Моментална ситуација во ИТ индустрија, вработувања

Член од
21 март 2014
Мислења
524
Поени од реакции
386
Работа има и ќе има во секој момент за луѓе кои ја почитуваат работата и се надоградуваат континуирано.

Проблемот или барем моја перцепција е дека такви ликови се макс. 2% по генерација, за наука не сакам ни да коментирам, пак моја перцепција е, ама ако имаме барем 5 компјутерски научници - теоретичари во Македонија, демантирајте ме.

Затоа и бизнис моделот тука е аутсорс, и тоа на најниските можни слоеви во самиот систем - погодни за стадо нискобуџетни медиокритети.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин

Every fool can know, the point is to understand.

Надоградувањето ти е дел од работните обврски. Работа ќе има за луѓе кои мислат брзо и брзо аплицираат решенија, а не само мислат. И кога мислам на работа, не мислам само на Македонија.

Нема никаков проблем во аутсорсот, ја раздвижува економијата, а и тоа важи за 99.999999% од светот.

Што би правеле тие компјутерски научници теоретичари тука, освен да би предавале на факултет и би си го стопирале професионалниот развој?
 
Член од
21 март 2014
Мислења
524
Поени од реакции
386
Надоградувањето ти е дел од работните обврски. Работа ќе има за луѓе кои мислат брзо и брзо аплицираат решенија, а не само мислат. И кога мислам на работа, не мислам само на Македонија.

Што би правеле тие компјутерски научници теоретичари тука, освен да би предавале на факултет и би си го стопирале професионалниот развој?
Секако дека брзината на развој е важна, ама поважно е од тебе да зависат поголем број луѓе во тимот, а ако мислиш брзо и неправилно, проблемот само го одложуваш, така да сериозни фирми го имаат ова на ум.

Околу наука, најголема заблуда е дека научници не се потребни во индустријата, да извадат некој патент и/или да соработуваат со други научници во некој сектор, а не да создаваме само софтвер за закажување термини или за POS терминали, каде конкуренција има огромна и шансата да се пласира такво решение интернационално е помала.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512

Ќе се согласам дека треба научници, само ме интересира како го замислуваш овој дел, кој би го спонзорирал, би работеле за фирмите, за државата, или?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.260
Поени од реакции
18.216

A da taka e toa, soberi nucnici i oni kje pravat invoacii. Ako nemas industrija so RnD, tie naucnici kje vozat taksi ili kje se iselat.

Ete, zirni gi drugite industrii. Se potepaa od patenti vadenje.
 
Ја ти кажувам што се очекува од тебе, односно што нетехничко лице очекува од тебе.

Неаме индустрија, особено не што би финансирала R&D и би лансирала свои иновации кои ги копираат други. :) Али слободно, како викаат - биди промената што сакаш да ја видиш.
 
Член од
12 август 2024
Мислења
187
Поени од реакции
475
Се нафрливте на R&D делот на Петар12345, а го игнориравте другото за стартапи и иновации. Бизнис моделот на рентање на програмери за поефтино беше фино додека траеше. Всушност добар дел од домашните аутсорс фирми знаеме како почнаа и да не навлагаме во тоа и се очекуваше ваква разврска. Сега ги менуваат за поефтино во Азија и Ј. Америка. Домашната ИТ индустрија требаше да се фокусира на свои производи и нудење комплетни решенија од почеток на зимање спецификации, дизајн, планирање, куцање, тестирање и одржување. Не сме веќе ефтини за западот(Европа посебно) во споредба со други континетни.
 
Член од
21 март 2014
Мислења
524
Поени од реакции
386
Ќе се согласам дека треба научници, само ме интересира како го замислуваш овој дел, кој би го спонзорирал, би работеле за фирмите, за државата, или?
ФИТР во 2023 имал 10м+ буџет на јавни повици. Значи веќе некој е спонзориран и има кој да спонзорира, проблемот е што за иновација се смета купување на 3Д принтер. Втор инвеститор би била фирма која таргетира пазар на кој може да конкурираме, или сме лидери, во некоја гранка со повеќе можности, а трето е секако државата на која и е полезно да инвестира систематски, јас сум убеден дека со 30м годишно може да развива и одржува софтвер со неколкукратна ефикасност ако ги замени набавките самата држава, кои се полуфункционални и застарени.

A da taka e toa, soberi nucnici i oni kje pravat invoacii. Ako nemas industrija so RnD, tie naucnici kje vozat taksi ili kje se iselat.

Ete, zirni gi drugite industrii. Se potepaa od patenti vadenje.
Има индустрии, нема желба. Вистински научник би возел такси може само ако заврши ради-реда, а показател дека сме многу слаби во наука ти е соодносот ФИНКИ - ПМФ (пред се математика).

Ја ти кажувам што се очекува од тебе, односно што нетехничко лице очекува од тебе.
Истото се очекува и од касиер во маркет, со 3-4 пати помала плата, работни викенди и 20 евра годишно покачување.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.260
Поени од реакции
18.216
ФИТР во 2023 имал 10м+ буџет на јавни повици. Значи веќе некој е спонзориран и има кој да спонзорира, проблемот е што за иновација се смета купување на 3Д принтер. Втор инвеститор би била фирма која таргетира пазар на кој може да конкурираме, или сме лидери, во некоја гранка со повеќе можности, а трето е секако државата на која и е полезно да инвестира систематски, јас сум убеден дека со 30м годишно може да развива и одржува софтвер со неколкукратна ефикасност ако ги замени набавките самата држава, кои се полуфункционални и застарени.

Има индустрии, нема желба. Вистински научник би возел такси може само ако заврши ради-реда, а показател дека сме многу слаби во наука ти е соодносот ФИНКИ - ПМФ (пред се математика).

Истото се очекува и од касиер во маркет, со 3-4 пати помала плата, работни викенди и 20 евра годишно покачување.
Bez navreda, ama lupetas gluposti.
Soodnosot finki pmf e zasto diplomiran na pmf zimase x10 pomala plata iako vlozil podednakvo golem trud i talent za da diplomira. Ne deka nema zelba.

Za naucna rabota potrebni se seriozni kompanii koj vlozuvaat pari u razvoj. Ne moes da prais RnD doma u soba i da mu konkuriras na Simens ili Gugl..Te mozes, te izlazav, ima takva tema na forumot. Perpetum mobile na Vojo.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Научници не се тие кои ги носат применливите иновации, никогаш не ни биле. Според мене иноватор треба има посебна дарба, за да знае како да ги спои коцките. Тоа не значи дека не постојат такви професори и научници, но генерално затоа и постои посебен назив за таквите луѓе, иноватори.

Втора работа, не е дека фали желба, секогаш се има желба. Општо во 90тите години на натпреварите за иновации(не за ИТ) Македонија собра неколку награди, ова се помалце познати факти. Понатаму во овој век, ИТ индустријата вртоглаво растеше во Македонија, па така станавме држава со огромен број на ИТ инжинери по глава на жител. Можеби и највеќе во Европа. Полека собираме искуство и полека ќе почнат да излегуваат и иновации и продукти. Веќе и има продукти и иновации кои се помалце познати.

Ако имаш желба да правиш иновација, мораш да го знаеш фактот дека од 10К иновации само една станува успешна. Тоа не е дека тие 10К не чинат, туку многу други работи се во игра. И не е точно дека има можности лесно да се добијат пари за некаква иновација. Во тие организации што даваат пари (не само кај нас), одлучуваат луѓе кои според свои субјективни мислења одлучуваат каде да се дадат парите и претежно се тоа суетни луѓе, кои тешко дека ќе видат вистинска иновација. Така да иноваторите се оставени сами на себе. Не само кај нас туку насекаде во светот.

Јас во една фирма работев на консолидирање на стартапи од ИТ секторот, кои се успешни и кои примиле прва инвестиција. Таму сум видел све и свешто, ама во ниедна не сум видел некаков си научен труд. Све тоа беа добри идеи, кои ги склопиле наврат нанос, без никаков концепт и тотално хаотични. Моја задача беше да ги разберам и да ја нацртам архитектурата.

Задачата на професорите и на научниците е да смислат нови концепти и нови можности, не е да прават иновации и да отвараат стартапи. Што всушност и го прават, вклучително и кај нас. Мислам дека фејсбук користи решение од наши професори од Финки.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.678
Поени од реакции
42.257
По форуми за јадење трици први се, а да иновираат и да направат свој производ никаде ги нема.
 
Член од
21 март 2014
Мислења
524
Поени од реакции
386
Bez navreda, ama lupetas gluposti.
Soodnosot finki pmf e zasto diplomiran na pmf zimase x10 pomala plata iako vlozil podednakvo golem trud i talent za da diplomira. Ne deka nema zelba.

Za naucna rabota potrebni se seriozni kompanii koj vlozuvaat pari u razvoj. Ne moes da prais RnD doma u soba i da mu konkuriras na Simens ili Gugl..Te mozes, te izlazav, ima takva tema na forumot. Perpetum mobile na Vojo.
Така де, типичен 18 годишен матурант си вика имам желба да направам кариера каде што се парите и таа е ситуацијата, ќе има такви се повеќе што ќе се жалат како не ги викат ни на интервју со празно портфолио, а во суштина им се гади од работата.

Не знам каде прочита конкурирање на Google или R&D у спална, ти очигледно имаш перцепција дека само 100 фирми во светот се бават со R&D. Целиот муабет е ние и да имаме пари најпрво немаме квалитет, оти немаме ни систем, колекција имплементатори и по некој сив реплика иноватор.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
ФИТР во 2023 имал 10м+ буџет на јавни повици. Значи веќе некој е спонзориран и има кој да спонзорира, проблемот е што за иновација се смета купување на 3Д принтер. Втор инвеститор би била фирма која таргетира пазар на кој може да конкурираме, или сме лидери, во некоја гранка со повеќе можности, а трето е секако државата на која и е полезно да инвестира систематски, јас сум убеден дека со 30м годишно може да развива и одржува софтвер со неколкукратна ефикасност ако ги замени набавките самата држава, кои се полуфункционални и застарени.
Не е само во Македонија, насекаде може да протнеш глупости како иновација. Во Македонија проблемот е што ќе добиеш спонзорство само ако се согласиш да ги поделиш парите со тие што ти го даваат грантот.

Од она што научив досега, за вистински иновации потребни се многу повеќе средства од тие 10 милиони, плус најчесто иновациите почнуваат од луѓе со пасија за ова, па потоа се наоѓа некој што ќе ги спонзорира, или пак се развиваат во големи компании кои веќе имаат знаење, искуство и приходи од неколку стотици милиони, па неколку милиони за иновација се како да организирале да честат по една пијачка (плус во странство ти се пребива данок за R&D, уште една мотивација).

Имав прилика да се запознаам со едно типче кое работел 9 години CSIRO, па 8 години во Боинг, па сега почнал да развива негов робот за во рударство. Типчето само во pre-sales имал продадено 3 милиони вредни уреди на BHP и Rio Tinto, и кажа дека ги споил CSIRO, инаку да стигнеш до тиер 1 компанија како стартап е речиси невозможно. Плус договор за користење на лабораториите на CSIRO и помош со апликации кои се развиени само за нив. После година и пол продавање на реалниот уред, фирма од 2ца, имаа над 5м приход и веќе Австралиското министерство за одбрана им даде грантови и почнаа да развиваат робот за војската (не знам бројки, но чисто се сомневам дека и ова е под 10м со оглед на комплексноста и споредено со проекти кои биле објавувани јавно).
Е сега само за играње на старт, пред да добијат и денар на користење, имале потрошено околу 300к (hesai и velodyne сензори, и уште едно чудо друга опрема, плус работел некои 14 месеци без плата, т.е живеел од заштедата), нешто што во Македонија освен ако не застане зад тебе фирма, шанса нема да ги инвестираш како приватно лице. И најбитното, знаење, едно е тоа што ќе го научиш од книгите, а друго е со работење за фирми од калибар на овие 2 погоре, нешто што како држава сме многу далеку.

Уште еден премногу сериозен проблем е што најчесто ваквите проекти се на локално ниво, т.е во истата држава. Тешко се нафаќа некој да спонзорира туѓи фирми, нешто што не верувам дека ќе го дочекам за таму.

Е затоа ние сме шивачници за рандом апликации, имаме и ние продукти, но далеку од тоа дека имаме нешто што прв пат почнало да се куца кај нас, или дека сме куцале нови системи и фрејмворци од нула, се е реискористување и аплицирање на готовите библиотеки.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Така де, типичен 18 годишен матурант си вика имам желба да направам кариера каде што се парите и таа е ситуацијата, ќе има такви се повеќе што ќе се жалат како не ги викат ни на интервју со празно портфолио, а во суштина им се гади од работата.

Не знам каде прочита конкурирање на Google или R&D у спална, ти очигледно имаш перцепција дека само 100 фирми во светот се бават со R&D. Целиот муабет е ние и да имаме пари најпрво немаме квалитет, оти немаме ни систем, колекција имплементатори и по некој сив реплика иноватор.

Се нафрливте на R&D делот на Петар12345, а го игнориравте другото за стартапи и иновации. Бизнис моделот на рентање на програмери за поефтино беше фино додека траеше. Всушност добар дел од домашните аутсорс фирми знаеме како почнаа и да не навлагаме во тоа и се очекуваше ваква разврска. Сега ги менуваат за поефтино во Азија и Ј. Америка. Домашната ИТ индустрија требаше да се фокусира на свои производи и нудење комплетни решенија од почеток на зимање спецификации, дизајн, планирање, куцање, тестирање и одржување. Не сме веќе ефтини за западот(Европа посебно) во споредба со други континетни.

ама и овие користат аутсорс од тука по твое, без оглед што македонци се газди. Знаеш колку апликации и игри имаш на app store и play store од македонски компании? Е сега што не се во топ 10 апликации и што не се уникатни е друг проблем кој произлегува од ненормално големата конкуренција на пазарот. Дури и тема имаш на форумов за мк апликации

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Така де, типичен 18 годишен матурант си вика имам желба да направам кариера каде што се парите и таа е ситуацијата, ќе има такви се повеќе што ќе се жалат како не ги викат ни на интервју со празно портфолио, а во суштина им се гади од работата.

Не знам каде прочита конкурирање на Google или R&D у спална, ти очигледно имаш перцепција дека само 100 фирми во светот се бават со R&D. Целиот муабет е ние и да имаме пари најпрво немаме квалитет, оти немаме ни систем, колекција имплементатори и по некој сив реплика иноватор.
Тотално е невистина да се каже дека Македонија нема квалитет. Баш напротив многу квалитетни кадри има излезено од Македонија во ИТ секторот, некои се надвор, некои се сеуште во Македонија, но генерално Македонија има релативно добар кадар.

Нормално е дека во последно време се намножија и оние кои мењаат струка ради пари и доста од нив има со послаб квалитет, но има и од таму луѓе кои се квалитетни. Можеби кругот на луѓе кај што се движиш и фирмите во коишто работиш не се такви, но далеку е од тоа да кажеш дека Македонија нема продукти кои во некои случаи се доста успешни. Еве ќе ти кажам пример Кинектиксот (камерата) на X-Box е развивана кај нас од R&D па се додека се продаде на Микрософт. Сивус доби прва награда за иновација за web 3D на CEBIT уште пред 20тина години. Има едни дечки кои направија 3D скенери со дронови и денеска иновацијата ја користи америчка војска, фејсбук користи модел на наш професор од Финки ... толку така на прва што ми текнува.

Тоа што ти не го знаеш / не се движиш во такви кругови, не значи дека не се дешава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom