Eve od perspektiva na nekoj sto poima nema, ova odnesuvanje na Bugarite ke mu izgleda vo najmala raka - cudno. Od negovata perspektiva na neinformiranost, koga bi ja sogledal bugarskata strana, vo negovite oci nie bi bile odrodeni Bugari i na nekoj nacin pomalo bratce. A glej Bugarite sto pravat, go maltretiraat, ponizuvaat, provociraat, duri i so dusmanot na bratceto, negovoto loso komsice, se zdruzuvaat protiv nego.
Ima nekoj normalen na svetot koj vaka bi go maltretiral svojot pomal brat?
Zatoa, sekoj neutralen nabljuduvac ova odnesuvanje na Bugarite i odnosot kon nas go razbira kako akt na nasilstvo, ete i da kazeme deka sme bile bliski do pred poveke od 100 godini, vakvite postapki uste poveke ne razdelija. Zatoa neka ne se lutat koga ke im kazat deka politikata kon Makedonija im e retardirana.
Зошто сонот за "еден народ", умре во 1945 со создавањето на Македонија. Нема никаква политика за некакво заедништво од нивна страна зошто не може да има, зошто постоењето на Македонија на емотивно ниво е анатема за одредени одлуки кои одреден слој од "Бугарското општество" ги има направено од пред 100 години.
Бугарија и поточно Софија, биле дом на огромна емиграција од Турска Македонија, тие луѓе таму имале огромно влијание економско, политичко но и најважно интелектуално. Изборот дали да се борат за независна Македонија, или Македонија во склоп на Бугарија они си го имаат направено и за него и убиваа, посебно други Македонци. Постоењето на независна Македонија за нив значи и дека се крвници на сопствениот народ. Многу слично како сите предавства СДС и ДПНЕ што ги направи, што ги оправдуваат секогаш со "мораше".
Затоа современата политика, посебно до Преспански договор беше на комплетно игнорирање. После преспанскиот им се отворија апетитите кога видоа дека можат активно да работат на наше распаѓање а овдешните политичари имаат нула капацитет да се спротистават.
За крај од аспект на последните случувања со претседателката, тука 100% кривицата е од наша страна, поточно кај министерство за Надворешни работи и кабинетот на претседателката. Отишле на неофицијална посета во Бугарија, да присуствуваат на опера. На која основа тргнале да отстваруваат не-официјални средби и тоа со новинарско присуство?
Или прати барање за официјална средба со теми на разговор, протокол, процедура. Или побарај неофицијална средба, али без новинари. Они го направиле еквивалентот на "Тука сум на поминување, ај ќе ти поминам на гости во викендица. Ај да се сликаме и да се тагнам дека сум во викендица на ХХХХ ". Се местат да бидат понижени и потоа се чудат кога ќе се случи истото.