- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3.433
- Поени од реакции
- 7.198
Мене во моментов кај Пелистер една работа не ми е јасна: како можи толку многу да го трошиш Фитиљ речиси цел натпревар во два правци, како играч кој е лидер и го носи тимот, а на клупа го имаш Петар, кој може да игра на халф во одбрана, со што би го одморил Фитиљ во фаза на одбрана и би го задржал свеж за напад, а не го користиш него, туку го играш Дејан Манасков 60 минути – играч кој игра само во напад и реално е далеку од старата форма, чиниш по 10 акции се креираат за него секој натпревар па е толку нужен играч, а за возврат си осакатен во одбрана во текот на цел натпревар со неиграњето на Петар.
Исто мислам дека му требаа едно 10 натпревари на Бранче оваа сезона за да сфати дека Павле и Абутовиќ се најдоброто решение на 3 и 4 во одбрана, благодарение на подготвителните натпревари, инаку ќе се бламираше со Борзаш на 3, кој е дупка во одбрана.
Ова се се легитимни забелешки и се работи на кои од ракометна страна треба да се фокусира тимот како е воопшто можно да се решат. Со еден-два трансфери идното лето е возможно да се среди цела екипа (ако не им замини некој клучен), само треба мудро дотогаш и пополека чекор по чекор нанапред.
Јас имам забелешки за како се води тактички екипата во некои аспекти, ама има вистина и во тоа дека подготвителниот период се користи да истестираш некои варијанти, да видиш дали нешто може да биде од корист. Затоа и не ме нервира толку што се играло досега (дури ни експериментите), туку што ќе се игра кога е битно. Барем добро е што релативно брзо сфатија дека мора малку поинаку да функционира ротацијата и дека Павле е единствениот во тимот што во моментот може да го реши главниот проблем. А за Кајо и имањето на 3 леви крила се е кажано, останува да се надеваме дека ќе научат од грешката...