Како држава имаме одбрано лоши учители за како да ни се развива образовниот систем. За жал во западните демократии школскиот систем е задна дупка на свирало - децата не гласаат па се тотално небитни.
Побитно е пумпање на цени на недвижности за гурмишите кои се со по една нога во гроб, бидејќи тие се загарантирани гласови.
Проблемот на Македонија и сличните државички е што гледаат од држави кои си го имаат сјебано образовниот систем до даска, арно ама кај нив умот се носи од увоз, нешто што е невозможно за Македонија, па системот функционира. Отепана држава како нашата нема ниту можност да лупнеш даноци од по 30-40% како тука, ниту да финансира милиони секоја година за експерименти.
Ако викаш дека библиотеките се отепани, може да замислам во каква состојба се компјутерите и лабораториите. Да не правиме муабет за квалитетот на кадарот што треба да ја води наставата, или за партиските директори што го менаџираат (пљачкаат) буџетот на училиштата.
Види, тоа е глобална тенденција веќе да се оттргнуваат луѓето од конвенционалниот образовен систем. И таму исто како и овде, оној концепт "учи синко да не работиш" со кој не труеле и индоктринирале нас (80's - late 90's ) веќе не е толку доминантен, од повеќе причини.
Но, не можеш да го споредиш системот таму и овде од проста причина што таму, од време на време ќе искочи некој светска класа бисер, за разлика од кај нас.
Имаат услови, и ќе се погоди некој што ептен ја сака науката (зборам за еве, технички/инжинерски/природни науки, економија, право, медицина), и ќе искочи некој мега ѕвер од нивни редови, бидејќи ги имаат искреирано сите услови што може човек да ги замисли. Но генерално, оваа разлика се приметува подоцна на колеџ/факултет.
Значи државата направила повеќе "врати" за да една особа биде продуктивен дел од едно општество. Кај нас тие врати се многу малку.
Од друга страна, една од најлошите професии, еве во Америка е да се биде учител/наставник до факултет. Факултетски професори се друга приказна.
Нешто за што и они имаат проблеми, и кај нив кадарот е веќе очаен, се што вреди (барем во Америка) од учители/наставници има сменето професија или работи нешто многу подалеку од просвета. Зошто некој би работел како учител по Англиски во основно за мочани 3000$, кога може како content writer на пример да заработува дупло од тоа, од дома, под свој распоред и со цела слобода на овој свет, секако, без 20-30 деца да му кинат живци ?
Тоа е трендот, и секаде во светот има пад во квалитетот на образованието, меѓу другото и од овие причини.
Понатаму, дел од проблемот лежи и во самиот систем на образование. Во 21 век, самото образование е не-еволуирано и се базира на болоњски концепти етаблирани од 12 век или пак на американски академици од 18от век. Или пак можеби тоа е дел од scam-ot.
Пример јас лично одбивам да прифатам дека за 99% од професииве за кои треба факултет, времетраењето на студиите треба да биде 4 години за bachelor. Дотолку повеќе. еден архитект, доктор, адвокат, судија и тн и тн, треба едно 10 години да одвои во пусто учење, полагања, испити и тн, во ера кога технологијата прави многу ствари наместо нас. Со други зборови, мора да се скрати времетраењето на студиите и самите студенти да бидат ослободени од беспотребни труења кои никад во живот нема да им требаат, а тоа ги кошта драгоцено време, и секако пари (веројатно затоа и толку долго траат студиите во денешно време, од финансиски интерес пред се).
Времетраењето на образованието, особено факултетското, треба да биде скратено за 20-25% across the board. Ако за адвокат денес ти требаат 10 години, треба да биде скратено на 8 рецимо. Ако да станеш доктор ти требаат 6 години учење + 6 години специјализација, тоа треба да биде сведено БАРЕМ на 5+5. Секако овие бројки ги давам пластично. Да се аплицира ова пропорционално за сите смерови/професии.
Траењето е само уште еден фактор што ги оттргнува младите да идат на колеџ/факултет. Бидејќи
а) тоа ги кошта пари, у смисла ако годишно плаќаат 25.000$, тоа се додатни 50.000$ у долгови
б) влегување на пазар на труд 2 години порано, што многу значи
Зошто некој да иде у колеџ и да живее мизерно 8 години и да биде у дугови до гуша, кога може да иде у trade school и за 2 години да прави пари, со значително помал долг ?
А за таквите снегулки што се запишуваат на радикално левичарски смерови како gender theory, race theory, social studies и тн и тн, тоа се џабе фрлени и инвестирани пари.