Има ред потези кои може да се играат. Прво проксија како Хутите ќе потопат некој амерички брод. Итн.
САД секако дека нема да се самоуништат заради европските вазали, но РФ прво можат да направат куп потези. На пример Ким може да добие помош за да го врати јужниот дел од Кореја. А после може да се деси да „му текне“ да иде на Јапонија... Кореја и Јапонија не се во НАТО, а Ким веќе сега има проектили што може да идат до САД (а може и од некој комшија да добие). Итн, итн, уште десетици сценарија за ескалација пред да се дојде до печурки над Европа (скраја да е).
Целата работа е колку САД ескалираат, толку и другите може да ескалираат, па и повеќе пошто САД имаат повеќе истурени позиции. Тука се (помалку) во право таквите како и2кеј, не е дека утре ќе летаат нуклеарки - но тоа што таквите не го разбираат е дека нема уште премногу чекори да се изодат за да заврши и тој пат. Но како што САД постојано прават нов и нов чекор натаму, еднаш и ќе дојдат таму.