Ајде вака да гледаме на работите, од друга перспектива - да, во право се мамичките, треба да се климатизирани училниците, сепак во 21 век живееме и не би требало да споредуваме со наше време, треба да одиме напред...
Но, во држава во која се останато оди назад, да ти е најважно најмалку неопходното, е во најмала рака срамота!
1. Учениците уште немаат учебници.
2. За тетратки и прибор за едно дете, и при тоа го бирав најпристапното по цена, завчера дадов 2 800 денари. Постојат родители со социјална помош или пензии кои не можат да си ги дозволат тие 2 800 денари, а нели секое дете има право на еднаквост и образование. И образованието кај нас треба да е бесплатно.
3. Секоја година им ги менуваат програмите, па учениците се експериментални глувчиња.
4. Училиштата бараат од родителите да купат А4 хартија, хамери, тонери, па дури и креди и фломастери и сличен прибор зашто општините ни тоа не им го даваат.
5. Лани за училиштето каде учи син ми дониравме пари со кои се купија 2 телевизори и 2 училници опремија со ТВ. Значи училиштата немаат пари за телевизор, а не па паметни табли кои според последната реформа на образованието на Царовска беа задолжителни.
6. Знам 2 случаи во 2 различни училишта каде наставниците им даваат на децата стари лектири, кои веќе не се во програма зашто библиотеките не се снабдени со новите лектири. Во училиштето на син ми 2 години секое дете донира по 1 лектира на библиотеката за да се направи фонд од кој ќе може да читаат идните генерации.
Значи со други зборови: ние немаме за леб, она бара кавијар! Срамота е да помисли и да пише такво нешто кога во државава дечиња мораат да одат во училишта каде крововите течат, ѕидовите се испукани и буквално немаат топка за фудбал, а она се жали зошто немало клима.