Фан клуб - РК Вардар

Член од
17 април 2024
Мислења
597
Поени од реакции
1.419
Знам дека Бисинов не е најслаба екипа во лигава (дека се подобри од 2-3 екипи сигурно) и дека победа овде е запишана пред време, ама па да имаш еден разлика предност дома на 2 минути пред крај на полувреме не е добро. И тоа 14 гола примивме прво полувреме.
Ќе си имаме мака со голманиве... Гогов фати неколку пенали, ама мислам дека згрешивме со изборот на наводно нашиот прв избор Фереира Еспиња. Тој е добар, доколку единствено фати ритам, по досега прикажаното, сметам дека е значително послаб голман од Томовски.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.975
Поени од реакции
9.636

Tuka negde se Tomo i Espinja. Kolku samo natprevari imaše Tomo koa topka ne fati.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.101
Поени од реакции
3.847
Ќе си имаме мака со голманиве... Гогов фати неколку пенали, ама мислам дека згрешивме со изборот на наводно нашиот прв избор Фереира Еспиња. Тој е добар, доколку единствено фати ритам, по досега прикажаното, сметам дека е значително послаб голман од Томовски.
Океј, ама не ти треба Фереира да ти брани со Бисинов, Радовиш, Куманово, Струга, Прилеп. За овие утакмици ги имаш Гогов и Богдановски. А одбраната е таа која треба да затегне и да земе да игра, за да фатат топка. А не нашиве ни раце креваат, а фаули прават на 6 метри. Вака еднаш вториот тим на Пелистер ни зема мерка за несериозноста.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.237
Поени од реакции
6.393
Не разбирам што е фората со дресовиве? Зошто ниту еден меч до сега не изигравме во црвената варијанта?
Некој план имаат да го промовираат ли прес-мес?
Домаќини сме денеска играме во белата варијанта.
 
Не сме виделе до сеа црвена верзија на дрес сезонава? Бар ја немам видено да одиграле некој натпревар со таков дрес.
 
Член од
19 април 2023
Мислења
215
Поени од реакции
273
Со Борозан што се случува тренира или епизода Загреб каде не се појави на подготовки.Има ли било какви информации.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.237
Поени од реакции
6.393
И мене ме интересира. Гледам дека е пријавен за европска лига, ама тоа не кажува многу.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.440
Поени од реакции
2.444
И мене ме интересира. Гледам дека е пријавен за европска лига, ама тоа не кажува многу.
Скопје е ама зш не играт уште....можеби исправно припремите ги пропушти па затоа и чекаат да го стават од 4 коло и во европските купови
 
Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.401
Поени од реакции
4.254
Еве бе за новите дресови:

КУПИ СЕЗОНСКИ БИЛЕТ - БИДИ ВИП ГОСТИН И ДОБИЈ ПОТПИШАН ДРЕС
❤

Уште три (3) дена остануваат за купување на сезонски билет за натпреварите на РК Вардар.
‼

Ако купиш сезонски билет до 20 септември ќе конкурирарш да бидеш еден од среќните добитници кои на европските мечеви на Вардар ќе имаат статус на ВИП гости.
✅
Пред секој меч по случаен избор еден сопственик на сезонски билет ќе добие шанса да биде гостин на Вардар пред самиот натпревар, да се запознае лично со ракометарите, да ја посети соблекувалната, да се фотографира со омилените играчи, и да добие ПОТПИШАН ДРЕС, а за време на натпреварот да биде ВИП гостин на трибината.
Новиот дрес за првпат ќе биде промовиран на натпреварот со Еурофарм Пелистер.
Затоа навреме купете си го вашиот сезонски билет, изберете го вашето седиште во салата, и очекувајте да бидете нашиот гостин на некој од ервсопките натпревари на Вардар.
‼
Објавувањето на среќниот добитник ќе биде неколку денови пред секој европски натпревар на Вардар на домашен терен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom