Фан клуб - РК Вардар

Да се надеваме дека од ова лошо поразот од вештачките ќе донесе барем малку добро оставка од Бутинот.Уште одамна навивачите бараат негова оставка но мислам дека веќе се прелеа чашата..
 
Една работа ме интересира дали воопшто некој од нашиве играчи работи индивидуално со тренер за подобрување на некој аспект од игра(шут,одбрана).Конкретно за Јагуриновски како може бе на 25 години да немаш скок шут од 9 метри бе теле едно.Така лесно да продаваш топки????
 
Да се надеваме дека од ова лошо поразот од вештачките ќе донесе барем малку добро оставка од Бутинот.Уште одамна навивачите бараат негова оставка но мислам дека веќе се прелеа чашата..
Можат да го сменат уште утре ама кај ке најдат подобар за БЕЗПАРИ....појасно ке бидит после дербито 4 коло со Пелистер...битолчани во тој период имаат 4 утакмици за 11 дена.
 
Не знам зошто со потценувачки коментари. Митев е далеку од просечен играч и неговото најдобро допрва доаѓа (нашиот иден мотор во репрезентацијата). Ние немаме таков тип на играч. Серафимов кога е во форма е сосема солиден играч. Неговата форма потсеќа кога играше на она кадестко СП во Скопје. Од оној дуел со Фарски Острови во баражот до сега игра константно јако. Во најлош момент гостувавме со нив. Влезени се во ритам, со плански одбрани турнири и пријателски. Мислам дека и доста далеку ќе стигнат во оној Челенџ куп (би се дрзнал да кажам дека се и фаворити да го освојат ако играат на ова ниво). Поразов не е крај на светот и далеку од изгубена титула, иако мислам дека голман ќе ни фали во оние решавачки моменти со Пелистер дома/гости, Охрид гости и Алкалоид.
 
Стојан Петрушевски го гледам на клупа, повторно се вратил кај нас значи, по кратката авантура во Голден Арт.

Столе е икона/легенда на клубот, но и Стојан не е далеку од него кога ќе му се земе вкупниот стаж во клубот и бројот на функции кои ги има вршено.
 
Последно уредено:
Кон Алкалоид како проект немам аверзија како кон Металург. Само почит. Спонзор, стабилност, струка, визија, континуиран растеж, претежно млад домашен кадар, башка Кирца не јаде бурек како Червар...алал да им е.

А Бутинот...штом си кажа дека сега имаме клупа, па оттука немаме изговор за евентуален неуспех - супер, сам си се мести на оставка или отказ.
Другари, јас не верувам дека ние имаме точен увид какви се состојбите кај нас откако Борко си отиде. Замреа нови спонзорства, изгубивме двајца клучни играчи во Томовски и Јасухира....веројатно не треба да не' чуди што изгубивме вчера.
 
Бели јуниор гледам не бил во состав вчера, интересно...
Беше некој во сала па да го видел на трибини?
 
Дечки едно коло е пројдено само. Ви ја разбирам фрустрацијата и мене ме боли поразот, но кој би дошол на место на Бутинот сега? Ако дојде до тоа ќе биде или Столе и Стојан што и не е некое решение. Можностите ни се далеку од големи во моментов.
 
Последно уредено:
Читам портали, читам тука. Вие сериозно ги потценувате Алкалоид. Неколку играчи кои добиваат улога во репрезентација се моментално членови на Алкалоди, селекторот на репрезентацијата е тренер на Алкалоид. Го победија Пелистер го победија Вардар и уште никој не им дава приоритет за титула. Плус играат најслаб европски куп од сите 3 претенденти.

Вардар - послаб тренер, пола екипа е нова, нема организатор на централна позиција.

Пелистер - каша попара станаа најголем буџет не можат да се состават, по кумановски - не знаев дали су пошле или дошле.

Не заебавајте има време сезоната е долга, башка по стар систем се игра, Алкалоид ќе треба да изнесе утакмици на грб кои исто нема да биднат лесни за добивање против никој. Ама никако не смее да се гледа на нив, ах изгубивме тренерот е срање. Во форма се како Вардар од најдобри денови, плус самодовербата на играчите е на високо ниво сега со било која екипа у нивен ранг да играат ќе ја добијат.
 
Реален, објективен коментар

Знам дека Бисинов не е најслаба екипа во лигава (дека се подобри од 2-3 екипи сигурно) и дека победа овде е запишана пред време, ама па да имаш еден разлика предност дома на 2 минути пред крај на полувреме не е добро. И тоа 14 гола примивме прво полувреме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom