Фан Клуб: Барселона

Член од
7 август 2011
Мислења
1.087
Поени од реакции
2.251
Имаше едно интервју каде што збореше Рафиња дека размислувал да престане фудбал да игра поради се тоа што поминувал. Сепак нашол мотивација во син му и продолжил.(y)

Еден од ретките Бразилци со мозок знаејќи дека се така далеку познати по деструктивната природа што ја имаат.

Не ми се веруваше воопшто во животов дека ќе стигнам Рафиња да го гледам како прераснува во фудбалер вреден за прва постава.

За Ламин веќе се нема зборови, каков ебан фудбалер класа, техника и генијалност за носење таа топка и само една мирна асистенција.17 години.:cuc:
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.831
Поени од реакции
10.241
Само да се вратат здрави од таа мртвата интернационална пауза. Вака немаат изиграно од времето на МСН веројатно, 7 гола + 3 стативи + којзнае колку шанси. Флик ме изненадува, искрено за никаде беше играта на Германија додека беше селектор...сепак не е превара тренер.
 
Член од
27 септември 2009
Мислења
2.193
Поени од реакции
1.083
Мора да признаам дека секоја утакмица ја гледам по два пати, тоа не се е случило од кога замина Пеп.Милина за гледање е Барса после долги години.... Каква борбеност, пресинг и страст... Рафиња ѕвер. За Јамал не сакам да трошам зборови... Олмо се вклопи феноменално. За жал можностите беа лимитирани за трансфери , но битно се решија со отпадот... Очекувам враќање на правилото 1:1 до крајот на годината и дополнително засилувања уште на зима. Штета што Бернал се повреди, но кога ќе се вратат Де Јонг, Гави, Ансу, Араухо и Кристенсен ќе бидеме уште посилни. Ова е таа Барса која сите ја посакуваме, само нека продолжат во тој смер, и да имаме среќа со повредите, оваа екипа е спремна за могу. Браво за Флик во првите 4 натпревари, браво за сите играчи. Visca Barca
 
Последно уредено:
Член од
11 октомври 2017
Мислења
433
Поени од реакции
160
Па некако реално никој не Очекуваше ваков старт на Барселона,ваква борбеност уиграност,физичка спремност,а се гледа дека Флик полека ги придобива симпатиите од фановите со една добра голеада на домашен терен.Значи после циркузиве што ни ги презентира управава за преодниов рок од Дрим тимој со Нико Мерино па се сведе на Киеза за на крај да се Верува во 36-Годишниот Левандовски и дека Рафиња ќе проработи а на Ансу ќе го одбегнат повредите,засега Флик сконцентрирано со тоа што му е на располагање ја врши работата пробува да го извади максимумот од овај ростер и не измислува топла вода.Да се напомене добрата форма на Кунде и од натпревар во натпревар Рафиња се буди/проработува дали ова е некој почеток/некој интервар или ке продолжи во овај ритам ќе видиме-А ако продолжи во овај ритам барем зимава приоритет треба да биде ДМ и тоа малку поразличен профил некој Каземиро/Канте профил зошто таков во ростеров нема а клубот како знае и умее треба до Јануари да го потпише тој фамозен договор со Најк па клубот пак да се врати на 1:1
 
Член од
7 август 2011
Мислења
1.087
Поени од реакции
2.251
Имал Лапорта прес конференција денес и одговарал на многу прашања. Бидејќи за кур не ме бива со Твитер линкови за сите прашања да ги споделам ќе ги пуштам само овие изјави за дискусија.

1000053356.jpg

1000053357.jpg

1000053360.jpg

Лапорта ќе да е максимално фокусиран овде, се вртеа луди цифри летово за renewal bonus и плус годишно да бидат најплатен клуб на светот по сезона.

Кога истече договорот имав надеж дека конечно ќе ги сменат, за жал веќе имаат нов 10 годишен договор склучен што е легално заштитен во случај Барса да избега од сегашниов што допрва треба да се потпише, односно да се договори сумата од старт што ќе ја добијат и таа што ќе доаѓа секоја година.

Иначе Најк прекина соработка со Ливерпул, Лајпциг и Галатасарај. Ќе било од наредна сезона тоа некоја си фудбалска елитна шестка.

Елитнава кога ја гледам::ROFLMAO:

1000053361.jpg

Лапорта е веќе сигурен во нормалата. Гледајќи од мој аспект прашање на време е кога ќе се договорат. Се вртеа суми што Барса ги барала 120m renewal bonus и 100m по сезона, па демек 80 со 90 па зависност успеси по сезона.

После намалениов круг на Најк очигледно Лапорта сака да ги одере максимално и гледајќи кој се другите клубови овде...

Сума сумарум Барса со договоров ќе е конечно надвор од сите гомна. Лапорта ја одолговлекува гледајќи да зимаат огромни приходи долгорочно и да си обезбеди втор мандат.

Успат претседателски одјавен поздрав до пријателите од Мадрид.:icon_mrgr:

1000053359.jpg
 
Член од
27 септември 2009
Мислења
2.193
Поени од реакции
1.083
Мое резиме и први впечатоци околу Флик.

По воведните 4 натпревари можам да заклучам дека сосема добро ја отвори сезоната пред се со играчите што ги има на располагање. Иако е сеуште рано премногу за било какви детални коментари. Пред се не знам како ќе се носи со притисокот кога работите нема да се баш во наша корист. Но ,Ханси воведе директност, дисциплина, физичка спремност на максимум и убав фудбал. Јас се искрено надевам и со целото срце сакам да имаме големи успеси со него, факт е дека фалат барем 3 играчи за ростерот да биде комплетен и мислам дека на зима ќе се тргне барем по едно засилување и сум оптимист по денешното интервју на Лапорта. Ханси уште кога беше во Баерн и кога не демолираа, со фудбалот кој го негува ми остави впечаток на прав тренер кој би можел да биде за Барса. И сега го имаме.. Времето ќе покаже, но мислам дека конечно после долги години имаме врвен тренер.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
1.087
Поени од реакции
2.251
Флик е одличен професионалец и како аутсајдер не гледам како би подпаѓал на провокации од новинарите како Чави кога губел и победувал, тоа од старт му е огромниот плус. Се фокусира само на играта и дисциплината и после овие 4 кола се изразува.

Е ова е разликата. Со бате Чави ќе застаневме на 2:0, тука играме на 5 смена 10 крај.
Фудбал како фудбал таа отворена игра што ја практикува Флик ќе му се врати по глава од некој друг тим, само тогаш не би ми било криво да ги гледам како губат само знам дека лудаков во тој момент нема да дозволи да се откажат да напаѓаат.
Автоматски споено мислење:

Лапорта на прес конференцијата вчера:
Annotation 2024-09-04 165734.png

И после некое време го гледаш ова:
Annotation 2024-09-04 165612.png

Ако има вистина во ова ја би го задржал уште една година, он остана меѓу последните прави шпицови што заиграле фудбал. Со доаѓањето на Флик и тоа негово менаџирање него ова му доаѓа 11 од 10. Пензија гледа во сончевата Барселона на високо ниво во средина помеѓу adrenaline junkies што сакаат да вежбаат како него.:D

Ако во некој случај испадне вакво сценарио тогаш Де Јонг ќе нема избор и он да ја намали платата.
Веќе он има амортизирано договор еднаш и Барса веќе му има понудено да намали повторно од тие 37-38 што ги зима сега со плус 2 години договор.

Ја би сакал да остане, конечно дојде тренер што му ќе му ја пружи таа негова позиција а сите го имаме гледано различни позиции низ терен со различни тренери годиниве. Верувам дека под Флик ќе се види најдоброто од него само и он тегни повуци прави. Долго ги игнорира овие средби за продолжување договор и намалување плата а фудбалер од негов калибар може лагано да си обезбеди да речеме плус 3-4 години и да си ја амортизира платата повторно без да му бидат земени тие пари, ќе ги добива низ годините како идат.



пс. Излегоа конечно вторите дресови и навистина се перверзија.
Најскапите дресови ever и веќе sold out за скромни 114.99€ за обичната верзија а таа со име, број и остало за 184.99€.:pos:
Ако продолжат да газат и постигнат солиден успех сезонава тогаш @Del Boy брату немаш избор освен да земеш еден од Рафиња. :D

1725464904576.png
 
Последно уредено:
Член од
13 февруари 2019
Мислења
188
Поени од реакции
322
Дали некој знае како може да се набават карти за Звезда Барса?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom