Друже, за да фатиш тендер со тиер 1 компанија се потребни неколку работи:
најбитна - конекција директно со тој клиент (или често познати како консултанти
), сериозен кадар, сериозен кеш затоа што многу од нив имаат рокови за плаќање од по 60 денови после потврда и прифаќање на тој модул (кај корпорации самата верификација знае да биде со недели, имаш многу сектори кои се вклучени, па некој бил отсутен, па болен, па немал време....), едно чудо од сертификации што на ниво на фирма и што на ниво на самите вработени (не мора ни да работат на проектот, само да имаш за на тендерите), осигурувања (од наше искуство најчесто се над 5М покритие и тоа не само professional indemnity, туку и public liability insurance, third party insurance, fleet insurance ако имаш возила, data insurace ако чувате било каков податок), процедури за се можно (чување на документација, бекапирање, безбедност при работа, quality control, environmental, па дури имам налетано и за како го менаџираш менталното здравје, т.е дали имаш процедури како навремено да се процени дека некој има таков проблем, и дали фирмата има програма со која ќе и помогне на таа особа)).
Е сега за да ги имаш консултантите, често таквите се луѓе кои се мигрирани од државата и успеале, што значи за развој на ваков сектор ти е клучна дијаспората.
Јас имам пишувано, досегашното мое искуство е прилично негативно со вакви, едно копиле на проект во Австрија ми се фрли како да сум го отепал татко му на сред состанок, од готово договорена работа со двајцата други негови колеги (австријци), овој притисна од негова страна и работата ја фати локална австриска фирма, не ние, а бевме и поефтини, и имавме веќе сработено далеку поголеми проекти од нив. Реално тоа беше одличен проект за пробивање на тој пазар. Исто сум пробал да контактирам повеќемина наши на Linkedin кои гледам дека се на влијателни позиции во јаки фирми низ Европа, или нема ни да ти вратат, или ќе те одјеби уште од старт, или ќе те матка дека го проследил твојот контакт на колегите но нема никогаш да бидеш контактиран.
И на крај ти е политиката (министри), амбасадорите, конзултатите и слични на нив, имаат сериозна можност за презентација на државата и овој бизнис пред директори на таквите компании. Јас нема да поминам ни покрај секретарката на СЕО-то на некоја компанија што врти по 500+ милиони годишно, но тие таквите се поканети на милијарда настани каде присуствуваат и овие нашите чауши, па со народ што знае што прави, може да се донесат многу инвестиции.