Македонски апликации

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.186
Поени од реакции
5.244
Темава ја отварам за да се дискутира, да презентираме македонски апликации за мобилните уреди. Ако воопшто постои ваква тема нека ја спојат модераторите.

Вчера случајно на Инстаграм ми се појави реклама за македонска апликација со наслов Spot. Апликација која е личен македонски шопинг асистент . Со помош на локатор препознава на мапата од кој град си и каде живееш ( како Google maps) па си бираш едно од понудените категории облека, техника, ресторани.. и ти дава каде има попусти на самата мапа
1598182823000.png
Кликаш на попустот и ти прикажува што е на попуст плус најинтересно е ти дава опција Go да видиш на мапата колку е одалечена локација (продавницата, ресторанот) каде се наоѓа попустот, исто така има опција да се вклучи нотификација за секоја категорија или бренд па да ти стига кога има попуст.

Би било добро и мој предлог кој им го пишав на порака е во самава апликација да се додадат и супермаркети како Веро, Тинекс, Кам, Рептил и други па со тоа би се добило на поголемо и масовно користење на апликацијава.
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.186
Поени од реакции
5.244
Апликацијава Spot е втора во листата Top Free апликации на Play Store Android :aplauz:

Има значи заинтересираност за апликацијава. Корисна е да не мора да луташ да бараш каде има попуст акции.
 
Член од
14 февруари 2018
Мислења
96
Поени од реакции
46
SPOT Апликацијата е одлична! Ја симнав и многу е од корист. Би сакал да знам или доколу можеш/си во можност, да ги постираш (споделиш) како листа сите македонски апликации кои се достапни за iOS како и за Android. Бидејќи навистина сакам да знам кој се наши Македонски Апликации но тешко е од само барање. Фала унапред!


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.186
Поени од реакции
5.244
SPOT Апликацијата е одлична! Ја симнав и многу е од корист. Би сакал да знам или доколу можеш/си во можност, да ги постираш (споделиш) како листа сите македонски апликации кои се достапни за iOS како и за Android. Бидејќи навистина сакам да знам кој се наши Македонски Апликации но тешко е од само барање. Фала унапред!


Sent from my iPhone using Tapatalk
Не знам дали некаде може да се најде листа на македонски мобилни апликации па затоа и ја отворив темава да објавуваме македонски апликации. Деновиве ќе објавам уште една. Јас користам Android и не знам кој точно македонски апликации ги има и за iOS.

Ќе ги објавувам само оние поинтересни и што мислам дека се корисни секој да ги инсталира.
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.186
Поени од реакции
5.244
Апликација Радио (Radio MK) е апликација која нуди слушање македонски радио станици за слушање преку интернет. Супер едноставен дизајн ништо претерано но замерка имам што не е ажурирана од 2017 година а и некој линкови од радио станиците не работат. Многу пати сум давал предлози на FB порака со линкови за да се стават македонски радио станици и повеќето биле прифатени па авторот на апликацијата ги ставал во листата.


Слика снимка екрана
Слика снимка екрана
Слика снимка екрана

Автоматски споено мислење:

МојЧоек е апликација/платформа која ги спојува луѓето кои нудат одреден тип услуги (електричари, водоводџии, молери, наставници, масери, преведувачи итн.) со луѓе кои имаат потреба од такви услуги. Оваа апликација/платформа не е многу заживеана ама се надевам дека некогаш ќе заживее, ќе се користи помасовно.

Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот
Слика од екранот



Дали оваа апликација ја има и за iOS?
 
Последно уредено:

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.186
Поени од реакции
5.244
Една многу корисна услуга и апликација што не верувам дека некој нема да сака да ја инсталира.

Кликни јади.мк е услуга и апликација за мобилните уреди која овозможува нарачка на храна од ресторани и храната да биде доставена до твојата адреса на живеење или работно место.
1599936344254.png 1599936359750.png 1599936377221.png 1599936394165.png 1599936412156.png 1599936431390.png 1599936449690.png 1599936463589.png

Услугата е само достапна за Скопје и Охрид но од одговор кој го добив планот е наредна година да се проширува и во другите градови.

Најчесто пицерии и сендвичари имаат свој доставувачи на храна е изгледа Кликни Јади имаат свој тим доставувачи а не тоа да го прават самите тие ресторани така што има за тие доставувачи посебна апликација.

Дали постои и iOS верзија на апликацијата немам iOS iPhone телефон за да проверам. Најверојатно би требало ваква фирма услуга и тоа да го обезбедиле.
 
Последно уредено:
Член од
28 септември 2014
Мислења
54
Поени од реакции
34
Нова апликација која помага во пронаоѓање превоз, вреди да се погледне

Инфо од плеј стор:
Stigni.MK e aplikacija vo koja na edno mesto se naogjaat site onie koi nudat ili baraat prevoz od eden grad do drug niz cela drzhava.
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.186
Поени од реакции
5.244
 
Последно уредено:

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.186
Поени од реакции
5.244
Објавувам овде секакви апликации ама на никој не му текнало да инвестира да се направи апликација и веб услуга корисна во време на пандемијава кај што ќе може од дома да си нарачуваш лекови, хигиенски производи за дома и се друго да не мора да малтретираш во секој пат од фамилија некој да ти трча да пазарува кога си во изолација. Се да биде на еден сајт и апликација да не мора да бараш на многу сајтови и да инсталираш куп апликации.

Кај нас има неколку сајтови за да нарачаш/купиш храна од ресторани, сендвичари, од маркети да пазариш, книги, облека, технологија и друго но се е на повеќе сајтови. Нема една услуга за скоро повеќе работи да се во едно и кога е потребно ова време лекови, витамини од апотеки таква нема услуга.

Соседниве држави а и во светот имаа такви иако некој и не се целосно нивна "домашна"изработка на услуга.


Еве гледам на српскиве телевизии се рекламира таква услуга со име Glovo која е глобална услуга за повеќето од светов и ја разгледав во Србија нуди од маркети, од аптеки, од книжари, од дрогерии (продавница за козметика), од ресторани, продавници за технологија и друго.

Не знам зошто нашиве копании не се вклучат во ова.
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.186
Поени од реакции
5.244
Aпликација што вреди. Се регистрираш бираш психолог или советувач плаќаш термин и приватно си го искористуваш терминот.

Другава апликација најверојатно е за тие советувачите и психолозите да направат профил.
https://play.google.com/store/apps/details?id=com.culturetech.razgovormk.counsellors
 
Последно уредено:

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.186
Поени од реакции
5.244
Аудио книги на македонски јазик.
 
На врв Bottom