образование сум градежник, и дел од професорите таму се за она што им влегува на магариците, пола литература им е заглавена во Југославија, а на тие позиции се оти по некоја случајност (врски) се наместиле и ќе бидат до смрт.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.735
Поени од реакции
36.700
Скопје има сообраќаен хаос во однос на самиот себе, оти има сообраќајници кои минуваат низ Центар, а се планирани, проектирани и изведени за потребите од послеземјотресно Скопје, не за Скопје во септември 2024-тата...
Колку градови во Европа се проектирани за наредните 100 години или они мислеле дај сеа ќе го направиме за утре коа ќе има градот х3 жители?

Ја го споредувам Скопје со градови од околијата кои имаат страшно поголеми гужви него ли Скопје.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.614
Поени од реакции
4.710
Колку градови во Европа се проектирани за наредните 100 години или они мислеле дај сеа ќе го направиме за утре коа ќе има градот х3 жители?

Ја го споредувам Скопје со градови од околијата кои имаат страшно поголеми гужви него ли Скопје.
Море...ако имаш инфраструктура/градски сообраќајници со добра профилација и пропусност, и да се појави сообраќајниот метеж, а се појавува неизбежно во „шпицевите„, сообрајаќот ќе се одвива со задоволителен проток од возила, а не како што е низ Шкупи, каде градските власти ставија семафори на секои 200м од улиците па ќе дочекаш пензија ако се обидеш да дојдеш од Драчево до Ѓ. Петров, на пример.

Никаде во светов не се планираат градови за 100г. однапред, туку градските власти редовно наоѓаат и решаваат градски проблеми, без да чекаат тие проблеми да се натрупаат децениски па отпосле некој ќе се сети дека во Центар не се поминува со кола, затоа што улиците биле тесни и градени ‘68-мата...
Автоматски споено мислење:

Затоа те прашав како процениле, по која методологија, по образование сум градежник, и дел од професорите таму се за она што им влегува на магариците, пола литература им е заглавена во Југославија, а на тие позиции се оти по некоја случајност (врски) се наместиле и ќе бидат до смрт.
Градежништвото од една и архитектурата и урбанизмот од друга страна, не третираат слична проблематика на сличен/ист начин.

Проценки се вршат според одредени урбанистичко/архитектонски нормативи и предуслови, комбинирани со податоци од други науки и истражувања, кои се корисни за оформување на поцелосна слика за (пред)условите за создавање пристојно место за живеење, гледано и како населено место и како поединечен објект.

Ако си купил стан, а немаш место/површина за паркирање, веќе имаш една причина која го намалува комодитетот од денешното живеење. Речиси и да нема семејство без две возила, ама нормативите не условуваат по 2 паркинг места за еден стан...

Професорите се тема сама за себе...
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.780
Поени од реакции
5.046
Ех да беше толку едноставно сите ке беа богати следејќи графикони..
Самиот знаеш тоа важи исто за акциите. Има многу повеќе фактори кои играат поголема улога во цената на имотите.

Доволно е само да нема понуда од нови станови 1-2 години во оштина кадешто интересот е голем. Тогаш макро економските показатели паѓаат во вода, а цената ке расте. И обратно цената да падне ако има премногу градби а недоволно интерес.
Прај што сакаш.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.735
Поени од реакции
36.700
Море...ако имаш инфраструктура/градски сообраќајници со добра профилација и пропусност, и да се појави сообраќајниот метеж, а се појавува неизбежно во „шпицевите„, сообрајаќот ќе се одвива со задоволителен проток од возила, а не како што е низ Шкупи, каде градските власти ставија семафори на секои 200м од улиците па ќе дочекаш пензија ако се обидеш да дојдеш од Драчево до Ѓ. Петров, на пример.

Никаде во светов не се планираат градови за 100г. однапред, туку градските власти редовно наоѓаат и решаваат градски проблеми, без да чекаат тие проблеми да се натрупаат децениски па отпосле некој ќе се сети дека во Центар не се поминува со кола, затоа што улиците биле тесни и градени ‘68-мата...
Ја мислам дека има еден куп булевари посебно последниве 15 години. Гологанов, Илинденска, Трета Македонска, Борис Трајковски, Србија, Климент Охридски, 8-ми Септември. Од Ѓорче до Драчево имаш 20 километри растојание и треба да поминеш по должина пола милионски град. Не знам за колку време очекувате да стигнете таму. И пак до таму само по булевари ќе возиш. Сеа имало гужва во центар или на некои точки низ Скопје, па ќе има сеа тоа е, 600-700 луѓе илјади циркулираат низ градов преку ден.

Мене барањата од луѓево на темава ми се вакви:

- Сакам да сум во централно градско подрачје и се да ми е блиску,
- ама не сакам да гледам во друга зграда, сакам да гледам во зеленило или парк,
- и бесплатен паркинг тука пред зградата сакам,
- сакам сегде да има патеки за точак ама и со кола да можам сегде да стигнам за макс 10мин,
- Се ова да чини 1,000 евра квадрат.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.155
Поени од реакции
24.200
А каде реков дека некој треба да ти продава по фер цена?

Цената ја одредуваат купувачите, не продавачите, колку и да изгледа обратно. Во Македонија понудата и побарувачката се изместени поради „вештачката“ побарувачка. Имаш целосно неписмен народ, кој, поради немање поим што да прави со парите, ги инвестира во недвижности, што создава вештачка побарувачка, прашањето е дали ќе дојде ден кога ќе им затребаат тие пари и ќе пукне балонот.

Овде каде што живеам има реален проблем со понудата, затоа што нема доволно недвижности за населението. Во реалноста, државата расте за речиси милион луѓе годишно, а се градат нови недвижности за едвај 200 илјади народ. За разлика од тоа, во Македонија населението се намалува за 150-200 илјади годишно, додека изградбата на недвижности расте како да расте населението за 200 илјади годишно.
lester cenata na bilo koj proizvod ja odreduva sopstvenikot. ako ne mu odgovara cenata ednostavno nemora da prodade. duri i na aukcija moze da odbie da prodade ako ne se postigne negoviot predodreden minimum. isto i na berza, cenata tamu e poslednata kompletirana tranzakcija ali sekogas imas ponuda/baranje za sledna tranzakcija.

pad na ceni radi premnogu prazni stanovi vo mkd moze da ima samo ako investitorite custvuvaat pritisok. od site so gi znam sto imaat po nekolku stana ili sto gradat jas ne poznavam eden da e ppd pritisok i da ne moze da se "snajde" bez kirija ili parite zarobeni vo stanot pa i za 5 godini...

druga rabota e sto ne sekoj e zainteresiran i saka da investira kako tebe. zborime za zemja dembelija kade drzavno e drzavno i ako mozes da rabotis online za stranec ti si snajden. dzabe zboris za biznis i investiranje toa e totalno tabu, gledas i u drugite temi kade biznismenite se skrzavi ili so ti ne. ne razbiraat, ne gi interesira i vo dogledno vreme nema da se smeni.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.614
Поени од реакции
4.710
Ја мислам дека има еден куп булевари посебно последниве 15 години. Гологанов, Илинденска, Трета Македонска, Борис Трајковски, Србија, Климент Охридски, 8-ми Септември. Од Ѓорче до Драчево имаш 20 километри растојание и треба да поминеш по должина пола милионски град. Не знам за колку време очекувате да стигнете таму. И пак до таму само по булевари ќе возиш. Сеа имало гужва во центар или на некои точки низ Скопје, па ќе има сеа тоа е, 600-700 луѓе илјади циркулираат низ градов преку ден.
Да, точно, булевари се изградени...ама пак не го воочуваш главниот проблем.

Наведените булевари, повеќето од нив, се изградени „доцна„, кога градов (Скопје) веќе беше (пре)населен па потребата од булевари сама од себе се појави, иако булеварите се планирани уште пред децении! Плус, дел од булеварите кои ги наведуваш, не минуваат низ Центар, туку бочно, што значи дека не го растеретуваат сообраќајот низ Центар, оти сите сообраќајни движења неизбежно минуваат од околината па низ Центар, туку наведените булевари ја поврзуваат околината со другата околина (околните делови) од Центар и нивниот профил и проточност не се целосно искористени.

„Борис Трајковски“ се‘ уште не е булевар, оти не е довршен во целата негова проектирана должина.
Автоматски споено мислење:

Мене барањата од луѓево на темава ми се вакви:

- Сакам да сум во централно градско подрачје и се да ми е блиску,
- ама не сакам да гледам во друга зграда, сакам да гледам во зеленило или парк,
- и бесплатен паркинг тука пред зградата сакам,
- сакам сегде да има патеки за точак ама и со кола да можам сегде да стигнам за макс 10мин,
- Се ова да чини 1,000 евра квадрат.
До кој орган се обраќаш со овие барања?...
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.735
Поени од реакции
36.700
Да, точно, булевари се изградени...ама пак не го воочуваш главниот проблем.

Наведените булевари, повеќето од нив, се изградени „доцна„, кога градов (Скопје) веќе беше (пре)населен па потребата од булевари сама од себе се појави, иако булеварите се планирани уште пред децении! Плус, дел од булеварите кои ги наведуваш, не минуваат низ Центар, туку бочно, што значи дека не го растеретуваат сообраќајот низ Центар, оти сите сообраќајни движења неизбежно минуваат од околината па низ Центар, туку наведените булевари ја поврзуваат околината со другата околина (околните делови) од Центар и нивниот профил и проточност не се целосно искористени.

„Борис Трајковски“ се‘ уште не е булевар, оти не е довршен во целата негова проектирана должина.
Автоматски споено мислење:

До кој орган се обраќаш со овие барања?...
Па тоа е идејата, да го растеретат самиот Центар со градење булевари околу за да не мора луѓето да поминуваат низ центарот со коли. Сигурно нема да прават булевар со 8 ленти да поминува среде Центар.

Евентуално коа ќе се среди сообраќајницата под Лимак, уште повеќе ќе се растерети тој дел кај Рамстор и Водњанска.
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.053
Поени од реакции
744
Шо подразбираш под инвестиција во недвижнина ?? Јас знам да едино имаш по некој исплашени па затвараат кеш во стан,,нешто шо е далеку од инвестиција
Да купиш недвижнина со пари кои ги имаш во џеб, без никакви кредити и задолжувања, и да успееш да ја издадеш со годишен поврат од минимум (во моментов) 5% од нејзината моментална парична вредност. Од 5% - 4.5% ти се поврат,а 0,5% ти е амортизација на недвижнината која за одреден период мораш да ја реновираш. Ова е гол минимум според мене.

Пример - стан од 75000 евра (сосе мебел) треба да го ренташ за минимум 3750 евра годишно од кои ќе тргаш секоја година барем 375 евра настрана за реновирања. Е сеа ова е равенка со многу непознати, но ова ми е мене некоја логична математика. Можеби ќе ти биде издаден станот 8-9 месеци, можеби ќе најдеш кираџија што ќе седи 10 години. Имам пријател што има исти кираџии 30 години. Буквално семеен бизнис имаат изградено во неговиот дуќан. И он среќен и они среќни.

Поволноста кај инвестирањето во недвижнини на добра локација и во квалитетна градба е што со текот на времето имаат тенденција да задржуваат и зголемуваат парична вредност, плус секогаш брзо ќе продадеш.

Ова е валидно само ако инвестираш твои пари кои ги имаш во џеб. Ако зимаш кредити - пиши пропало.
 
Член од
24 август 2017
Мислења
492
Поени од реакции
1.128

75к моментално со се мебел ти се некои 25-30мкв, станче шо ни во лудило ке го издајш за 375е. Ете во најдобар случај стај ги 250-300е со ок луѓе како станари од кој да ти е издаен нонстоп потребни се околу 25-30год да вратиш 75к...Стан/Куќа како шо имат тенденција да зголемит цена така имат тенденција и да паднит
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.614
Поени од реакции
4.710
Па тоа е идејата, да го растеретат самиот Центар со градење булевари околу за да не мора луѓето да поминуваат низ центарот со коли. Сигурно нема да прават булевар со 8 ленти да поминува среде Центар.

Евентуално коа ќе се среди сообраќајницата под Лимак, уште повеќе ќе се растерети тој дел кај Рамстор и Водњанска.
Ај вака...

Во покултурни земји, кога се врши проширување на некој дел од градот, прво и основно, се гради инфраструкурата (улици и инсталации), а дури потоа се преоѓа на градење на самите објекти.

Само во „забити„, каква што е и „нашата земјата„, градењето оди по обратен редослед-прво објекти па инфраструктура.

Која е логиката да, преку масовно градење ја оптеретиш постојната инфраструктура која не е доволна за ги опслужи новоизградените објекти, или, зашто прво се гради „Лимак„ со сиот негов габарит и мноштво од станови и деловен простор, па дури отпосле да се изведе „јужниот„ булевар (планиран уште од Танге!), како подземна сообраќајница?...
 
Член од
15 јануари 2020
Мислења
553
Поени од реакции
1.864
А зошто баш мора за ХХХ години да се врати инвестицијата?
Еве си купил стан за 100к евра.

Издаваш за кирија од 300е фиксно 10 години.

За 10 години си земал 36к евра.

Што поради инфлација што поради пазарни цени што поради побарувачка цената на станот ти пораснала за најмалце 15%

Го продаваш за 115к.

Ќар си ~50к за 10 години што ни во лудило не би го добил ако парите ти стоеле во банка.

Зошто побогу рачунате за колку време би ја вратил целата инвестиција??
Божем за Х или У години ќе дојде некој и ќе ви го одземе станот па калкулирате за колку време ќе ја вратите целата инвестиција.

Станот е ваш и за 5-10 години цената нема да му се намали од таа што сте го купиле па ако сака метеор нека падне во Скопје.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.735
Поени од реакции
36.700
Ај вака...

Во покултурни земји, кога се врши проширување на некој дел од градот, прво и основно, се гради инфраструкурата (улици и инсталации), а дури потоа се преоѓа на градење на самите објекти.

Само во „забити„, каква што е и „нашата земјата„, градењето оди по обратен редослед-прво објекти па инфраструктура.

Која е логиката да, преку масовно градење ја оптеретиш постојната инфраструктура која не е доволна за ги опслужи новоизградените објекти, или, зашто прво се гради „Лимак„ со сиот негов габарит и мноштво од станови и деловен простор, па дури отпосле да се изведе „јужниот„ булевар (планиран уште од Танге!), како подземна сообраќајница?...
Освен тоа што јужен е веќе изведен испод Лимак. Се чека на град Скопје да го поврзе.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.614
Поени од реакции
4.710
Освен тоа што јужен е веќе изведен испод Лимак. Се чека на град Скопје да го поврзе.
Што точно е изведено под „Лимак„?

Подземни паркинзи?...

Каде се влезните и излезните пристапи кон подземната сообраќајница, кои, ако почнат да се изведуваат, пак ќе има тешки градежни „претумбации„ околу стара железничка (предвиден е кружен тек кај „Нова Македонија„ и негово спуштање под „Лимак„ а кај ќе биде излезот, не ми е познато).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom