Моментална ситуација во ИТ индустрија, вработувања

Член од
12 август 2024
Мислења
181
Поени од реакции
444
Да речеме дека генерално би се сложил со тебе. Не би се сложил околу делот дека е толку лошо да си аутсорсинг фирма. И фирмите кај комшииве околу Македонија се претежно аутсорсинг фирми, ама сепак постои разлика. Во нивниот сектор најдоходовните консултантски фирми се фирми основани од домашен капитал. Клиентите кои што тие фирми ги фатиле се tier 1 компании, додека нашиве компании оформени од странски или мешовит капитал фаќаат проекти на скандинавски стартап фирмички или фирмички лоцирани по холандски села...
Да, ова си тотално во право и добро е да се има зашто ќе имаат директна комуникација со tier 1. Кај нас се обично трета рака. Обично ги зимаат гиганти, па имаат подизведувачи од помали земји(но развиени) и потоа тие аутсорсаат тука. Имав интервју во една домашна мала аутсорс фирма која работи на дел од софтверот па да речеме можеби и најголемата фирма од својата бранша во Европа. Тие се трета рака, главни беа гигант од Франција, подизведувач од мала ама ептен развиена земја кои пак аутсорираа во фирмата од МК.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Да речеме дека генерално би се сложил со тебе. Не би се сложил околу делот дека е толку лошо да си аутсорсинг фирма. И фирмите кај комшииве околу Македонија се претежно аутсорсинг фирми, ама сепак постои разлика. Во нивниот сектор најдоходовните консултантски фирми се фирми основани од домашен капитал. Клиентите кои што тие фирми ги фатиле се tier 1 компании, додека нашиве компании оформени од странски или мешовит капитал фаќаат проекти на скандинавски стартап фирмички или фирмички лоцирани по холандски села...
Друже, за да фатиш тендер со тиер 1 компанија се потребни неколку работи: најбитна - конекција директно со тој клиент (или често познати како консултанти :) ), сериозен кадар, сериозен кеш затоа што многу од нив имаат рокови за плаќање од по 60 денови после потврда и прифаќање на тој модул (кај корпорации самата верификација знае да биде со недели, имаш многу сектори кои се вклучени, па некој бил отсутен, па болен, па немал време....), едно чудо од сертификации што на ниво на фирма и што на ниво на самите вработени (не мора ни да работат на проектот, само да имаш за на тендерите), осигурувања (од наше искуство најчесто се над 5М покритие и тоа не само professional indemnity, туку и public liability insurance, third party insurance, fleet insurance ако имаш возила, data insurace ако чувате било каков податок), процедури за се можно (чување на документација, бекапирање, безбедност при работа, quality control, environmental, па дури имам налетано и за како го менаџираш менталното здравје, т.е дали имаш процедури како навремено да се процени дека некој има таков проблем, и дали фирмата има програма со која ќе и помогне на таа особа)).

Е сега за да ги имаш консултантите, често таквите се луѓе кои се мигрирани од државата и успеале, што значи за развој на ваков сектор ти е клучна дијаспората.
Јас имам пишувано, досегашното мое искуство е прилично негативно со вакви, едно копиле на проект во Австрија ми се фрли како да сум го отепал татко му на сред состанок, од готово договорена работа со двајцата други негови колеги (австријци), овој притисна од негова страна и работата ја фати локална австриска фирма, не ние, а бевме и поефтини, и имавме веќе сработено далеку поголеми проекти од нив. Реално тоа беше одличен проект за пробивање на тој пазар. Исто сум пробал да контактирам повеќемина наши на Linkedin кои гледам дека се на влијателни позиции во јаки фирми низ Европа, или нема ни да ти вратат, или ќе те одјеби уште од старт, или ќе те матка дека го проследил твојот контакт на колегите но нема никогаш да бидеш контактиран.

И на крај ти е политиката (министри), амбасадорите, конзултатите и слични на нив, имаат сериозна можност за презентација на државата и овој бизнис пред директори на таквите компании. Јас нема да поминам ни покрај секретарката на СЕО-то на некоја компанија што врти по 500+ милиони годишно, но тие таквите се поканети на милијарда настани каде присуствуваат и овие нашите чауши, па со народ што знае што прави, може да се донесат многу инвестиции.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
12.012
Поени од реакции
18.830

А баш пред малку/некоја страна правевме муабет колку Македонци иселени имало и колку биле успешни. На неколку проекти имам работено директно за вакви гиганти, во менаџмент на овие компании гиганти имам видено Срби, Грци, Словенци, Бугари итн. Македонци неам видено. Толку.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
А баш пред малку/некоја страна правевме муабет колку Македонци иселени имало и колку биле успешни. На неколку проекти имам работено директно за вакви гиганти, во менаџмент на овие компании гиганти имам видено Срби, Грци, Словенци, Бугари итн. Македонци неам видено. Толку.
Да, ретки се, најчесто се на вакви високи позиции:
1726644654393.png 1726644592191.png
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
И на крај ти е политиката (министри), амбасадорите, конзултатите и слични на нив, имаат сериозна можност за презентација на државата и овој бизнис пред директори на таквите компании. Јас нема да поминам ни покрај секретарката на СЕО-то на некоја компанија што врти по 500+ милиони годишно, но тие таквите се поканети на милијарда настани каде присуствуваат и овие нашите чауши, па со народ што знае што прави, може да се донесат многу инвестиции.
Еве замисли се ти Амбасадор, одиш во некој таков собир на пример, со воља да донесеш работа во Македонија. Што ќе им речеш ?

Земено во глобала доста фабрики се отворија во последниот период кај нас. Али генерално освен евтина работна сила и разноразни субвенции и олеснувања, таков тип на човек и незнае што може да понуди. Аусорсингот исто спаѓа во тоа.

Оваа битка се води на подруго ниво. Не на ниво на Амбасадори. Оваа битка треба јас и ти да ја водиме.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Еве замисли се ти Амбасадор, одиш во некој таков собир на пример, со воља да донесеш работа во Македонија. Што ќе им речеш ?

Земено во глобала доста фабрики се отворија во последниот период кај нас. Али генерално освен евтина работна сила и разноразни субвенции и олеснувања, таков тип на човек и незнае што може да понуди. Аусорсингот исто спаѓа во тоа.
Па тоа е проблемот, тој е амбасадор за да ги претставува интересите на државата и народот, финтата е што овие се исклучени од реалноста. За да функционира ова треба да имаш во самата држава бизнис заедница која ќе ја трча цела работа и ќе има редовна комуникација со бизнисите, па овие надвор да знаат што да зборуваат. Доволно е само да им каже дека како држава имаме фирми кои може да им заштедат оперативни трошоци, без да се компензира на квалитет на извршена работа и да собере/сподели контакт.

Оваа битка се води на подруго ниво. Не на ниво на Амбасадори. Оваа битка треба јас и ти да ја водиме.
Пример?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Си одговори погоре, организирана и единствена бизнис заедница која ќе ја турка цела работа. Ако чекаш од државата ништо нема да дочекаш, уствари ние немаме држава. На волкот му е дебел вратот дека сам си ги коле овците. Зборот ми е треба да си помагаме меѓусебно и да се туркаме напред, а не како тие од Австрија што ги збориш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom