Бато да не те цитирам на 10 поста, еве ја јадам секој ден минимум 5 или у милилитри околу 200мл и крвта ми е топ, сила и издржливост топ. Единствено што губам е сало.
Ако сакаш донеси некој веган и ќе тестираме тестостерон и крвна слика општо да видиме кој изгледа и има поздрави параметри.
Ајде пиши што е по тебе идеална формула за здравје и ФУНКЦИОНАЛЕН живот
Епа ето мене ме интересираше дали си проверил некогаш LDL, HDL или случајно apoB и кои ти се вредностите.
И колку имаш холестерол ова сигурно си проверувал.
Како и да е според мене јајце, јогурт,риба,сардина, skinless chicken breast ,не се толку проблем.
Сепак зависи и како ги готвиш...и со што ги јадеш...
Ако ги готвиш со 1л масло, или ги јадеш со леб, пржен помфрит, кока кола, торта итд...пак би рекол не е од местото....
И како и да е сепак мислам растителна храна е подобра но и ова не е толку лошо..
Само да се избегнува процесирана храна,леб,пржено,масло/сало,благо,крофни, алхохол,пици, чипсови,грицки,газирани сокови.
И друго што би сакал да напоменам...ако се готви на висока температура можеби подобро е со животинска маст него со масло...дека животинската маст не деградира иако е штетна дека има заситени масти....додека во растителните масла нема заситени масти но кога деградира формира Транс-масти што се многу полоши од заситените масти.
А претпоставувам дека за готвење многу помалку се реди животинска маст него ли масло, така да и помалку калории би внесол.