ФИТР во 2023 имал 10м+ буџет на јавни повици. Значи веќе некој е спонзориран и има кој да спонзорира, проблемот е што за иновација се смета купување на 3Д принтер. Втор инвеститор би била фирма која таргетира пазар на кој може да конкурираме, или сме лидери, во некоја гранка со повеќе можности, а трето е секако државата на која и е полезно да инвестира систематски, јас сум убеден дека со 30м годишно може да развива и одржува софтвер со неколкукратна ефикасност ако ги замени набавките самата држава, кои се полуфункционални и застарени.
Не е само во Македонија, насекаде може да протнеш глупости како иновација. Во Македонија проблемот е што ќе добиеш спонзорство само ако се согласиш да ги поделиш парите со тие што ти го даваат грантот.
Од она што научив досега, за вистински иновации потребни се многу повеќе средства од тие 10 милиони, плус најчесто иновациите почнуваат од луѓе со пасија за ова, па потоа се наоѓа некој што ќе ги спонзорира, или пак се развиваат во големи компании кои веќе имаат знаење, искуство и приходи од неколку стотици милиони, па неколку милиони за иновација се како да организирале да честат по една пијачка (плус во странство ти се пребива данок за R&D, уште една мотивација).
Имав прилика да се запознаам со едно типче кое работел 9 години CSIRO, па 8 години во Боинг, па сега почнал да развива негов робот за во рударство. Типчето само во pre-sales имал продадено 3 милиони вредни уреди на BHP и Rio Tinto, и кажа дека ги споил CSIRO, инаку да стигнеш до тиер 1 компанија како стартап е речиси невозможно. Плус договор за користење на лабораториите на CSIRO и помош со апликации кои се развиени само за нив. После година и пол продавање на реалниот уред, фирма од 2ца, имаа над 5м приход и веќе Австралиското министерство за одбрана им даде грантови и почнаа да развиваат робот за војската (не знам бројки, но чисто се сомневам дека и ова е под 10м со оглед на комплексноста и споредено со проекти кои биле објавувани јавно).
Е сега само за играње на старт, пред да добијат и денар на користење, имале потрошено околу 300к (hesai и velodyne сензори, и уште едно чудо друга опрема, плус работел некои 14 месеци без плата, т.е живеел од заштедата), нешто што во Македонија освен ако не застане зад тебе фирма, шанса нема да ги инвестираш како приватно лице. И најбитното, знаење, едно е тоа што ќе го научиш од книгите, а друго е со работење за фирми од калибар на овие 2 погоре, нешто што како држава сме многу далеку.
Уште еден премногу сериозен проблем е што најчесто ваквите проекти се на локално ниво, т.е во истата држава. Тешко се нафаќа некој да спонзорира туѓи фирми, нешто што не верувам дека ќе го дочекам за таму.
Е затоа ние сме шивачници за рандом апликации, имаме и ние продукти, но далеку од тоа дека имаме нешто што прв пат почнало да се куца кај нас, или дека сме куцале нови системи и фрејмворци од нула, се е реискористување и аплицирање на готовите библиотеки.