- Член од
- 11 април 2012
- Мислења
- 4.638
- Поени од реакции
- 5.354
Скроз те разбирам што ми збориш, додека живеев во гетеборг имаше една група на фб организираа дневни возења претежно во сабота 300-600км долги (преку апликацијата што ја спомнав, споделена со сите и знаеш каде идеш, плус известена полиција, водач, блокери, анкер поазди баш по пропис возење никој да не остане) и се погоди еднаш на еден дечко со Кавасаки Е6 или како и да беше моделот оние торбици што се закачуваат на мотор лошо ја наместил му се скина, сите со лимитиран багаж јер нели си планирал за тебе му викам ако сакаш стави кај мене имам место, отварам централниот куфер празен ништо нема у него, добро бе ти на толкаво возење си тргнал ништо не носиш со тебе???? си отворив тоа куферот место резервоар што го имам еве бе дечки се имам со мене како ништоМојот е 2019та , ама јас го земав лани половен , од пријател кој за 4 год не помина ни 4.000км . Јас од лани од Април до сега поминав скоро 10.000 со него . Е токму затоа сакам тјуринг мотор , куфери , место за се . На мојот има место под седиште само за сообраќајна и тоа е . А куфери на него не личат . Ми здосади носењето ранец кога идам на спиење некаде . Башка што совозачот цело време буквално те јава додека се возите . Не викам дека кардан не е за на мотор , ама не го сакам БМВ-то , посебно ГС серијата , колку и да се добри , а добри се , не ги сакам . Ланец си е ланец , е сега одржување , пери и подмачкувај на секои 300-400-500 км и менувај на некои 25-30.000 ( 200 евра трошок ) , карданот е многу поскапа работа .
Место имам повеќеод доволно, централниот куфер стално ми е на мотор, а страничните се возени буквално од продавница до дома кога го зимав моторот ништо повеќе.
јас би да го возам повеќе, ама времето тука е тапа, оваа година дали 20 пати сум излегол да возам, да бев у мкд тоа ќе беше бројка остварлива на месечно ниво. Ама неможе се да е погодено така
Ова со чистење на ланецот почна да ме нервира од кога се преселив, ама повеќе е зашто го фрлив тепихот што беше под него (треба нов да нарачам) и при селење ми се изгубија картони што ги имав направено за да не ми се прља бандаж да не прска накај кочницата и слично, па сега треба да сум многу повнимателен кога шприцам, да пазам каде ќе капе да не оставам флеки низ гаража итн итн... (у принцип полесно решливи проблеми него нов мотор ама ...)
За менување на ланец или било што дур е под гаранција ќе си иде у Хонда 2 пати во годината (еднаш чисто проверка пред почеток на сезона, на крај на сезона годишен сервис) и они ќе си средат се, мене до сега ми бил буквално стави бензин пали вози најсериозен зафат сам што сум му го направил перење на истиот
Иначе како опции за менување не викам дека Африка не е добра одлична е, ама ако се решам да сменам побрзо би било за Transalp или NТ1100 него за африката, а може и за НЦ750х ама следната едиција ако стават уште некој коњ плус на неа