Станови во Скопје, совети за купување.

  • Креатор на темата Креатор на темата StarDrom
  • Време на започнување Време на започнување
А па кај сакаш да гледет ?? Не очеквиш валда Индџиково да ти гледет упм, за мене а вервам и за мнозинава ван метрополата - СК е од Сити Мал до Соборна, не очеквиш некој при здрав разум да гледат или платит +1800е за Аеродром,К.Вода, Ѓорче и остали места

Епа тоа ја објаснува цената на становите од Сити Мол до Соборна. Не знам што е се чудите.
Автоматски споено мислење:

Од секоја барем малку поголема зграда 2-3 стана минимум одат за мито. Тука се дискутира пазарна економија, а нелегално се скратува понудата и другите треба да ја надокнадат цената. Позновам двајца мунгоси што од нивната општинска/државна работа со плата од од 35к за 3-4 години накалемија по 4 стана. Ете ги после промената на власт сега глумат градежни инжинери на овие наши патишта по тендер фирмите. Уште имам принери да редам.

Да, пазарот ја диктира цената ама откако некој ја крати понудата и другите треба да ги надокнадат тие.

Мито и “услуги” постојат секаде. Во големите градови на Западот тие се милионски и се даваат на други начини зашто и конкуренцијата за секоја парцела е многу по жестока од ова кај нас. Цената е таква зашто цела Македонија сака да живее во зграда на потег Сити Мол - Капитол.
 
Многу ретки се тие цени од 2,500 евра. Ама ќе видиш дека на темава се дискутира само за цени од околу 2,000 евра зашто очигледно сите гледаат станови во две-три скопски населби. И тука лежи зајакот зашто становите во тие населби се толку скапи.
Тие населби се строг центар. Во било кој главен град низ светот па и Балканот. Центарот има населби што се екстремно скапи.
Таму купуваат обично луѓето со висок прилив на пари, со надследство, компании итн итн. Затоа и цените се такви какви што се и се продаваат становите. Еве да речеме карпош, дебар маало. Се буткаат куќи 2-3 и се прави зграда.
Е сега ако во 2010 имало 100 куќи во тие населби, во 2020 ке има 60-70 куќи. Нема ни простор да се гради, затоа и се наоѓаат екстремно скапи куќи таму од пола милион и нагоре!

Ама тие куќи нема да ги купи обичен човек со нормална плата. Се купуваат да се турнат за зграда или како луксуз на некој што има премногу пари па сака да живее на таа локација. Сите населби што се подалеку од строгиот центар цената им опаѓа како што одиш подалеку. Така е во странство така е и тука.

Фино лепо еве ти. Пола милионче бато. Али јбг, и овој маркет постои.
 
Што е тоа здрав разум?
Се мачка на леб?

Според твое здраво мислење уште колку станови може таму да се изградат?

Искрено одамна и тој дел од градот е уништен од градежната мафија ама се уште има по некое зеленило и паркче овде онде барем низ карпошите и Тафталиџе
Е сега прашањето е до кога ако сите со здрав разум бараат таму
И сам знаеш дека како концепт не постои таму, затоа и си заминал.

Не можеш да објасниш вакви работи на народ што се радува и тепа за станче од 60м2, трособен и тоа, и каде ќе се молат да умри бабата за да може да се жени внукот.

Се додека имаат пластично лајче за гризење, од омиено Макијато, не им треба ништо друго.

И да, Скопје им е метропола, тешка мизерија од архитектура, лоша поставеност како град, катастрофа инфраструктура, не за џабе регионот има повеќе случаи на рак од милионски градови во светот.
 
Остај ги брат, толку им дал господ, да живеат во мизерија. Да беа сите паметни и програмери во Австралија ќе отидеа или Шведска.
 
1000009551.png
Цената на становите во Македонија е зголемена за 200% за 25 години.
 
Остај ги брат, толку им дал господ, да живеат во мизерија. Да беа сите паметни и програмери во Австралија ќе отидеа или Шведска.
Толку пеер, тебе до кога ќе те држат во детската соба?
 
Просечна плата во октомври 2004та била 12600 денари, Октомври 24та ќе биди 43000 денари а тоа е раст од 350%.
Se gledat minimalecot poso ako gledas prosek e farsa, vo prevod Stanko jajt meso, Petko zelka a zaedno dobivet sarma e to ti e prosekot
 
1000009552.png
Растот на станови има негативна корелација со златото. А златото расте кога фед стега а е слаб бдп раст и кога фед олабавува и е добар бдп раст во обратите случаи паѓа. Сега фед олабавува и бдп е проектиран за плус значи станови нема да одат добро а златот ќе оди добро.
 
Последно уредено:
Se gledat minimalecot poso ako gledas prosek e farsa, vo prevod Stanko jajt meso, Petko zelka a zaedno dobivet sarma e to ti e prosekot
Се гледа медиана, исто се гледаат и Price-to-Income Ratio и Housing Affordability Index, но чисто се сомневам дека ќе ги најдете за Македонија, и уште помалку да се прецизни.
Автоматски споено мислење:

Инаку еве ви интересна статистика, со податоци собрани со scraper, и линк до оригиналниот пост на колегата:

1726404686833.png1726404693533.png1726404699079.png1726404704115.png
 
Последно уредено:
Друже, а ти поседуваш некаков недвижен имот?

Бидејќи од мое искуство, најинформирани за цените на недвижностите се луѓе кои живеат под кирија и возат точак.
 
Прегледај го приврзокот 429289
Растот на станови има негативна корелација со златото. А златото расте кога фед стега а е слаб бдп раст и кога фед олабавува и е добар бдп раст во обратите случаи паѓа. Сега фед олабавува и бдп е проектиран за плус значи станови нема да одат добро а златот ќе оди добро.
Ех да беше толку едноставно сите ке беа богати следејќи графикони..
Самиот знаеш тоа важи исто за акциите. Има многу повеќе фактори кои играат поголема улога во цената на имотите.

Доволно е само да нема понуда од нови станови 1-2 години во оштина кадешто интересот е голем. Тогаш макро економските показатели паѓаат во вода, а цената ке расте. И обратно цената да падне ако има премногу градби а недоволно интерес.
 
Последно уредено:
Се гледа медиана, исто се гледаат и Price-to-Income Ratio и Housing Affordability Index, но чисто се сомневам дека ќе ги најдете за Македонија, и уште помалку да се прецизни.
Автоматски споено мислење:

Инаку еве ви интересна статистика, со податоци собрани со scraper, и линк до оригиналниот пост на колегата:

Прегледај го приврзокот 429309Прегледај го приврзокот 429310Прегледај го приврзокот 429311Прегледај го приврзокот 429312
Mi ispadna statijava od likot

Па добра му е анализата. Само уште да му се испита методологијата на прибирање податоци.

Мене ми стои дека дечково тргнал да купува стан, се исфрустрирал од цените и почнал да “анализира” со цел да изврши некаков притисок на цените. Или да му олесни бар малку.

,,Благодарение на напорите на софтверскиот инженер Димитар Бежановски кој и самиот имаше проблеми со различните цени на станови во Скопје, имаме нешто појасна слика за состојбата на пазарот на недвижности во главниот град’’
 
Друже, а ти поседуваш некаков недвижен имот?

Бидејќи од мое искуство, најинформирани за цените на недвижностите се луѓе кои живеат под кирија и возат точак.
Мене ме прашуваш, или друг член?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom