Просто е интересно како на секоја случка секогаш сите што пишуваат (а 15 различни луѓе пишаа) знаат се' како било, баш они присуствувале лично, секогаш другите бегаат, само они не каменуваат, само они немаат ножеви, секогаш се со голи раце итн.
Секогаш имаат пристап до полициски билтен, не знам дали рефрешираат соопштенија на сајтот на МВР или се БФФ со џандарите, па одма им јавуваат.
Гостување на 15-тина души со знаме, во работен ден, на најсрање време кога не ти се живее, не па да се затераш на толкав пат, без најава, кога знаеш дека ќе те чекаат, не можеш да не го поздравиш
А се случувало и друг пат (ракомет во Битола, два пати на фудбал во Тетово со Шкендија и Ренова, на фудбал во Куманово со Шкендија, гостување со Руфеја во Милетино, во Кавадарци на куп едвај едно комбе, во Нови Сад 15 луѓе со истовар пред канцеларијата на Фирма итн).
Тоа е исто како некој ненајавено да дојде во Железара, Ѓорче, па еве нека биде и Кадино или Илинден. Не зборам одење инкогнито, па ќе сликнеш стикер или одење без знаме, туку навивачки.
Освен Шверцери кога беа трета лига и Рибари, уште немало такви будали од ривалскиве групи.