Совети околу мотоцикли

Член од
11 април 2012
Мислења
4.644
Поени од реакции
5.356
Мојот е 2019та , ама јас го земав лани половен , од пријател кој за 4 год не помина ни 4.000км . Јас од лани од Април до сега поминав скоро 10.000 со него . Е токму затоа сакам тјуринг мотор , куфери , место за се . На мојот има место под седиште само за сообраќајна и тоа е . А куфери на него не личат . Ми здосади носењето ранец кога идам на спиење некаде . Башка што совозачот цело време буквално те јава додека се возите . Не викам дека кардан не е за на мотор , ама не го сакам БМВ-то , посебно ГС серијата , колку и да се добри , а добри се , не ги сакам . Ланец си е ланец , е сега одржување , пери и подмачкувај на секои 300-400-500 км и менувај на некои 25-30.000 ( 200 евра трошок ) , карданот е многу поскапа работа .
Скроз те разбирам што ми збориш, додека живеев во гетеборг имаше една група на фб организираа дневни возења претежно во сабота 300-600км долги (преку апликацијата што ја спомнав, споделена со сите и знаеш каде идеш, плус известена полиција, водач, блокери, анкер поазди баш по пропис возење никој да не остане) и се погоди еднаш на еден дечко со Кавасаки Е6 или како и да беше моделот оние торбици што се закачуваат на мотор лошо ја наместил му се скина, сите со лимитиран багаж јер нели си планирал за тебе му викам ако сакаш стави кај мене имам место, отварам централниот куфер празен ништо нема у него, добро бе ти на толкаво возење си тргнал ништо не носиш со тебе???? си отворив тоа куферот место резервоар што го имам еве бе дечки се имам со мене како ништо :)
Место имам повеќеод доволно, централниот куфер стално ми е на мотор, а страничните се возени буквално од продавница до дома кога го зимав моторот ништо повеќе.

јас би да го возам повеќе, ама времето тука е тапа, оваа година дали 20 пати сум излегол да возам, да бев у мкд тоа ќе беше бројка остварлива на месечно ниво. Ама неможе се да е погодено така :)

Ова со чистење на ланецот почна да ме нервира од кога се преселив, ама повеќе е зашто го фрлив тепихот што беше под него (треба нов да нарачам) и при селење ми се изгубија картони што ги имав направено за да не ми се прља бандаж да не прска накај кочницата и слично, па сега треба да сум многу повнимателен кога шприцам, да пазам каде ќе капе да не оставам флеки низ гаража итн итн... (у принцип полесно решливи проблеми него нов мотор :) ама ...)

За менување на ланец или било што дур е под гаранција ќе си иде у Хонда 2 пати во годината (еднаш чисто проверка пред почеток на сезона, на крај на сезона годишен сервис) и они ќе си средат се, мене до сега ми бил буквално стави бензин пали вози најсериозен зафат сам што сум му го направил перење на истиот

Иначе како опции за менување не викам дека Африка не е добра одлична е, ама ако се решам да сменам побрзо би било за Transalp или NТ1100 него за африката, а може и за НЦ750х ама следната едиција ако стават уште некој коњ плус на неа :)
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
869
Поени од реакции
424

Трансалп е убав , ама само у 750 цц доаѓа . Затоа го гледам НТ-то или Версис , ама ме привлекува BMW S1000XR пошто го напуцале со 160 ждребиња , а далеку покомпактен и полесен од GS серијата … Уште да не беше бенве … Мада возев и KTM 1290 Superadventure од пријател , аууу што машина е . 1300 цц , 160 кс , 140 Нм торк , 245 кг фул . Грдосија , ама како се возии . 220 км/ч со една рака , седиш право како на твоето , голем визир , не осеќаш дека иде толку . Башка по кривини , мерак , кривината ја гледам преку колата пред мене . Он го зеде R моделот , со 21 предно тркало и 19 задно ( како крос ) со офроуд гуми , па дозеде и 17ки со тјуринг гуми , ги менува зависно од тоа на кој терен го вози . Сестран мотор , многу ми праи ќејф . Ама Хондата-та НТ па ми е многу лична … Не знам , ќе видиме … Бар уште 2-3 год ќе се вози Kawa-ta . Потоа здравје
 
Јас сум човек што не чепка многу многу кај што не му е работа, приметив ланецот малку лабав па на сервис да го средат (најубаво така бе моторот буквално секое штрафче ми е у хонда средено не чепкам кај што не ми е место, а плус вакви едноставни интервенции никогаш не ми ги наплатиле)

е додека чекав направив тешка глупост пиев кафе со ликот што е задолжен за продажба (истиот што ми го продаде НЦто што си го возикам, многу фер лик бар према мене плус како почетник и со совети помагаше и со објаснување зашто би зел некои делови поефтини (Гиви) место оригинал хонда итн итн)
Додека пиеме кафето падна тема што би препорачал ако решам да го сменам мојот.
Прво прашање беше сакаш ист стил или нешто поспортски стил на возење.
Следно беше дали планирам да возам оффроад (зашто реков дека сакам да си останам со сличен стил на ова што имам)
Кога реков не планирам само ми рече оди надвор и земи си ја кацигата.

Донесе НТ да пробам, језда малку го возев 8-9км ама многу ми остави впечаток. У сериозни мисли ме стави да го сменам мојот за тој (а и понудата не му беше лоша, мојот да го оставам и доплата од 10к за НТ со фул опрема (централен куфер со потпирач, ранец за на резервар, спидшифтер, магленки, комфорт седиште ваљда тоа беше се иако може испуштам нешто)

што и не е лоша цена би рекол дека знаејќи дека нов е 14800 плус 1650 се двата дополнителни пакети (6к за мојот ми изгледа повеќе од добра зделка 2019 е произведен 2020 го купив јас со 16300км до сега поминати)

ако се решам да го сменам би го оставил мојот на крај на август пред да идам на одмор а новиот би го земал некаде у април пред почеток на новата сезона

ќе видам да го земам НТто на еден викенд да го развозам 400-500км да видам како ќе биде пред да одлучат
 
комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.296
Поени од реакции
5.395
Ај едно прашање од мене.
Дали можеби некој тука има земено CF Moto 800 или знае некој да има земено ме интересира за мислење?

Вака што исчитав 100-тина мислења и видеа за таа пара тоа што го нудат изгледа ептен солидно.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
810
Поени од реакции
276
Дали некој има сменето од H4 халогена (жолта) во H4 лед светло на мотор 50цц? Дали е можно да се изведе?
Конкретно прашувам за Сим скутер.
 
Член од
12 август 2024
Мислења
107
Поени од реакции
155
Имам буџет околу 3-4000 евра и сакам одамна да земам мотор за возење на долга релација.
Гледав неколку варијанти како Зонтек,Шинерај итн модели кои се продаваат во Хамачи во Штип.
Специјално се мислев за овој модел на Зонтек и ме интересира дали е добар за купување и дали други варијанти имате за предлог?
Се мислев да побарам и половни модели на мотори но не сум сигурен.
Help?
 
Искрено по готово што викаш за долга релација (се надевам не мислиш на Штип - Велес) јас би идел со некој половен од докажан производител

Чисто се сомневам дека за истиов имаш некоја јака Поддршка со резервни делови па ако те остави на пат не би ме изненадило пешки да продолжиш

@RadE_Strongest @ArHanG3L
Се простив од миленичето мое у четвртокот го оставив у Хонда после 4 години дружба
Имавме интересно последно возење истураше дожд, реално малку ќе ми фали ама што е тука е
На пролет ќе ја подигнам неговата замена НТ1100 :)
 
Член од
12 август 2024
Мислења
107
Поени од реакции
155
Искрено по готово што викаш за долга релација (се надевам не мислиш на Штип - Велес) јас би идел со некој половен од докажан производител
Камо би ама пуста желба иде контра,план ми е за долги релации како Скопје-Охрид,Софија,Солун,Белград итн.
Ви сакал Honda CB500X ама скупо е многу
Некој буџет мотори гледам.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.644
Поени од реакции
5.356
Камо би ама пуста желба иде контра,план ми е за долги релации како Скопје-Охрид,Софија,Солун,Белград итн.
Ви сакал Honda CB500X ама скупо е многу
Некој буџет мотори гледам.
Таа хонда е доста убаво моторче, барај цб500ф некој постар модел исто ќе ти заврши убава работа, или ако се наоѓа некој Хонда НЦ половен низ МКД

Види незнам ништо за гореспоменатиов ама моето размислување веќе ти пишав, сакам мотор кој било каде може да застанам и да го средат ако недајбоже имам проблем кога сум тргнал на пат
А овој со оглед на тоа што прв пат го слушам не ми личи на таков

Иначе за Скопје Солун/белград каде што си на рамен автопат без некој предизвик веројатно нема да е голем проблем, ама накај Охрид од која страна и да одиш по планините 350ка Кинез незнам колку е паметно решение (Али нели тоа е мое мислење што не мора да значи дека е точно)
 
Член од
12 август 2024
Мислења
107
Поени од реакции
155
Хонда НЦ половен низ МКД
ме фати во добра точка.Баш го сакам овој модел Honda NC750 и тука се половно до 5500-6000евра со куфери ги даваат 2015-2016 година.Може да се почека уште една година штедење и да се земе.
Во право си,боље еднаш плати го скапо отколку да се крпиш ефтино сто пати.
 
Мене прв мотор ми беше у Четвртокот го оставив во Хонда замена за НТ1100

Јас го купив во 2020 (моторот беше произведен 10.2019 нормално се водеше како 2019, јас нов го купив прв сопственик му бев). Моторот со сите куфери, централен стендер, протектор за моторот, магленки, 12в приклучок, греачи на рачки и поголемо ветробранско пред мене го платив 9500€, сега ми го откупија за 5к, а очекуваат да го продадат за 6к (од прилика толку идат тука за 2019-2020 со помалку од 20000км поминати)

Иначе моторчето нема никаква мана ако ме прашаш мене, посебно за почетник е одлично. Доста простор багаж, посебно “куферот” место резервоар напред
Ако имаш лесна рака и не го газиш има одлична потрошувачка (3.2л просек имав со 17000км поминато)
Супер лесен за управување посебно низ град

Јас го сменив само ради можноста да го поврзам телефонот и да го користам на екранот за мапи за патување и за темпоматот да не морам да држам гас кога сум на автопат :)
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
869
Поени од реакции
424
Имам буџет околу 3-4000 евра и сакам одамна да земам мотор за возење на долга релација.
Гледав неколку варијанти како Зонтек,Шинерај итн модели кои се продаваат во Хамачи во Штип.
Специјално се мислев за овој модел на Зонтек и ме интересира дали е добар за купување и дали други варијанти имате за предлог?
Се мислев да побарам и половни модели на мотори но не сум сигурен.
Help?
Моето мислење кое на сите сум го кажал е - не зимам но нејм мотор кој што се склапа по пат на брод . Абе еден асолен мал скутер е веќе 5К евра . Башка од овие недај Боже дел или поддршка од сервис да ти затреба . Имаш кинези кои се посолидни од типот на Benelli кои гледам дека ги извозеа без проблеми . Ама два пати у цената се од овие . И овие Voge сеа гледам ги купуваат многу , добра цена , доста добро изгледаат , у колаборација со BMW се , како CF Moto што е со KTM , ама како ќе се покажат ќе праиме муабет после 5-6 год и 40-50К км . За сега се добри . Ама ти го проаѓа буџетот , од некаде 7К почнуваат . За околу 5К има половно Benelli TRK 502 , копија на Honda машина носи . Јас пак би бирал половен јапонец , ама ќе ти потрае потрагата малку , ама ќе најдеш добро моторче .

Мене прв мотор ми беше у Четвртокот го оставив во Хонда замена за НТ1100

Јас го купив во 2020 (моторот беше произведен 10.2019 нормално се водеше како 2019, јас нов го купив прв сопственик му бев). Моторот со сите куфери, централен стендер, протектор за моторот, магленки, 12в приклучок, греачи на рачки и поголемо ветробранско пред мене го платив 9500€, сега ми го откупија за 5к, а очекуваат да го продадат за 6к (од прилика толку идат тука за 2019-2020 со помалку од 20000км поминати)

Иначе моторчето нема никаква мана ако ме прашаш мене, посебно за почетник е одлично. Доста простор багаж, посебно “куферот” место резервоар напред
Ако имаш лесна рака и не го газиш има одлична потрошувачка (3.2л просек имав со 17000км поминато)
Супер лесен за управување посебно низ град

Јас го сменив само ради можноста да го поврзам телефонот и да го користам на екранот за мапи за патување и за темпоматот да не морам да држам гас кога сум на автопат :)

Ај со среќа . Абе арно имаш живци да чекаш до пролет , јас одма би го земал , кое чекање . Еее мене нешто друго ми падна у очи и еве веќе 2 недели не ми дава мир . Ново зверче од Suzuki . GSXS 1000 GX , спорт-турер , фазон како BMW S1000XR , 1000 цц и 152 кс , ама уште го нема пристигнато кај нас . Позната ми е таа машина што ја носи , ја имам пробано и возено во GSXS 1000 GT верзијата . Бомбона . Ова до сега најдебело ме стави на размислување , само 2 парчиња ке стигнат у салон , едното е веќе резервирано , ама не се знае тачно кога ќе стигнат .
 
Член од
12 август 2024
Мислења
107
Поени од реакции
155
Имаш кинези кои се посолидни од типот
Веќе неколку дена бркам ривјуа за Zontes моториве има пуно од Балканов,има доста и на британски сајтови за мотори ги фалат.

Фала да се враќа другар
Како ми се чека толку? Паааааа у четвртокот на пола ден напуштив работа, 100км до хонда салонот, возење на НТ тест мотор уште едно 120-130км на тој дожд да го пробам демек дали стварно сакам да сменам (и мечките на северен пол знаеа дека ќе сменам ама ајде де)

моторот не го чекам воопшто у салон си беше можев уште истиот ден да го подигнам ако сакам, ама вечерта тргнав за Унгарија и Македонија назад у Шведска ќе сум средина на октомври. Шанси нема тогаш да возам мотор веќе ќе биде и мизерно темно а и многу дожд има тој период затоа фино лепо моторот у длабок зимски сон до април/мај кога времето ќе дава да се вози :)

плус регистрација ќе му биде кога ќе го земам, осигурањето ќе ми почне од кога ќе го земам, гаранцијата ќе ми почне од кога ќе го земам … (да имав услови да го возам и јас ќе го земев :))
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.383
Поени од реакции
3.581
Веќе неколку дена бркам ривјуа за Zontes моториве има пуно од Балканов,има доста и на британски сајтови за мотори ги фалат.

  1. Prv problem e kvalitetot na izrabotka. Vaka na slika ti izgledaat super ama izdrzi dve tri zimi so kineski motor pa ke praime muabet. Leguri ili aluminium mesto celik, tenka plastika itn..

  2. Vtor problem e nedostatok na tehnologija. Elektronsko vbrizguvanje na gorivo e izmislena imenka za mnogu od kinezite, duri i vo 2024. Site se so karburatori. Za sporedba, Suzuki vovede EVG kako standardna opcija vo site motori uste vo 2004ta. Drugi mislovni imenki: ABS, shifteri itn..

  3. Megjutoa tret i najstrasen problem se samite motori. Eve da go zememe na primer Beneli TRK, kinez, 502 kubika. Ne ti e cudno sto tolku mnogu novi TRKovi se stavaat na oglas godina/dve otkako ke gi kupat? Toa e posto TRKot e dizajniran kako avanturisticki i touring motor, odlicen vizuelen dizajn ama ima mal problem. Voziloto tezi 250 kg (+ ako bapnes zaden i stranicni kuferi) ama dvata cilindri so vkupen kapacitet od 500 kubika mozat da proizvedat samo odvaj 47 konjski sili. So tezina od 250kg (+ vozac + sopatnik + kuferi) i sila od 47 KS nemozes ni na avtopat da izlezes, od start si ogranicen na pospori, pomirni patcinja kade sto nema da smetas na soobrakjajot. Ovoj Zontes ti sto go gledas e 350 kubika a gore dole ista tezina (ADV isto kako Beneli-to) eve neka bide i 200 kg. Od start si ogranicen vo toa sto mozes, a sto nemozes da pravis so motorot.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom