Здраво луѓе, поздрав до сите! Ми треба мала помош, од неодамна сум сопственик на опел инсигниа (2011) па имам 2 прашања
Првото е што имам проблем со bluetooth и мобилниот телефон, значи успевам да го конектирам (Pairing) мобилниот со автомобилот, но не можам да пуштам музика од мобилен, ми дава само calls!
И второто прашање ми е паркинг сензорите не работат, а копчето кога ќе го стиснам за да ги активирам трепка 2 -3 пати црвено и се гаси, второто копче за паркинг до него исто така не свети кога ќе го стиснам, само третото копче (претпоставувам дека е за паралелно паркирање) тоа работи.Исто така кога ќе ставам во рикверц, ми излагаше parking assist, но повеќе ни тоа не ми излага, исто така и ретровизори се спуштаа надоле кога ќе пребацам во рикверц сега и тоа не сака... На бордот не ми дава никаква грешка, а во CONFIG подесувањата си стојат вклучени на ON, ве молам за помош или совет. Ви благодарам. Поздрав